Македонија
(Видео) Ќе се гради пругата кон Бугарија
Новиот министер за транспорт и врски, Благој Бочварски, најави изградба на пруга на Коридорот 8, односно пругата до Бугарија.
Тој на својата прва прес-конференција како министер изјави дека изградбата на патната и железничката инфраструктура се исклучително важни за државата.
„Во овој сектор не смее да има никакви импровизации“, нагласи Бочварски.
Меѓу другото, Бочварски најави доизградба на автопатот Кичево – Охрид.
„Инвестициите во инфраструктурата ги реализираме преку изградба и рехабилитација на над 250 километри автопатска мрежа, изградба на 300 километри експресни патишта, над 1.000 километри рехабилитација на регионални патишта и само преку Министерстото за транспорт рехабилитација на повеќе од 450 километри локални патишта“, рече Бочварски.
Toj најави и изградба на над 700 социјални станови, нови авиолини и доизградба на автопатот Скопје – Блаце.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.