Македонија
Царовска: Родово одговорното буџетирање значи создавање еднакво општество
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, се обрати на регионалната Конференција за родово-одговорно буџетирање, која се одржува на 22-23 мај 2018 година во Скопје.
Царовска нагласи дека вклучувањето на родовата перспектива во политиките, стратешките планови и буџетите е еден од приоритетите. Притоа, сите кои се вклучени во буџетското планирање мора да бидат свесни дека населението не е хомогена група, а алоцираните средства треба да одговорат на потребите на сите граѓани.
,,Родово одговорното буџетирање не е прашање на борба помеѓу мажите и жените. Напротив, тоа е прашање со кое ние создаваме еднакво општество, во коешто ги распределуваме финансиските средства на поправеден начин. Родово одговорното буџетирање е алатка којашто итно треба да ја воведеме и во органските закони, но и во пракса. Нема да кажам дека тоа е лесно и едноставно или дека утре ќе се случи. Но сите заедно се заложивме од првиот ден и работиме тоа да стане реалност во нашата држава’’- изјави Царовска.
Министерката посочи дека со ОН жени сe дискутира и за потребата за регионален центар за споделување знаeња за родово одговорно буџетирање. Со оглед на посветеноста на македонската влада на родовите прашања, нашата земја би можела да го менаџира овој пат и на тој начин заеднички да ја развиваме економијата и човечкиот капацитет во регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.