Контакт

Македонија

Доделување на наградата „Борјан Таневски“

Објавено пред

Наградата „Борјан Таневски“ за проминентен личен став искажан во печатените медиуми во Република Македонија за 2009 година ќе биде доделена денеска по шести пат.

Наградата „Борјан Таневски“ за проминентен личен став искажан во печатените медиуми во Република Македонија за 2009 година ќе биде доделена денеска по шести пат.Оваа година наградата ќе му биде доделена на Жарко Трајковски, колумнист во весникот „Дневник“, едногласно  е изгласан од тричленото жири по состав, претседател Мето Јовановски, проф Али Алиу и ЕРол Ризаов. Наградата изнесува 75 илјади денари.Наградата се доделува како придонес за поддршка на авторите во Македонија кои заземаат храбар став за актуелни општествени или политички прашања.Оваа награда е основана од семејството на Бојан Таневски, тој беше млад и талентиран интелектуалец кој со голем елан ја следеше евроинтеграцијата на Република Македонија.Наградата првата година ја доби проф. Денко Малевски, потоа публицистот Драган Николиќ, во 2006 година проф.д-р Љубомир Фрчковски, една година по него Никола Гелевски.Минатата година наградата му припадна на карикатуристот и сатиричар Дарко Марковиќ./крај/со/ин



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

На Клиниката за уво, нос и грло од денеска ќе се примаат пациенти заразени со коронавирус

Објавено пред

Во текот на денешниот ден ќе се отвори и ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло каде ќе можат да се сместат дополнително 50 болни. Остануваат на располагање и капацитетите во делот од хируршките клиники кои по потреба ќе бидат отворени во наредните неколку дена. Ова го истакна министерот за здравство, Венко Филипче, кој утрово се сретна со директорите на ковид-центрите од комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје за да се разгледа состојбата со пополнетоста на капацитетите на клиниките и динаминиката на отворање на нови оддeленија за ковид пациенти.

Во моментов, Интерните клиники располагаат со околу 190 болнички кревети со довод на кислород. Министерот оцени дека иако пополнетоста на капацитетите е висока, постојано се прават исписи на пациенти и слободни места има.

Вкупно во комплексот клиники Мајка Тереза има околу 350 кревети за ковид пациенти распоредени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и на Интерните клиники- Клиниката за дерматовенерологија, Клиниката за очни болести, Клиниката за нефрологија, Клиниката за гастроентерохепатологија и Клиниката за неврологија, како и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ. Допоплнителни 110 кревети има во ГОБ 8 Септември и 40 на Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле.

Прикажи повеќе...

Македонија

Каракачанов: Не верувам во декларации и интервјуа, потребен е анекс или нов договор

Објавено пред

Бугарскиот вицепремиер, Красмир Каракачанов, оцени дека интервјуто на премиерот Зоран Заев, за БГНЕС е мал чекор напред во вистинската насока.

Каракачанов, сепак, вели дека не претпочита да верува во декларации и интервјуа, туку она што е кажано да биде спроведено на дело.

Тој рече дека во моментов на Бугарија и се потребни конкретни гаранции, а тие не можат да бидат поддржани само со декларација, туку потребно е да се склучи писмен документ – потпишување на анекс или нов договор, пренесе бугарската агенција „Фокус“.

„Ние сакаме јасна гаранција како ќе се промени нивниот образовен систем, со специфични рокови. Самиот процес на преговори може да трае 10 години, но за да се согласиле да го почнеме, ни треба патоказ. Сакаме многу јасно овој услов да биде вметнат во договорот со Европската Унија и да биде јасно дека може да го запреме процесот во било кое време, ако договорот не се спроведе“, рече Каракачанов.

Тој додаде дека на Бугарија и претстои да продолжи ревносно да ги брани своите национални интереси.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров: Македонската суштина е бесмртен „вирус“ против кој залудно се бара „вакцина“

Објавено пред

Идејата на Договорот за добрососедство беше историјата да им се остави на историчарите, за ние да се занимаваме со сегашноста и со иднината, порача на социјалните мрежи вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров во однос на преговорите со источниот сосед.

Тој повикува билатералните прашања да се решаваат без истите да бидат пречка на патот кон ЕУ.

Идејата на договорот беше историјата да им се остави на историчарите, за ние да се занимаваме со сегашноста и со…

Posted by Никола Димитров – Nikola Dimitrov on Четврток, 26 ноември 2020

„Македонскиот јазик и самоопределување, државотворноста и идентитетот ниту можат да бидат пречка за интеграција со Унија, која почитува културни и јазични различности како темелна вредност, ниту можат да бидат пречка за вистинско пријателство, бидејќи тоа секогаш се базира на взаемна почит“. нагласува Димитров во својата објава.

Според него, ова е битка не само за македонската суштина, туку и за сржта на европските вредности, од кои, како што вели, нема отстапување.

„Ова е бесмртниот ‘вирус’ на идеали против кој залудно се бара ‘вакцина’“, порачува вицепремиерот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

На Клиниката за уво, нос и грло од денеска ќе се примаат пациенти заразени со коронавирус

Во текот на денешниот ден ќе се отвори и ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло каде ќе...

Македонија2 часа

Заев: Да се соочиме со историските прашања и да развиеме капацитет да си простиме

Премиерот Зоран Заев изрази жалење што неговото интервју за „Бгнес“ предизвика толку негативни емоции, кои вели дека ги разбира. „Никој...

Македонија2 часа

Ѓоргиев за „Дојче веле“: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка, изјави македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот...

Топ4 часа

Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија. Од МВР информираат дека...

Македонија4 часа

Пендаровски: Постои дилема дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија

Спорот со Бугарија може да се реши само ако доследно се почитуваат и македонскиот и бугарскиот народ и со избегнување...

Македонија5 часа

Опозицијата бара оставка од Заев поради вчерашното интервју

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев поради ставовите изнесени во интервјуто за бугарската новинска агенција „Бгнес“. Од ВМРО-ДПМНЕ...

Свет5 часа

Меркел: Задолжително маски и на отворено

Германската канцеларка, Ангела Меркел, објави дека ограничувачките мерки против коронавирусот ќе бидат продолжени најмалку до 20 декември, а можеби и...

Свет5 часа

Трамп одобри помилување на својот поранешен советник за национална безбедност

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри помилувањето на својот поранешен советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, што медиумите го...

Македонија16 часа

Мицкоски повика на предупредувачки протест за одбрана на македонските црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со...

Македонија17 часа

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на...

Македонија18 часа

Кај Тумбе Кафе има околу 10.000 гранати од Првата светска војна, уништувањето ќе почне во декември

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во декември ќе започне уништувањето на неексплодираните гранати од Првата светска војна...

Свет19 часа

Кинески експерти тврдат дека коронавирусот не потекнува од Кина

Кинескиот државен весник „Пиполс дејли“ тврди, повикувајќи се на изјави на кинески експерти, дека коронавирусот не потекнува од Вухан, град...

Меѓународен20 часа

Почина Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал...

Македонија23 часа

Заев: Бугарија не е фашистичка земја, туку наш пријател

Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател, вели претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за бугарската новинска...

Македонија1 ден

Судот го опомена Бојан Јовановски, одбиено е барањето за изземање на судијката

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, го одби барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова од...

Македонија1 ден

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени во здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера,...

Култура1 ден

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа1 ден

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет1 ден

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но кога во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Македонија1 ден

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, слободни уште 20-ина места

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица...

Досие