Македонија
(Видео) Четворица приведени на протестот пред Собранието
По завршувањето на се,дницата за уставни промени, од страна на полицијата беа приведени четворица учесници на протестите против уставните измени кои, неофицијално, се обиделе да ја прескокнат оградата и да се упатат кон Собранието.
По завршувањето на протестот, се обрати Драган Угриновски, еден од организаторите, кој рече дека ова за нив е успешен ден бидејќи не им дозволиле на пратениците да ги изгласаат уставните промени.
„Ова е успешен ден за Македонија, не им дозволивме да го изгласаат она што сакаа да изгласаат. И бидејќи не успеаја во намерата, сакаа да нè испровоцираат со полицијата“, рече Угриновски.
Од „Македонија блокира“ најавија нови протести против уставните промени за утре, кои ќе почнат во 12 часот. На протестите пред Собранието се приклучи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со пратениците од неговата партија.
Седницата за уставните промени продолжува утре во 13 часот кога ќе почне дискусијата за поднесените амандмани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Силјановска е продолжена рака на Мицкоски, оттука се навредите кон Пендаровски и Ковачевски
Силјановска е продолжена рака на Мицкоски, па оттука се навредите, коишто не штеди да ги упати кон Пендаровски и Ковачевски, велат од СДСМ.
„Ниските напади за мизогинија, личните дискредитации, навредите за интелектуални капацитети, со кои не може да се гордее ниту еден политичар, само потврдуваат дека кај Силјановска, Мицоски и ДПМНЕ расте паниката од пораз на изборите, најавен уште кога не успеаја да соберат доволно потписи за поднесување на кандидатурата на Силјановска за претседател“, додаваат од СДСМ.
Како што посочуваат оттаму, Силјановска и Мицкоски немаат што да кажат за програма, план и визија за иднината на државата и на граѓаните, па затоа упатуваат навреди кон Пендаровски и Ковачевски.
„Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани, која на граѓаните може да им понуди враќање во минатото и изолација. Граѓаните сакаат напред, сакаат да живеат во европска Македонија, затоа на изборите ќе го дадат својот глас за европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски“, завршуваат од СДСМ.
Скопје
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф – 150 мм на улицата Ристо Равановски бр.12, без вода ќе останат корисниците од улиците Ристо Равановски и Атинска во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Сервисни информации
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд
Времето денеска, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 38 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 25 степени.
Од среда до почетокот на следната седмица подрачјето на нашава земја ќе биде под влијание на серија на влажни бранови кои што ќе предизвикаат времето да е променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
Во среда и четврток ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме. Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка.
Врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 л/м2 за краток период.