Контакт

Македонија

Фармерите бараат измени во Законот за данок на доход

Објавено пред

Измени во спроведувањето за Законот за персонален данок на доход во земјоделството, кој за прв пат се спроведуваа од оваа година, побара денеска Федерацијата на фармери (ФФРМ).

Измени во спроведувањето за Законот за персонален данок на доход во земјоделството, кој за прв пат се спроведуваа од оваа година, побара денеска Федерацијата на фармери (ФФРМ).Според законот, сите земјоделци кои имаат бруто приход поголем од 1,3 милиони денари (21.500 евра) остварен во една година треба да регистрираат фирма.Оваа вредност се однесувана на  приходот без разлика за која реколта станува збор, така што се пресметува се што легнало на сметка во даночната година,без разлика дали станува збор за исплата на две различни реколти.Земјоделството има сезонски карактер поради што во некои сектори често приливите на средства од продадени производи тешко се предвидува кога ќе бидат исплатени укажуваат од ФФРМ, поради што бараат да се укине обврската за регистрирање на фирма.„Земјоделците не бегаат од плаќање на данокот, но бараат да се отстрани лимитот, според кој земјоделец со остарен приход од 1,3 милиони денари е обврзан да премине во правно лице“, изјави претседателот на ФФРМ Ѓоко Данаилов.Тој посочи дека дополнителен проблем од овој закон е поделбата фармерите, на оние кои земјоделците им е  основна дејност, и на оние на кои им  дополнителна дејност.Согласно законот, оние фармери на кои земјоделството им е основна дејност, а не остваруваат приход поголем од 300.000 денари (5.000 евра) ослободени се од паушално плаќање на данокот.Оваа одредба не важи за фармерите чија дополнителна дејност им е земјоделието.ФФРМ укажува дека од страна на УЈП стечајците кои се занимаваат со земјоделие се третираат како фармери со дополнителна дејност и бараат измена, бидејќи нивна основна дејност е земјоделието.Поради овие причини ФФРМ јавно побара средба со министерот за финансии за да му ги посочи наведените проблеми.  Федерацијата на фармери денеска побара и измени на програмата за рурален развој, укажувајќи дека треба да се вратат мерките за подигнување на оранжерии и за модернизирање на сточарските фарми. /крај/ап/

Македонија

Владата ќе набавува софтвер за кодификација на правото

Објавено пред

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за отпочнување на процес на Кодификација на правото во Република Северна Македонија и го задолжи Генералниот секретаријат на Владата да спроведе постапка за јавна набавка на софтвер и софтверско решение со кој што ќе се изврши кодификација на правото во Република Северна Македонија.

За оваа цел, Владата ги задолжи Министерство за правда, Канцеларијата на претседателот на Владата и генералниот секретаријат на Владата, а се препорачува на Собранието, државните универзитети, Универзитет “Св.Кирил и Методиј“, Универзитет “Св.Климент Охридски“, Универзитет “Гоце Делчев“ и Државен универзитет во Тетово, од областа на правото -во рамки на своите Правни факултети, во рок од 5 дена да номинираат по еден претставник до Министерсто за правда, со цел формирање на оперативна работна група.

Прикажи повеќе...

Македонија

За дијабетичарите ќе се обезбеди инсулин до декември 2022 година

Објавено пред

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за спроведување на јавна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал за периодот декември 2020 – декември 2022 за потребите на населението на Република Северна Македонија.

Владата денеска го утврди текстот на Предлог-законот за Агенцијата за разузнавање. Целта на Законот за Агенција за разузнавање е да се направи јасна дистинкција меѓу АНБ чија надлежност се поклопува со надлежноста на Агенција за разузнавање, согласно постојниот закон. Во новиот закон за Агенцијата за разузнавање, јасно е дефинирана надлежноста на Агенцијата да собира, обработува, анализира, разменува, чува и штити податоци и информации од странство, кои се од значење за безбедноста, одбраната, надворешно – политичките интереси на Република Северна Македонија.

На оваа своја седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за подготовка на Мастер план на Република Северна Македонија во рамките на регионалниот ИПА проект „Регионална поддршка за управувањето со сензитивната миграција во делот на Западен Балкан и Турција – фаза 2“, и ги овласти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, веднаш да го потпишат писмото до Европската Комисија со кое што ќе се изрази интерес за започнување на фаза 2, насочена конкретно кон Република Северна Македонија и со изразена посветеност да се продолжи кон фаза 3, т.е операционализација на ИТ системот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Владата разреши и постави нови директори на повеќе институции

Објавено пред

Владата денеска на седница донесе повеќе кадровски решенија. Па така, Амет Аџиу е разрешен од должноста в.д. директор на Јавната установа Национален парк Пелистер- Битола.Осман Шукриу е именуван за директор на Јавната установа Национален парк Пелистер- Битола. (На 23.11.2020 г. НП Пелистер достави Одлука бр. 02-212/4 од 17.11.2020 година на Управниот одбор, кој во постапка спроведена по објавен јавен оглас за директор е избран Осман Шукриу).

Трајче Ангеловски е разрешен од должноста член на Советот за јавно приватно партнерство, на негово барање поради постоење на состојба на судир на интереси. Елпида Младеновска е разрешена од должноста член на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП за стопанисување со државните шуми „Национални Шуми”- П.О. Скопје, на нејзино барање (вработена во УЈП подрачно одделение Крива Паланка).

Ѓоко Талевски е разрешен од должноста член на Управниот одбор претставник на основачот на ЈЗУ Клиничка болница „д-р Трифун Пановски“ – Битола, на негово барање (поради судир на интереси именуван за државен правобранител за подрачје Битола). Дејана Николова е разрешена од должноста член на Управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Свети Николе стручeн работник од центарот за социјална работа, на нејзино барање, а за член на Управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Свети Николе – стручeн работник од центарот за социјална работа да ја именува Катерина Сенева Конева.

Никола Камчев е разрешен од должноста член на Управниот одбор на ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш, на негово барање (избран за нотар).Веселин Стојчевски е именуван за член на Управниот одбор на ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ Битола-претставник на основачот (членот на УО Весна Грамосли е почината).

Ристо Пецов е именуван за член на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП за стопанисување со државните шуми „Национални Шуми”- П.О. Скопје.Еран Куртиш е именуван за в.д. директор на Агенцијата за остварување на правата на заедници.

Со одлука на Владата на денешната седница Драгољуб Филипоски е отповикан од должноста член на Надзорниот одбор на АД за аеродромски услуги „АЕРОДРОМИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ во државна сопственост, и за член на Надзорен одбор на АД за аеродромски услуги „АЕРОДРОМИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ во државна сопственост, го избра Бинас Пајазити. Владата донесе одлука Зоран Иванов да се разреши од должноста член на Надзорниот одбор на АД „Медиумска информативна агенција”- Скопје, во државна сопственост.Владата даде согласност на одлуката на УО на ПИОМ за изборот на Шаип Зендели заменик директор на оваа институција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Регистрирани се 1039 нови случаи на Ковид-19, починаа 15 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови случаи на...

Свет5 часа

Зошто Путин досега не се вакцинирал?

Рускиот претседател Владимир Путин не може да биде меѓу доброволците кои ќе бидат вакцинирани против коронавирусот до крајот на клиничките...

Свет5 часа

(Видео) Маж со секира држеше во заложништво шест деца во Русија

Маж кој држеше шест деца како заложници во стан во Санкт Петербург, се предаде на полицијата.Во стан во предградијата на...

Македонија6 часа

Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата

Поранешниот пратеник Мухамед Зекири е избран за нов генерален секретар во Владата.Одлуката e донесена на последната владина седница одржана денеска....

Европа6 часа

Старските домови во Шпанија први ќе бидат вакцинирани против Ковид-19

Штитениците и персоналот на домовите за стари лица ќе бидат први вакцинирани против коронавирус во Шпанија, изјави министерот за здравство...

Свет7 часа

САД: Повеќе од 190.000 новозаразени со Ковид-19

Во САД 1.083 лица починаа како последица на Ковид-19 во изминатите 24 часа, додека регистрирани се 190.562 нови случаи на...

Спорт7 часа

Ѓоковиќ најдобар во 2020-та година

Моментно најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја завршува годинава на првата позиција на АТП листата. Тоа му појде од рака...

Топ7 часа

Приведен германски државјанин баран и од Интерпол, кај него пронајдени две исчезнати деца

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага на ул.МАНАПО во Скопје врз основа на издадена меѓународна потерница...

Македонија8 часа

Вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола по фотографиите дека пациент прима инфузија покрај починати лица

Министерот за здравство Венко Филипче побара од ДСЗИ да испрати вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола како би се...

Македонија8 часа

На инфективните одделенија се лекуваат 814 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 814 пациенти позитивни...

Свет9 часа

Во Шведска стапи во сила ограничувањето на јавни собири на најмногу осум луѓе

Во Шведска стапува во сила ограничувањето на јавните собири на најмногу осум лица како мерка во обид да се запре...

Европа10 часа

Германски научници докажаа дека проветрувањето е поефикасно од прочистувачите на воздухот

Кратко отворање на сите прозорци во училницата неколкупати на ден е многукратно поефикасно отколку да користите прочистувач на воздухот, според...

Свет11 час

Кина тврди дека коронавирусот најпрвин се појавил во Европа, а не во Вухан

Кина користи нова студија за раното скриено ширење на коронавирусот во Италија за да се доведе во сомневање цврсто заснованата...

Свет13 часа

СЗО: Бројот на потенцијални вакцини против коронаворусот се зголеми од 11 на 48

Десетици компании – од стартап до фармацевтски гиганти – се натпреваруваат за производство на безбедна и ефективна вакцина против коронавирусот...

Македонија14 часа

„Медијапул“: Десет незгодни прашања во врска со бугарското вето

Бугарскиот портал „Медијапул“ објави прашања до бугарската влада, кои се однесуваат на блокадата за Северна Македонија, со наслов „Десет незгодни...

Македонија14 часа

Свршувачка со 30 и свадба со 90 гости – глоба за скопјани поради организирање собири

Скопското Обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица и еден угостителски објект поради организирање масовни собири за...

Македонија15 часа

За една недела, регистрирани 7.486 новозаразени, над 5.000 излекувани и 204 починати

Скопје и натаму e со најголем број нови случаи и највисока инциденца, a најзастапена возрасна група се лицата над 60...

Свет16 часа

Кина успешно лансира роботизирано летало на Месечината

Кина објави дека успешно лансирала ракета со робот за да собере примероци од камења од Месечината, со што ќе стана...

Македонија16 часа

Заев најави дека не сме далеку од договор со Бугарија, опозицијата бара со декларација да се утврдат позициите

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека не сме далеку од договор со Бугарија. Тој рече дека не се разговара за...

Свет17 часа

Администрацијата на Трамп одобри Бајден да почне со преземање на власта

Aдминистрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, даде формално одобрување новоизбраниот претседател Џо Бајден да почне со преземањето на власта....

Досие