Контакт

Македонија

Лекарската комора бара редовен стручен надзор по болниците

Објавено пред

Лекарската комора инсистира да има редовен стручен надзор во здравствените објекти кој би делувал превентивно, за да се спречи големиот број на смртни случаи.

Лекарската комора инсистира да има редовен стручен надзор во здравствените објекти кој би делувал превентивно, за да се спречи големиот број на смртни случаи.

„Лекарската комора инсистираше и се уште инсистира дури и нуди своја стручна помош доколку е потребно за тој надзор да биде континуиран, да не биде само кога нешто ќе се случи, туку превентивно да се видат условите, да се види кадарот, да се види начинот на работа, обемот на пациенти, обемот на службата“ вели Нада Кочова,  претседател на етичко-правен комитет на лекарската комора.

Ваков стручен надзор се одвива од време, на време, но според лекарите тој треба да биде континуиран за да се спречат несакани последици.

Во рок од три месеци починаа три родилки во болницата во Прилеп и уште две во Тетово и Гостивар. /крај/фф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Димитров: Македонската суштина е бесмртен „вирус“ против кој залудно се бара „вакцина“

Објавено пред

Идејата на Договорот за добрососедство беше историјата да им се остави на историчарите, за ние да се занимаваме со сегашноста и со иднината, порача на социјалните мрежи вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров во однос на преговорите со источниот сосед.

Тој повикува билатералните прашања да се решаваат без истите да бидат пречка на патот кон ЕУ.

Идејата на договорот беше историјата да им се остави на историчарите, за ние да се занимаваме со сегашноста и со…

Posted by Никола Димитров – Nikola Dimitrov on Четврток, 26 ноември 2020

„Македонскиот јазик и самоопределување, државотворноста и идентитетот ниту можат да бидат пречка за интеграција со Унија, која почитува културни и јазични различности како темелна вредност, ниту можат да бидат пречка за вистинско пријателство, бидејќи тоа секогаш се базира на взаемна почит“. нагласува Димитров во својата објава.

Според него, ова е битка не само за македонската суштина, туку и за сржта на европските вредности, од кои, како што вели, нема отстапување.

„Ова е бесмртниот ‘вирус’ на идеали против кој залудно се бара ‘вакцина’“, порачува вицепремиерот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Левица се приклучува на протестите најавени за вечерва

Објавено пред

Политичката партија Левица соопшти дека го поддржува народниот револт и ги повикува граѓаните на протестот што е најавен за вечерва од страна на опозицијата.

„Националното предавство на СДСМ е логична последица на претходно покрадениот народен имот од страна на крупните сопственици како финансиери на оваа партија. Кооперативноста со фашистичките сили е само нивно прибежиште пред налетот на работниците во одбрана на својата татковина. Нема повеќе потреба конструктивно да се укажува и расправа за тоа, зошто и како изјавите на премиерот Зоран Заев се погрешни, ревизионистички па дури и фашистички, како рехабилитација на оваа империјалистичка идеологија“, велат од Левица преку соопштение.

Според партијата, Заев ги собрал сите можни црнила на македонската политика во себе.

„Ваквата циркус-политика достигна ново дно. Започнувајќи со распродавање на националните економски капацитети, на македонската политичка елита, сега при нивното слугување на странските империјалистички сили, единствено и’ останува да ги распродаде националните обележја, па дури и да тргува со историските факти поврзани со оваа нација. Една од првите задачи на идната народна власт е, прво да стави крај на овој процес, а потоа и да направи пресврт и да се придвижи во вистинската насока до целосно ослободување на државата, притоа казнувајќи ги сите кои Македонија ја довеле до оваа положба. Нашата задача пак, задачата на Левица, е да бидеме таква власт. Левица го поддржува народниот револт и нашето раководство заедно со поширокото членство, ќе бидат присутни на вечерашните антивладини протести“, додава партијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Милевски: Се грижиме за учениците и жртвите на семејно насилство, зголемен капацитетот на Домот во Куманово

Објавено пред

Целосно реконструиран и адаптиран е ученичкиот Дом во Куманово со што се подобрија условите за живот и учење на 120 ученици. Во рамките на проектот Домот целосно се прилагоди за учениците со лесна физичка попреченост и се направија пет апартмани за средношколци – со лесна физичка попреченост како и за згрижување на лица жртви на семејно насилство, пожари и поплави.

„За првпат овозможивме упис на максимум 6 ученици средношколци со лесна физичка попреченост. Вкупниот буџет е над 10 милиони денари, а главна цел на проектот е подобрување и осовременување на досегашните услуги и услови за целодневен престој на корисниците во Ученичкиот дом ,,Професор Мијалковиќ’’, Куманово како и воведување на нови услуги кои не постојат во регионот, а се однесуваат на згрижување на ученици со лесна физичка попреченост кои се во состојба да следат редовна средношколска настава и згрижување и целосен психофизички третман на жртви на семејно насилство и жртви од пожари и поплави кои се повремени корисници на услугите на Ученичкиот дом“, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Тој појасни дека за реализација на проектот направена е реконструкција и адаптација на Ученичкиот дом која опфаќа инфраструктурно уредување на просторот, приспособување на пристап за лица со посебни потреби, поставување на пристапна рампа и лифткар- гасеничар, прилагодување на дел од собите, односно изведба на тоалети приспособени за користење на лица со посебни потреби, промена на прозорци, врати и промена на фасада, преуредување на заеднички простории, сала за пинг-понг и прилагодување за користење за повеќе намени кои се во интерес на учениците како што е простор за регионални состаноци, обуки, семинари на коишто ќе има инфраструктурна пристапност и за лица со физичка попреченост.

„Социјалната инклузија е една од темите што, за жал, често се занемарува. Сепак, тоа е една од клучните швајцарски вредности со мотото „Никого не оставајте изоставен“, што е една од целите на ООН за одржлив развој. Затоа, социјалната инклузија како тема е вклучена во сите проекти финансирани од Швајцарската агенција за развој и соработка, впрочем тоа беше тема на овогодинешниот повик за грантови за инвестиции во рамките на Проектот за одржлив и рамномерен регионален развој. Многу сум среќна што сум денеска во Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“ и ја гледам посветеноста на тимот да ги отвори вратите за жртвите на семејно насилство и природни опасности, како и да го направи достапен за студентите со попреченост“, вели амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер.

Таа вели дека овој проект е само мал чекор кон постигнување кохезија во општеството, но сепак треба да послужи како пример за владата и локалните власти во подготовката на идните проекти и програми, секогаш да се земат предвид потребите на социјално исклучените луѓе.

„Задоволен сум од она што ни беше презентирано од страна на директорката на домот така што овие средства се успешно инвестирани во нашиот град, за подобрување на условите за живот на лицата кои што го завршуваат воспитно образовниот процес во нашата општина, а живеат во целиот регион и конкретно учат во средните училишта во општина Куманово. Посакувам уште вакви успешни проекти и секако честитки до реализаторот на проектот, имплементаторот и изведувачот“, истакна градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Директорката на домот се заблагодари на сите кои вложија напори за домот повторно да добие нов лик.

„Ова донација како институција многу ни значи за да ги подобриме условите за живот и вршење воспитно образовна работа на учениците кои што доаѓаат од целиот Североисточен регион. На овој начин учениците ќе можат да се чувствуваат како дома, ќе имаат подобри услови и со тоа ќе се зголеми нивниот број и продуктивност. Се надевам дека вакви проекти ќе има уште, како за нашиот град, така и за другите општини во републикава“, рече директорката на домот, Љубица Павловски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Заев: Да се соочиме со историските прашања и да развиеме капацитет да си простиме

Премиерот Зоран Заев изрази жалење што неговото интервју за БГНЕС предизвика толку негативни емоции, кои вели дека ги разбира. „Никој...

Македонија2 часа

Ѓоргиев за „Дојче веле“: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка, изјави македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот...

Топ4 часа

Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија. Од МВР информираат дека...

Македонија4 часа

Пендаровски: Постои дилема дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија

Спорот со Бугарија може да се реши само ако доследно се почитуваат и македонскиот и бугарскиот народ и со избегнување...

Македонија4 часа

Опозицијата бара оставка од Заев поради вчерашното интервју

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев поради ставовите изнесени во интервјуто за бугарската новинска агенција „Бгнес“. Од ВМРО-ДПМНЕ...

Свет5 часа

Меркел: Задолжително маски и на отворено

Германската канцеларка, Ангела Меркел, објави дека ограничувачките мерки против коронавирусот ќе бидат продолжени најмалку до 20 декември, а можеби и...

Свет5 часа

Трамп одобри помилување на својот поранешен советник за национална безбедност

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри помилувањето на својот поранешен советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, што медиумите го...

Македонија16 часа

Мицкоски повика на предупредувачки протест за одбрана на македонските црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со...

Македонија17 часа

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на...

Македонија18 часа

Кај Тумбе Кафе има околу 10.000 гранати од Првата светска војна, уништувањето ќе почне во декември

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во декември ќе започне уништувањето на неексплодираните гранати од Првата светска војна...

Свет18 часа

Кинески експерти тврдат дека коронавирусот не потекнува од Кина

Кинескиот државен весник „Пиполс дејли“ тврди, повикувајќи се на изјави на кинески експерти, дека коронавирусот не потекнува од Вухан, град...

Меѓународен19 часа

Почина Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал...

Македонија22 часа

Заев: Бугарија не е фашистичка земја, туку наш пријател

Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател, вели претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за бугарската новинска...

Македонија1 ден

Судот го опомена Бојан Јовановски, одбиено е барањето за изземање на судијката

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, го одби барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова од...

Македонија1 ден

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени во здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера,...

Култура1 ден

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа1 ден

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет1 ден

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но кога во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Македонија1 ден

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, слободни уште 20-ина места

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Пандемијата покажа дека домот не е најбезбедно место за многу жени и деца

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите нации,...

Досие