Македонија
Шекеринска: Романија е активен поддржувач на Северна Македонија за почеток на преговорите со ЕУ
Романија е активен поддржувач на Северна Македонија за почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија, беше потврдено на денешните средби на вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, со романската премиерка Виорика Данчила и со министерот за национална одбрана, Габриел Бенјамин Леш, во Букурешт, соопшти Министерството за одбрана.
„Северна Македонија со право очекува следната недела да го добие долгоочекуваниот датум за почеток на пристапните преговори со Унијата не затоа што сакаме подароци, туку зашто тоа го заслуживме. Единствениот начин мојата земја да биде модерна, европска демократија е нашиот фокус да биде иднината и просперитетот на нашите граѓани“, рекла министерката Шекеринска.
Премиерката Виорика Данчила рекла дека Романија активно го поддржува европскиот пат на земјата.Таа понудила помош при отворањето на поглавјата во преговорите со Европската Унија и рекла дека отворањето на преговорите ќе биде позитивен импулс за целиот регион.
На средбата со својот романски колега Габриел Бенјамин Леш, Шекеринска рекла дека двете земји имаат искрен интерес одбранбената соработка да се продлабочи уште повеќе. За 2019 година споменала дека се планирани 16 заеднички активности, кои се реализираат навремено, а планот за 2020 година е во завршна фаза на усогласување. Овој план вклучува соработка во военото образование, стручно-специјалистичката обука и експертските разговори во доменот на одбраната.
Министерот за национална одбрана, Леш, порачал дека Романија секогаш ќе ѝ биде доверлив пријател и сојузник на Северна Македонија.
„Фактот дека ќе бидеме 30 сојузници во рамките на НАТО, ќе ја направи алијансата посилна, а со сигурност ќе придонесе за подобрување на безбедносното опкружување на Балканот“, рекол министерот Леш.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата
Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов по првиот круг од претседателските избори.
„Затоа е потребна општа мобилизација за уште посилна победа на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните ги отпишаа СДСМ, да запнеме сите заедно да ги отпишеме и ДУИ. Овојпат ДУИ мора да падне! Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата!“, порача Анеглов.
Ангелов пред еден месец соопшти дека неговата партија излегува од коалицијата предводена од СДСМ.
Тој со години се залагаше воените инвалиди и семејства на загинатите бранители да бидат обештетени, но немаше слух од своите коалициони партнери. Како што самиот рече, добивал поддршка од премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но поради противењето на ДУИ тоа не се случило.
Македонија
Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи
Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските избори освои само 8.103 гласа, односно 0,90 %. Тоа е помалку од бројот на собрани потписи за претседателската кандидатура зад која му се потпишаа 10.000 граѓани.
Јакимовски во неговата општина освои 2.143 гласа, а во родната Крива Паланка за Јакимовски гласале 182 граѓани.
Тој вчеравечер призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Силјановска-Давкова. Додаде дека не е задоволен од изборниот резултат.
Поразот на Јакимовски вчера беше главна тема на социјалните мрежи.
Стевчо Јакимовски ни комшиите не го гласале. Пошо да го гласаа ќе тепаше у прв круг.
— Ракун (@HumoroidM) April 24, 2024
Стевчо има повеќе квадрати во една општина свои отколку гласови
— БУГАРСКИ ПАСОШ🇲🇰 (@NemamBgPasos) April 24, 2024
И доктортот Нико Беќаровски за него објави хумористичен статус.
„Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“, напиша тој на „Фејсбук“.
Стевчо Јакимовски во првиот круг заврши последен по бројот на гласови на претседателските избори.
Македонија
Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро
На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.
Тој соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, а беше познат и како крал на местенките во фудбалот.
Соработуваше со големи музички ѕвезди, како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгоевиќ, „Бјело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена.
Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и многубројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.