Македонија
Ќе се разгледува барањето за забрана за чување свињи во селските домаќинства
Да се најде законско решение за воведување забрана за чување свињи на одгледувалишта кои немаат воспоставено соодветни биосигурносни мерки со цел спречување на појава и ширење болести кај животните, вклучително и на африканската свинска чума, за која алармот за опасност од појава и на институциите и на одгледувачите е дигнат на највисоко ниво.
Ова на вчерашниот состанок со директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов, го побараа претставниците на Здружението на производители на свињи и свинско месо „Гицко“, кои со цел намалување на ризикот од појава на болеста африканска свинска чума, која е веќе присутна во некои од соседните земји, упатија и барање за изнаоѓање модел со кој ќе им се овозможи да извршат организиран откуп на свињи кои се одгледуваат во селските домаќинства по пазарна цена, без оглед на категоријата и килажата на животните, за што изразија и подготвеност. Месото од откупените свињи, како што истакнаа на состанокот, ќе го понудат за преработка на домашната месна индустрија.
Со цел елиминирање на секаква можност од појава и ширење на болеста африканска свинска чума, како што рече Атанасов, сериозно ќе биде разгледано барањето на здружението за воведување мерка – забрана за одгледување свињи во селските домаќинства за сопствени потреби од причина што во услови на сериозна епизоотиолошка состојба во соседството и реална опасност од пренесување и ширење на болеста, сега не е време за ваков начин на одгледување свињи.
„Согласно член 57 став 1 и членот 110, став 1 точка 5 од Законот за ветеринарно здравство одгледувачите на свињи кои не ги спровеле обврските од Годишната наредба за здравствена заштита на животните, односно не воспоставиле биосигурносни мерки на фармите, ќе се соочат со предвидената санкциона мерка да не им биде исплатена отштета за убиените животни при спроведувањето на мерките за искоренување на болеста. Затоа и сегашната кампања на АХВ е насочена кон подигнување на биосигурносните мерки на одгледувалиштата“, истакна директорот Атанасов.
На состанокот беше презентирана состојбата во секторот свињарство во нашата земја, со акцент на бројната состојба на фармите каде се одгледуваат свињи и степенот на имплементираност на биосигурносните мерки, како една од основите за спречување на појава и ширење на болеста африканска свинска чума. Како што беше речено, согласно пописот на свињарските фарми кој во март годинава го спроведе Агенцијата за храна и ветеринарство, во земјава се евидентирани 2.315 одгледувалишта на овој вид добиток со вкупно 125 илјади свињи. Најголемиот дел или 42 проценти од свињите се одгледуваат во Вардарскиот, 21 процент во Источниот Регион од земјава, додека помал број на одгледувалишта и единки се евидентирани во другите региони. Околу 95 илјади гоеници се одгледуваат во 27 комерцијални фарми кои имаат над 500 свињи, а 2.315 фарми се со помал капацитет и во нив се одгледуваат под 100 грла свињи. Околу 12 илјади свињи се одгледуваат во 78 одгледувалишта.
Како најголема опасност од појава и ширење на болеста африканска свинска чума, покрај дивите свињи, големите одгледувачи ги посочија селските домаќинства, но и неевидентираните одгледувачи кои имаат по неколку единки, претежно наменети за сопствена употреба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и Скопје 2014, велат од СДСМ
Ништо не е променето во ДПМНЕ, оценуваат од владејачката СДСМ.
„На митинзите на ДПМНЕ и Силјановска е истата кореографија од времето кога се носеа Хунзи и кога им се правеше пречек на скопскиот аеродром, а граѓаните Македонци се претставуваа како нивни големи наследници.
Тоа е истото време на грабежот од Скопје 2014 и историскиот инженеринг на ДПМНЕ“, додаваат од СДСМ.
Според нив, ДПМНЕ е истата режимска партија.
Со ДПМНЕ, како што велат, е можно само враќање назад во изолација и режим, во темното минато на недемократските процеси и далеку од ЕУ.
Македонија
Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање на национално единство, и запирање на сите напади кон Левица и ЗНАМ, државата е одземена од народот
„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО и континуитетот на кој се повикуваме како идеја и организација која ја славиме и која е нераскинлив дел од македонското национално движење и можеби најзначајна за македонскиот национален идентитет, туку истовремено и поради обврската и одговорноста која и вториот дел од името ја носи со себе. Долго време таа обврска и одговорност како да се одбегнуваше, некогаш занемаруваше, некогаш впрочем и попусти беа обидите да се оствари, но обиди иако неуспешни имало“, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг во Охрид.
Тој нотираше дека сака да успее во тоа, да создаде македонско национално единство.
„Мојата прва иницијатива за обезбедување на македонско национално единство ќе ја започнам со тоа што сакам да обзнанам мораториум и запирање на сите напади кон партите Левица и ЗНАМ. Ова го чувствувам како потреба на македонскиот народ, но и како моја обврска да пробам да ја реализирам идејата за национално единство во моменти кога тоа и е најпотребно на државата, во моменти кога државата е одземена од народот и во рацете на неколкумина корумпирани политичари од ДУИ со неколкумина корумпирани политичари од СДСМ кои се седнати во скут кај овие од ДУИ“, рече Мицкоскит.
ПИстакна дека Македонија мора да се обединува по сите основи, за тоа да се случи мора да се почне од некаде, и нема подобар период од тоа, тој процес да започне токму сега.
„Ќе има во иднина моменти кога националното единство ќе е неопходно, исто како што ќе има моменти кога ќе се прејде на едно граѓанско единство без разлика на етничката припадност, затоа што ова, е земја на сите граѓани кои живеат во нејзе и сите ние граѓаните од различни етнички заедници сме нераскинлив дел и столб на оваа држава и на нејзината иднина“, заклучи тој.
Неговата порака е дека нема откажување од граѓаните, нема откажување од единството помеѓу сите, затоа што само така заедно сложни со силата и капацитетот на сите, сме иднината на ова земја, порача Мицкоски.
Македонија
Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите за 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра
Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел од листата на Социјалдемократскиот сојуз и Коалицијата за европска иднина.
Маричиќ јавно се обврза дека како член на наредната Влада што ќе ја предводи СДСМ ќе продолжи да работи за пензионерите да имаат убав и достоинствен живот.
„Оваа Влада ги покачи пензиите за 50% и ветуваме дека во наредниот мандат ќе биде просечна пензија од 500 евра. Исто така се обврзуваме на зимски регрес од 3000 до 6000 денари за секој пензионер, а најмногу ќе добиваат оние со најниски пензии. Исто така ветуваме енергетски пакет од 1500 денари месечно во текот на грејната сезона за оние пензионери на кои најмногу им треба“, вети Маричиќ.
Тој нагласи дека пензионерите тоа го заслужуваат.
„Без вашата генерација и без влогот кој што го дадовте немаше да имаме држава. Токму затоа сме дожни и обрзани да работиме пензионерите да имаат мирни и спокојни пензионерски денови и мирно да ги гледаат своите деца и внуци како растат. А како растат внуците така нека растат и пензиите“, нагласи Маричиќ на средбата со тетка Верица и пензионерите од Карпош.
Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, порача дека тој, СДСМ и Коалицијата за европска иднина „не се откажуваат од подобриот животен стандард за спокоен живот за пензионерите“.