Македонија
Царовска: Сите 27 деца од „Мајчин дом“ Битола се преселени во топол дом
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, заменик-претседателката на Влада, Радмила Шекеринска, и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, денеска посетија уште три од вкупно петте групни домови во кои се сместени деинституционализирани деца до 3-годишна возраст од Мајчин дом во Битола.
„Со отворањето на овие пет групни домови во Битола пред десетина дена, ниту едно дете до тр годишна возраст повеќе не живее во институциите во Северна Македонија, а ние како Министерство со своите партнери го започнавме процесот на целосна трансформација на ‘Мајчин дом’ и сите 27 деца се веќе преселени во објекти кои наликуваат на топол семеен дом. Со ова, покажавме дека кога нешто се работи со посветеност успешно завршува. Процесот на вадење на сите деца од институциите ќе го завршиме една година порано од предвидениот рок. Во 2017, кога го почнавме процесот, имавме 180 деца во институции. Сега ни останаа само уште 11 деца постари од три години и тие до крајот на годината ќе бидат згрижени во топол дом. Грижата за децата продолжува со многу поголема посветеност и љубов”, изјави министерката Царовска при денешната посета во Битола.
Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, истакна дека со процесот на трансформација еден дел од Домот ќе се пренамени во детска градинка со капацитет за 80 деца.
Домот во Битола не се затвора, се трансформира во давател на нови, современи социјални услуги. На почетокот од 2020 година ќе започне да функционира регионален Центар за поддршка на згрижувачките семејства, како и други услуги предвидени со Законот за социјална заштита.
Со последите 5 мали групни домови во Битола во Северна Македонија се отворени вкупно 17 групни домови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.