Контакт

Бегството на Груевски

Шекеринска: На министерот за одбрана не му е задача да знае каде побегнал Груевски

Објавено пред

Заменик-претседателката во Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, на прес-конференцијата за седницата на Комитетот за НАТО, на барање на новинарите, одговори на повеќе прашања поврзани со потрагата по поранешниот премиер Никола Груевски, кој требаше да се јави на отслужување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“.

dobivaj vesti na viber

Дали и Вие исто како премиерот верувате дека Никола Груевски не избегал, бидејќи така ветил? Дали некој во Владата ќе сноси одговорност ако се покаже дека Никола Груевски избегал и дека го нема? Што бараше возило на воена полиција пред влезот на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ синоќа?

Шекеринска: Еве ќе почнам со првите две прашања заедно. Во изминатиов период ние многу инвестиравме да покажеме дека МВР не е веќе ВМРО. Но, моравме да покажеме дека МВР не е ни СДСМ. И тоа го покажавме. Во оваа држава точно се знае кога Министерството за внатрешни работи може да се активира. Во тој момент кога ќе добие налог од надлежен суд. Сè друго би било истото МВР-ВМРО само во друго пакување.

Факт е дека целата јавност очекува, како што претходно очекуваше, судски пресуди, сега очекува одговорност. И навистина ќе се постави прашањето како лесно одредени судски инстанции одлучуваат за притвори за многу поситни дела, а како по прашањето на бомбите и по прашањето на одговорност за сите овие долги злоупотреби, тешко се одлучуваа за притвор.

Не можеме ние како влада да се мешаме во судската власт. Не можеме да го земеме ниту нивниот дел од одговорноста, ниту нивниот дел од задачите. Со право ќе бевме критикувани ако МВР  реагираше пред да има официјален налог. А сега судството треба да истражи зошто за овие случаи, велам, толку тешко применуваат притвор, а веќе им избегаа одредени луѓе и зошто требаше, ако не се лажам четири дена, за налогот од суд  да стигне во МВР? Но, нема да ги решаваме проблемите ако Владата стане и обвинителство и судство и извршна власт. Тоа ќе биде нов проблем само со ново име. Или со нов печат.

Во поглед на воената полиција и присуството на возилото во близина на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ се работи за коинциденција. Вчера во посета ни беше еден генерал на земја членка на НАТО којшто бил сместен во „Бест-Вестерн“ и при враќање на делегацијата назад во еден момент поминале пред седиштето на партијата, но тоа се случило пред да почне која било од операциите. Поради тоа што пристапот кон хотелот во којшто биле единствено е од таа страна, не можете да донесете делегација од страна на улица Македонија, туку морате од задната страна.

Јас нема да се потпрам исклучиво на овие усни информации, ќе побарам и писмена информација. Меѓутоа, тоа што го добив до овој момент како информација е дека се работи практично за грешка при влезот, заради тоа што знаете дека е отежнат влезот во овој хотел.

На ниту еден начин воената полиција, ниту треба, ниту смеела да биде вклучена, меѓутоа информацијата за вчерашните настани на никој не му била позната, инаку најверојатно и ние немаше да сместиме делегација во хотел што се наоѓа блиску до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа само покажува дека навистина се трудиме владата да е влада, а не да е, како што реков, ни судство ни обвинителство, ниту, пак, да се меша во работата на полицијата.

Министерке, Вие и министерот Спасовски вината ја префрлате во судството, но и вие како Влада бевте одговорни за да ги спроведете реформите. Како во НАТО и ЕУ со ваков безбедносен систем? Не можете човек што е обвинет во 10 случаи, човек што има пресуда, да го најдете, а зборувате за реформи во безбедносниот систем?

Шекеринска: Ако безбедносниот систем ни функционираше како што треба, денеска немаше да зборуваме за реформи, ќе зборувавме за безбедносен систем што ги задоволува сите стандарди. Работиме на тоа, меѓутоа нема да го подобриме на тој начин што ние ќе си ја преземеме во свои раце палката да бидеме судство или обвинителство. На крај ќе завршиме така како што заврши овој којшто бега сега од правдата.

Инаку, мислам дека политички ова бегање од правдата покажува дека ни на старите, ни на новите зборови на Груевски никој не треба да верува. Меѓутоа, факт е дека ова прашање треба да го решиме во рамките на нашиот систем. Сè друго е политика. Политички зборувано, ова само ја потврдува неговата одлука да бега од македонската правда затоа што знае дека згрешил, затоа што го прекршил законот, затоа што знае дека има и други предмети во коишто одговорноста е негова, меѓутоа сега се согласувам, одговорност е на оваа држава и на сите нејзини институции да не дозволиме ова да стане нормално.

Вие имате пристап до информации, дали знаете или не каде е Груевски?

Шекеринска: Ова што го имплицирате би значело прекршување на сите правила, уставни ограничувања и законски ограничувања. Задача на министер за одбрана не е да знае каде бегал премиерот во којшто, за жал, многу луѓе од опозицијата се колнат.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вчера ја обвини Владата дека не е точно дека не знае каде е Груевски. Дали навистина не знаете каде е Груевски?

Шекеринска: Доколку Мицковски, којшто се претвори во последните месеци во единствен бранител на Груевски, знае каде е тој, еве јас лично и од позиција на функцијата што ја имам го повикувам тоа да го соопшти. Зошто сметате дека некој во Владата би сакал да ја скрие таа информација?

Овие три години страдавме не само ние, многу граѓани на Македонија, одевме по улици, жртвуваме многу за да се покаже дека системот бил комплетно растурен. Тоа го покажавме. Многу луѓе се сомневаа дали вакви обвиненија ќе се поднесат против првите луѓе, особено против Груевски. Потоа многу луѓе се сомневаа дали судството ќе донесе одлука против поранешен премиер, со многу контакти, со многу врски, со многу меѓусебно зависни односи со судството. Таква одлука се донесе.

И верувам дека сомнежот повторно е висок, но оваа држава покажа дека знае еден по еден да ги решава проблемите.Јас сметам дека навистина треба да дадеме шанса на сите институции да си го завршат својот дел од обврските. А Мицковски ако барем малку сака да ѝ помогне на Македонија, нека излезе и нека каже зошто сиве овие месеци и фактички и практично и во позадина го штитеше Груевски. Зошто правеше сè само да ја добие неговата слобода. Ако сега има информација каде е, зошто таа ја премолчува пред јавноста, пред вас, пред сите граѓани на Република Македонија.

Апсолутно отфрлам каква било шанса некој да знае, а тоа да не го направи. Ние барем сме последните коишто би имале интерес тоа да го направиме. Сè направивме за да носат одговорност тие коишто ја доведоа државата во ваква ситуација. Немаме намера сега да ги спасуваме, не им должиме ништо, но ѝ должиме на Македонија да се види дека секој е еднаков пред правдата. Нашиот повик до судството не е повик на притисок, туку е повик сите да си понесеме свој дел од одговорноста, тоа значи дека кога се најавуваат бегања, или кога ни се случуваат бегства да се води сметка и да не се калкулира ниту со термините на испраќање на налозите, меѓутоа ниту со притворите.

За многу поситни дела многу лесно некои судии носеа одлуки за притвор, а сега за многу сериозни дела таквите одлуки отсуствуваа. Повик е никогаш да не ни се случи вакво нешто затоа што одговорноста не е колективна, одговорноста е на тие судии што така постапиле.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бегството на Груевски

Груевски: Барањето на криминалната и рекетарска Влада за моја екстрадиција е одбиено

Објавено пред

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија, се огласи на социјалните мрежи по судското рочиште пред тамошниот суд, кој одби негова екстрадиција во земјата.

dobivaj vesti na viber

„Спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска Влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција“, напиша Груевски.

Тој го повтори ставот на судот, кој одби да го екстрадира во Македонија, каде што треба да ја издржи двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО.

Министерството за правда побара и негова екстрадиција бидејќи е еден од осомничените организатори за упадот во Собранието на 27 април.

„Денеска, спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција. Судот го разгледа барањето за екстрадиција и одлучи да не го прифати“, гласи објавата на експремиерот.

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

Унгарија нема да го испорача Груевски, условите за екстрадиција не се валидни

Објавено пред

Експремиерот и азилант Никола Груевски нема да биде екстрадиран од Унгарија, одлучи тамошниот суд на денешното рочиште. Груевски ќе биде пуштен на слобода. Рочиштето е во тек и се образложува одлуката која е донесена.

dobivaj vesti na viber

„Условите за екстрадиција не се валидни“, рече судијката.

Утрово, судот издаде наредба за приведување на Груевски, кој беше спроведен до судницата со две лица, кои, најверојатно, се дел од безбедносните служби на Унгарија. Груевски бил приведен во т.н. 11. област во Будимпешта.

Рочиштето е затворено за медиумите, но одлуката е јавно соопштена.

Минситерството за правда бара екстрадиција за Груевски за тој да ја издржи двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“ на СЈО, но и за организација на крвавите инциденти во Собранието на 27 април.

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

Груевски приведен во Будимпешта, судот одлучува за екстрадицијата

Објавено пред

Судот во Унгарија одлучува за екстрадицијата на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој избега во Будимпешта во ноември минатата година.

dobivaj vesti na viber

Рочиштето е затворено за јавноста, а деталите ќе се знаат по завршувањето.

Македонија бараше екстрадиција за издржување на двегодишната затворска казна за набавката на „мерцедесот“ во случајот на СЈО, „Тенк“, и за настаните што се случија во Собранието на 27 април 2017 година за што е осомничен дека бил организатор.

Груевски е приведен изутринава во Будимпешта по барање на судот.

Експремиерот доби политички азил во Унгарија кога беше осуден на двегодишна затворска казна за набавката на „мерцедесот“, а е обвинет и во други случаи на СЈО.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија12 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија14 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија15 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија16 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија17 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ18 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија18 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија19 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија22 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет22 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет22 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија22 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион22 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет23 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет23 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија2 дена

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија2 дена

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија2 дена

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија2 дена

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...