Контакт

Македонија

Бугарскиот парламент сложно за омекнување на законот за пушење

Објавено пред

Кога станува збор за политиката, бугарскиот парламент е строго поделен на левица и десница, но кога станува збор за пушењето, идеолошките разлики исчезнуваат, оценуваат европските медиуми.

Кога станува збор за политиката, бугарскиот парламент е строго поделен на левица и десница, но кога станува збор за пушењето, идеолошките разлики исчезнуваат, оценуваат европските медиуми. Ад хок коалицијата која ги обединува владејачкиот Герб, партија на десниот центар и опозиционите социјалисти неодамна го разводнија предлог законот со кој од 1. јуни целосно се забранува пушењето на јавни места, вклучувајќи ги рестораните и баровите. Предложена е флексибилна опција според која ќе се бара просторите поголеми од 100 метри квадратни да имаат посебни оддели за пушачи со добра вентилација, а сопствениците на малите ресторани и кафулиња да можат самите да избираат меѓу пушачки и непушачки режим. Премиерот Бојко Борисов компромисот го правда со загубите што би ги претрпела туристичката индустрија, која и онака е погодена со кризата. Бугарите заедно со Грците спаѓаат во најстрасните пушачи во Европската унија. Моменталниот закон во Бугарија забранува пушење во државни институции, дуќани, училишта и болници. Сè уште легално се пуши во кафулиња и ресторани, а од сопствениците се бара да ги одделат пушачите од непушачите. Иако Европа се обидува да ја ограничи употребата на цигарите, повеќето земји-членки не сакаат цврсто да се пресметаат со баровите и рестораните. /крај/хн/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Шахпаска во посета на шелтер центар: Ниту еден човек, ниту една жена, не смее да биде предмет на насилство

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска беше во посета на еден од шелтер центрите за сместување и психо-социјална подршка на жени жртви на насилство и семејно насилство.

Целта на посетата на министерката беше да им се даде безрезервна поддршка на жените кои преживеале насилство од своите партнери или друг член од семејството, но и уверување дека државата ги презема сите потребни чекори за борба против насилството врз жените.

„ Ниту еден човек, ниту една жена, не смее да биде предмет на насилство. Сите луѓе се еднакви и никој нема право да изврши насилство врз друго лице. Не постои никакво оправдување за таков чин,“ истана министерката Шахпаска.

Таа разговараше со жените кои во моментот се наоѓаат во шелтер центарот, за нивната моментална состојба и помошта и поддршката која ја добиваат од стручните лица, но и можностите за нивно реинтегрирање во ситемот.

Шахпаска се осврна и на законските промени кои ги носи новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство, кој предвидува брзо и ефикасно постапување на институциите, посебно судот во постапување и изрекувањето на итни и на привремени мерки за заштита на лицата жртви на насилство. Како и во делот дека жртвата има право да поднесе тужба пред граѓански суд за утврдување на одговорност за непостапување со должно внимание од страна на надлежните институци.

Со цел заштита од насилство врз жени, чие здравје е живото загрозувачко под Министерството за труд и социјална политика, на ниво на град Скопје функционираат три шелтер центри, а на ниво на државата вкупно 11.

Покрај шелтер центрите, функционираат и советувалиштата чија оснвна цел е зајакнување на жртвите, помош и поддршка на нивните специфични потреби и тоа преку психо-социјална интервенција и третман на жртвите на насилство како и намалување на последиците од доживеаното насилство при што се избегнува виктимизација.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Го подготвуваме здравствениот систем за вакцинација за Ковид-19

Објавено пред

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да ја спроведеме, вели Министерот за здравство, Венко Филипче во објава на социјалните мрежи.

Тој објави дека вакцинирањето ќе го спроведат лекари и медицински сестри кои во овој момент не работат со ковид пациенти.

„Делот на прием, чувањето на вакцините, дистрибуцијата до местата каде ќе бидат аплицирани веќе планот е во завршна фаза, но во текот на следната недела ќе организираме и една вежба на терен како тоа би изгледало“, соопшти министерот.

Како што додаде, препораката е први да бидат вакцинирани здравствените работници, вработените во војската и полицијата, сите јавни службеници, во јавниот транспорт, хроничните болни сите критични групи согласно мислењето на експертите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Министерство за здравство: Слободни се 180 болнички кревети во ковид-центрите

Објавено пред

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.256 и има колку 180 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.

Според извештаите, во болницата во Битола се хоспитализирани 80 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 62 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес се лекуваат 54 болни, а во Куманово 110 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 123, во ковид центарот во Гостивар 52, а во Струга 30 болни. Во болницата во Струмица лежи 62 пациенти, во Кочани 15, во Кичево 20, Кавадарци 40, а во Гевгелија 15 лица позитивни на коронавирусот.

Oд  Министерството за здравство нагласуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

„Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, велат од Министерството.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Филипче: Го подготвуваме здравствениот систем за вакцинација за Ковид-19

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да...

Македонија24 минути

Министерство за здравство: Слободни се 180 болнички кревети во ковид-центрите

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Македонија36 минути

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не ги исплатила долговите за 270 уметнички слики со позлатени рамки

ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, седиште на...

Економија40 минути

Групацијата АРИКОМА ја купува компанијата „Сеавус“

Претставниците на Групацијата АРИКОМА (ARICOMA), која е дел од чешката Групација ККЦГ(KKCG) на Карел Комарек, најавуваат значаен чекор поврзан со...

Свет1 час

Русија почна со вакцинација на војниците против коронавирус

Во Централниот воен округ на Русија почна вакцинација на војниците со вакцината против коронавирус „Спутник V“ и прво ќе се...

Регион1 час

„Коха“: Тачи ќе го бранат пет адвокати во Хаг

Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, ќе го бранат пет адвокати пред Специјалниот суд во Хаг, пишува „Коха“. Специјализираниот совет...

Свет1 час

Интерпол предупредува на опасноста од лажни вакцини

Интерпол предупредува дека меѓународната мрежа на организиран криминал може да се насочи кон новите вакцини против Ковид-19. Како што е...

Регион2 часа

Во Хрватска 3.539 новозаразени и 55 починати од Ковид-19

Според официјалните податоци, во Хрватска денес има 3.539 новозаразени лица со Ковид-19, а 55 пациенти починале. Хоспитализирани се 2.408 пациенти,...

Македонија2 часа

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се примени 30 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 16 града

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира во 16 града. Од партијата најавија дека на протестите ќе биде испратена порака до премиерот Зоран...

Свет4 часа

Во САД повеќе од 2.500 починати од коронавирус за 24 часа

Соединетите Американски Држави во вторникот потврдија повеќе од 2.500 смртни случаи за 24 часа, што е најголем број смртни случаи...

Свет5 часа

Велика Британија ја одобри вакцината против коронавирус на „Фајзер“

Велика Британија е првата западна земја што одобри вакцина против коронавирус од производителот „Фајзер“. Британскиот регулатор, МХРА, вели дека вакцината,...

Свет5 часа

Американскиот секретар за правда: Нема докази за изборна измама

Американскиот секретар за правда, Вилијам Бар, рече дека Секретаријатот за правда не нашол докази за широко распространета изборна измама што...

Свет5 часа

Макрон: Вакцинацијата во Франција ќе почне во јануари

Францускиот претседател, Емануел Макрон, синоќа изјави дека програмата за вакцинација на коронавирус најверојатно ќе се активира на почетокот на јануари...

Македонија18 часа

Регистрирани 1.069 новозаразени, 1.242 оздравени и 29 починати лица од коронавирус

Во последните 24 часа се направени 3.012 тестирања, а регистрирани се 1.069 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-489,...

Македонија18 часа

Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри

Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат во согласност со соодветен протокол,...

Македонија19 часа

Владата предлага продолжување на кризната состојба до јуни

Владата ќе достави до Собранието предлог за продолжување на кризната состојба до јуни в година. Владата на денешната седница го...

Топ21 час

Украден паричник од покојник во ковид-центар во Скопје

Украден е паричник од маж што починал во ковид-центарот на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот вчера во полицијата го пријавил...

Македонија21 час

Бучковски назначен за специјален претставник на Владата за Бугарија

Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија. Поранешниот премиер е именуван на оваа позиција на...

Македонија23 часа

ЗНМ, ССНМ и СЕММ на средба со Филипче: Нема забрана за снимање, новинарите да продолжат непречено со својата работа

На барање на министерот за здравство, Венко Филипче, денеска се одржа состанок со претставници на Здружението на новинари на Македонија...

Досие