Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Активисти на СДСМ учествуваат во штрајкот на стечајците

Објавено пред

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини опозициската СДСМ дека со своја логистика учествувала во денешниот протест на стечајците.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини опозициската СДСМ дека со своја логистика учествувала во денешниот протест на стечајците.

Според партијата на Никола Груевски, покрај малата бројка на реално загрозени стечајци, поголемиот дел од присутните на протестот се членови на СДСМ кои добиле задача да присуствуваат на овој протест.

Од ВМРО запрашаа дали градоначалниците на Куманово, Охрид и Карпош  платиле автобуси за да ги донесат своите активисти на денешниот протест пред Владата.

На  денешната прес конференција, од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека е крајно подло и неморално тоа што СДСМ на грбот и маката на овие луѓе сака да искористи некои ситни политички поени.

Оттаму потсетија дека во времето на СДСМ биле затворени повеќе од 154 фирми и фабрики, а проневерени биле над 600 милиони евра/крај/со



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Засаден нов дрворед со 300 дрвја на булеварот АСНОМ

Објавено пред

Во Аеродром, на булеварот АСНОМ, се засадија 300 нови листопадни и зимзелни дрвја, кои веќе напролет ќе развијат убави крошни, чии сенки ќе придонесат за намалување на температурата во жешките месеци и овозможување попријатни услови за прошетки во овој дел на Скопје.

„Со овој дрворед ги потврдуваме новите стандарди на квалитет што го воведовме во текот на изминативе три години во нашиот град. Овде на булеварот АСНОМ се засадени 300 висококвалитетни дрвја. Непосредно зад дрворедот на листопадните дрвја можете да ги видите дрвјата што претходно биле засадувани од моите претходници, кои сè уште се со послаб квалитет и во големина и во развојот на крошната од оние што ние изминатава недела ги засадивме, и токму тоа се стандардите за кои јас денес зборувам. Овде имаме типични примери во општина Аеродром, во непосредна близина го имаме булеварот Србија, кој нема тротоар од едната страна, а од другата страна лани ја изградивме велосипедската патека, го имате во Лисиче булеварот Трета македонска бригада, каде што поради лошото планирање, еден сервис за миење автомобили ни стоеше околу четири или пет години на трасата и сега еве го булеварот АСНОМ“, рече градоначалникот Петре Шилегов на прес-конференцијата.

Тој додаде дека булеварот АСНОМ е модерно булеварско решение со три коловозни ленти во секоја насока, тротоари и велосипедски патеки, средишно и странично зеленило со прекрасни дрвореди од двете страни, урбана опрема со клупи и корпи за отпадоци и соодветно осветление. Шилегов изрази уверување дека граѓаните забележуваат дека сите нови булевари Град Скопје ги гради во согласност со овие стандарди, а и не само новите, туку по овие стандарди се преуредуваат и постојните на местата каде што тоа го дозволуваат просторните услови.

„Засадуваме висококвалитетни садници кои веднаш влегуваат во екоситемот на нашиот град, толку потребно за прочистување на воздухот како дел од секојдневната посветеност и моја, на градските претпријатија и на градската администрацијата. Тоа се стандардите што јас како градоначалник на овој град ги воведувам и ги охрабрувам и сите градоначалници да ги следат овие стандарди при изградбата на инфраструктурите објекти“, нагласи Шилегов.

На засадувањето на садниците од двете страни на булеварот АСНОМ присуствуваа и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Адријан Муча.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Арсовски: Заев да каже што ѝ предложил на Бугарија и дали повторно ќе им забие нож во грбот на граѓаните

Објавено пред

Зоран Заев е човекот шот ја обезличи Република Македонија и го обесчести македонскиот народ, единствено за свои лични интереси, рече на денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Наместо да молчи и да се однесува како кукавица, со што ќе се обиде повторно да им забие нож во грбот на граѓаните и да ги обезличи уште повеќе, нека се охрабри и нека говори јавно за целиот проблем, начинот и текот на преговарање со источниот сосед“, повика партискиот портпарол.

Како што рече Арсовски, од коалициски партнер на СДСМ јавноста дознала дека Владата на Зоран Заев дала понуда до бугарската страна за деблокирање на интеграциите.

„Сакаме да прашаме, а Заев мора веднаш да одговори, што содржи таа понуда што ја дала Владата на Заев до бугарската страна? Од што се откажува Зоран Заев и каква штета трпат граѓаните и државата поради неговата понуда за нов договор и деблокирање на интеграциите? Што сè има понудено Зоран Заев во таа нова понуда?“, запраша претставникот на опозициската партија и додаде дека постојат информации оти Заев има ветувано и други концесии кон бугарската страна.

„Во прашање се сериозни бизнис-ветувања од Зоран Заев кон бугарската страна, поголем пакет кој вклучува сериозен приватен и државен капитал, кој требало да биде продаден на бугарски фирми и бугарски бизнисмени. Тука би набројале една поголема банка, државниот удел на Република Македонија во ‘Телеком’, што ќе значи и целосно приватизирање, железнички транспорт, ТЕЦ ‘Неготино’, земјоделско земјиште, кое наводно и веќе било капарисано од одредени луѓе што треба да стане градежно, и уште многу други работи“, нагласи Арсовски и порача дека во моментот потребна е влада на национален спас, и тоа уште веднаш.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дефект во трафостаница на МЕПСО предизвика прекин на струјата во половина Скопје

Објавено пред

Неколку скопски населби денес околу пладне останаа без струја. Од ЕВН објаснуваат дека дефектот е во трафостаница на МЕПСО, од каде што добиле струја со висок напон, поради што снабдувањето автоматски било прекинато за да не се случи оштетување на мрежата. Снема струја во делови од Центар, Капиштец, Тафталиџе, Козле и од Ѓорче Петров.

„Од МЕПСО добивме струја со повисок напон и се вклучи заштитата поради што беше блокирано снабдувањето со струја. Технички не е можно во мрежата на ЕВН да се извшри прием на струја со повисок напон. Во нашата мрежа нема дефект, но струја нема оти чекаме да се стабилизира напонот на струјата што ја добиваме од МЕПСО“, објасни Ленче Карпузовска, менаџер на одделот за маркетинг и комуникации во ЕВН.

Одредени делови, во кои снема струја, веќе се приклучени на системот. Од ЕВН уверуваат дека како ќе паѓа напонот на струјата што ја добиваат од МЕПСО, така корисниците повторно се поврзуваат. Во некои населби прекинот траел 15 минути, а други сè уште чекаат да им дојде струја.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 минути

Во Шведска стапи во сила ограничувањето на јавни собири на најмногу осум луѓе

Во Шведска стапува во сила ограничувањето на јавните собири на најмногу осум лица како мерка во обид да се запре...

Свет4 часа

СЗО: Бројот на потенцијални вакцини против коронаворусот се зголеми од 11 на 48

Десетици компании – од стартап до фармацевтски гиганти – се натпреваруваат за производство на безбедна и ефективна вакцина против коронавирусот...

Македонија5 часа

„Медијапул“: Десет незгодни прашања во врска со бугарското вето

Бугарскиот портал „Медијапул“ објави прашања до бугарската влада, кои се однесуваат на блокадата за Северна Македонија, со наслов „Десет незгодни...

Македонија5 часа

Свршувачка со 30 и свадба со 90 гости – глоба за скопјани поради организирање собири

Скопското Обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица и еден угостителски објект поради организирање масовни собири за...

Македонија6 часа

За една недела, регистрирани 7.486 новозаразени, над 5.000 излекувани и 204 починати

Скопје и натаму e со најголем број нови случаи и највисока инциденца, a најзастапена возрасна група се лицата над 60...

Свет6 часа

Кина успешно лансира роботизирано летало на Месечината

Кина објави дека успешно лансирала ракета со робот за да собере примероци од камења од Месечината, со што ќе стана...

Македонија7 часа

Заев најави дека не сме далеку од договор со Бугарија, опозицијата бара со декларација да се утврдат позициите

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека не сме далеку од договор со Бугарија. Тој рече дека не се разговара за...

Свет7 часа

Администрацијата на Трамп одобри Бајден да почне со преземање на власта

Aдминистрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, даде формално одобрување новоизбраниот претседател Џо Бајден да почне со преземањето на власта....

Свет21 час

СЗО: Итно се потребни уште 4,3 милијарди долари или сиромашните нема да добијат вакцини

Постои ризик сиромашните и ранливите категории да не примаат вакцини против коронавирус, заради стампедото што ќе произлезе од овие лекови,...

Свет21 час

Борис Џонсон го објави зимскиот план за ковид

Британскиот премиер, Борис Џонсон, на денешното јавно обраќање ги објасни деталите за излезот од „локдаун-от“, што започнува на 2 декември,...

Македонија23 часа

Во Македонија 387 нови случаи на Ковид-19, починале 35

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на...

Македонија1 ден

Филипче: Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) побарал да извршат вонреден инспекциски надзор за...

Регион1 ден

Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на...

Европа1 ден

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година...

Македонија1 ден

Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на...

Регион1 ден

Со коронавирус заразен епископот Давид, кој ја водеше литургијата на погребот на Иринеј

Српскиот епископ Давид е заразен о1д коронавирус и се наоѓа во Центарот за клинички болници (КБЦ) „Д-р Драгиша Мишовиќ“, објави...

Македонија1 ден

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија. Како што информираат од Министерството за здравство,...

Европа1 ден

Саркози на суд поради корупција

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание. Ова...

Регион1 ден

Хрватите почнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес, во Загреб почнува масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се...

Европа1 ден

Шпан: Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан....

Досие