Македонија
Шилегов: Оваа пролет ќе бидат засадени 1.200 дрвја во сите скопски општини
На првиот ден на пролетта екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ симболично засадија 10 декоративни садници од видовите – туја розенталис и ацер и 1.200 цвеќиња од видот виола – темјанушка во дворот на ОУ „Мирче Ацев“, во општината Ѓорче Петров.
На акцијата за засадување дрвја присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов, градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча, и голем број ученици од ова основно училиште.
„Во тек е редовното пролетно уредување на јавните зелени површини во градот. Оваа пролет е предвидено да се засадат повеќе од 1.200 повеќегодишни висококвалитетни листопадни и зимзелени садници во сите скопски општини. Работиме и на обновување на средишното булеварско зеленило. Градот од оваа пролет ќе биде побогат и за неколку нови паркови, чие оформување е во тек“, рече денеска градоначалникот Шилегов.
Деновиве се работи на уредување на новиот парк „Ибни Пајко“ зад зградата на Филхармонијата, на обнова на зелените површини во Центар и во Карпош на булеварот Партизански одреди, на парковите на булеварот Февруарски поход и булеварот Србија во Аеродром, на булеварот Борис Трајковски во Кисела Вода, на улицата Втора македонска бригада во Чаир, како и на паркот во близина на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“.
Градоначалникот додаде дека зазеленувањето останува на врвот на приоритетите на Град Скопје и дека со враќањето на зеленилото во градот се подобрува животната средина и квалитетот на воздухот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ
Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).
Меџити од овој собир на дијаспората и се обрати со зборови каде им ја даде убавата вест дека на 8 мај пристигнува победата, но и за вредноста на учеството на дијаспората во овие избори кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои го мразат Курти и Косово.
„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротиставува на Косово и кокетира со Вучиќ”.
Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување.
Македонија
Во Скопје санкционирани 179 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.
Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.