Македонија
Џафери се сретна со претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Церетели
Во рамките на четвртиот состанок на претседателите на парламентите на земјите од Евроазија на тема: „Голема Евроазија: Дијалог. Доверба. Партнерство“, што се одржува на 23 и 24 септември 2019 година во Нур-Султан, Република Казахстан, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, оствари средба со претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Георге Церетели. На средбата присуствуваа Енес Ибрахим, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, и Паскал Ализар, потпретседател на ПС на ОБСЕ и сенатор од Франција.
На средбата стана збор за продлабочување на успешната соработка меѓу Собранието на Република Северна Македонија и ова Парламентарно собрание, кое е единствена парламентарна организација во структурата на ОБСЕ и има улога на витална врска меѓу владиниот дел на ОБСЕ и претставниците директно избрани од граѓаните.
Претседателот Џафери нагласи дека во Република Северна Македонија високо се цени улогата на ОБСЕ во развојот на демократските процеси во земјата, а особено активностите на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, која тесно соработува со Собранието со цел зајакнување на парламентарната независност, надзорната функција и демократската улога, како и унапредувањето на родовата еднаквост. Тој се осврна на перспективите на евроинтеграциските процеси на Северна Македонија и спроведувањето темелни реформи во многу стратешки области во кои Собранието на Република Северна Македонија одигра клучна улога.
Претседателот на ПС на ОБСЕ, Церетели, упати честитки за храбрите одлуки и реформите што ги спроведе Република Северна Македонија и истакна дека многу држави во земјата гледаат позитивен пример за успешно разрешување на конфликтите во согласност со принципите на Хелсиншкиот финален акт на ОБСЕ. Тој оцени дека членството на нашата земја во НАТО и почетокот на пристапните преговори со ЕУ ќе придонесат за севкупната стабилност и просперитет на државата и регионот. Претседателот Церетели информира за активностите на Парламентарното собрание на ОБСЕ и оцени дека сите земји учеснички во ОБСЕ треба да работат на исполнувањето на заложбите на Организацијата, при што ја истакна улогата на парламентарците на овој план. Церетели се осврна на разните механизми на ПС на ОБСЕ и на улогата на специјалните претставници најавувајќи дека специјалниот пратеник за Југоисточна Европа, Марк Причард, најбргу што може ќе оствари посета на Република Северна Македонија.
На средбата стана збор и за активностите на Парламентарното собрание на ОБСЕ и на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на изборните циклуси во Република Северна Македонија, при што беше изразена подготвеност за целосно спроведување на препораките за подобрување на изборните процедури.
На крајот на средбата претседателите Џафери и Церетели се согласија дека плодната соработка меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Парламентарното собрание на ОБСЕ треба да продолжи и во иднина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата
Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов по првиот круг од претседателските избори.
„Затоа е потребна општа мобилизација за уште посилна победа на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните ги отпишаа СДСМ, да запнеме сите заедно да ги отпишеме и ДУИ. Овојпат ДУИ мора да падне! Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата!“, порача Анеглов.
Ангелов пред еден месец соопшти дека неговата партија излегува од коалицијата предводена од СДСМ.
Тој со години се залагаше воените инвалиди и семејства на загинатите бранители да бидат обештетени, но немаше слух од своите коалициони партнери. Како што самиот рече, добивал поддршка од премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но поради противењето на ДУИ тоа не се случило.
Македонија
Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи
Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските избори освои само 8.103 гласа, односно 0,90 %. Тоа е помалку од бројот на собрани потписи за претседателската кандидатура зад која му се потпишаа 10.000 граѓани.
Јакимовски во неговата општина освои 2.143 гласа, а во родната Крива Паланка за Јакимовски гласале 182 граѓани.
Тој вчеравечер призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Силјановска-Давкова. Додаде дека не е задоволен од изборниот резултат.
Поразот на Јакимовски вчера беше главна тема на социјалните мрежи.
Стевчо Јакимовски ни комшиите не го гласале. Пошо да го гласаа ќе тепаше у прв круг.
— Ракун (@HumoroidM) April 24, 2024
Стевчо има повеќе квадрати во една општина свои отколку гласови
— БУГАРСКИ ПАСОШ🇲🇰 (@NemamBgPasos) April 24, 2024
И доктортот Нико Беќаровски за него објави хумористичен статус.
„Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“, напиша тој на „Фејсбук“.
Стевчо Јакимовски во првиот круг заврши последен по бројот на гласови на претседателските избори.
Македонија
Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро
На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.
Тој соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, а беше познат и како крал на местенките во фудбалот.
Соработуваше со големи музички ѕвезди, како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгоевиќ, „Бјело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена.
Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и многубројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.