Македонија
Царовска: Подготвени сме за нова учебна година по нова концепција и со потребните протоколи
МОН е подготвено за почнување на новата учебна година, но и за имплементација на реформските процеси од септември, велат од оваа институција.
„Образованието е од круцијално значење за државата, идентитетот, иднината во нашата држава, која се стреми кон европски стандарди и затоа вложуваме дневно во реформските процеси и секако безбедни услови за настава во време на пандемија, што не го гледаме од опозицијата, која продолжува со опструкциите“, рече министерката за образование и наука, Мила Царовска, одговарајќи на пратеничко прашање дали ќе има реформи од септември и како и кога ќе почне учебната година, поставено од пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.
„На почетокот на оваа година ја донесовме новата концепција за основно образование, во април беа донесени програмите. Учебниците или наставните материјали за прво одделение се исто така готови и се во печат исто така и за четврто одделение. Секако, со поддршка на сите меѓународни организации. Да не заборавам дека над 4.000 наставници поминаа обука за да може успешно да ја почнат учебната година од септември. Како никогаш до сега навремено се донесени сите календари за почнување на учебната година од први септември“, рече Царовска.
Министерката посочи дека со овие календари е предвидено почнувањето и завршувањето на учебната година, но поради тоа што се наоѓаме во ковид-пандемија, како што напомена, подготвени се три сценарија за наставата во учебната година што ни претстои.
„Сметаме дека најважно, односно најдобро сценарио е физичкото присуство, каде што сите ученици во согласност со распоредите ќе ја почнат наставата со физичко присуство. Доколку има драстична промена во епидемиолошката слика, тогаш би требало да го промениме сценариото со хибридна настава една недела во училиште, една онлајн и третото најмалку посакуваното сценарио е да поминеме најголем дел од наставата онлајн. Очекувам дека ако сите се придржуваат на мерките, како што имавме минатата година, почитување на протоколите со физичко присуство, дека ќе успееме и оваа учебна година да ја реализираме на тој начин. Дополнително, до денеска повеќе од 58 % од наставниците и соработниците во училиштата се веќе вакцинирани“, рече Царовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.