Контакт

Македонија

Пауновски со нов доказ бара повторување на судењето

Објавено пред

Второ барање за повторување на судењето, поткрепено со нови докази, поднесе екс – министерот за одбрана Љубен Пауновски.

Второ барање за повторување на судењето, поткрепено со нови докази, поднесе екс – министерот за одбрана Љубен Пауновски. Тој на денешната прес – конференција рече дека новиот доказ е клучен и преку него може да се види кој ги присвоил парите заради кој беше осуден. „Според Законот за кривична постапка, во вакви случаи, кога ќе се појави  ваков нов вид директен доказ, судењето мора да биде повторено бидејќи укажува дека во процесот не била правилно утврдена фактичката состојба“, рече Пауновски. Тој додаде дека како доказ бил понуден акцептниот налог преку кој се гледа дека лицето Зоран Симоновски, сопственик на ХС Компани, подигнал пари од сметките на Министерството за одбрана. Според Пауновски, некој намерно сака да ги сокрие доказите во целиот случај, за тој да остане осуден за пари што не ги земал. „Јас и натаму, како и последниве девет години, ќе немам можност за основна егзистенција бидејќи секој приход ќе ми биде одземан за да вратам пари кои сега докажано преку акцептниот налог се кај Зоран Симоновски и кај фирмите на семејството Камчеви“, рече Пауновски. Поранешниот министер за одбрана нагласи дека го разбира стравот на судиите, но дека и тие треба да разберат дека станува збор за човечки живот. „Доколку и натаму не биде дозволувано да се повтори постапката, тоа ќе биде правосуден преседан“, додаде Пауновски. Тој рече дека за целиот случај континуирано го информира и Судот за човекови права во Стразбур. Екс – министерот Пауновски беше осуден на три и пол годишна казна затвор за злоупотреби, односно поради тоа што дозволил фирма зад која стоеле неговиот дедо и баџанак да изврши набавки на храна за потребите на АРМ. Зад него застана и Хелсиншкиот комитет за заштита на човековите права, како и Транспарентност Македонија. /крај/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Сончево време со мала до умерена облачност, од утре дожд

Објавено пред

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со појава на утринска магла. Во југоисточните делови ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, во утринските часови со појава на слаба магла. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Во следните денови ќе преовладува умерено до значително облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а в недела засилен ветер од југоисточен правец. В недела кон крајот на денот и в понеделник врнежите ќе бидат пообилни, а на места и поројни (над 35 л/м2). о понеделник на планините врнежите ќе бидат од снег.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Ѓорчев: Македонија победила многумина, ќе го победи и Заев

Објавено пред

Македонија победила многумина, Македонија ќе го победи и Заев, доаѓа времето за неговата оставка и подобри денови за македонскиот народ, рече на вечерашниот протест во Велес членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.

Тој рече дека во Велес, како цела Македонија, народот се кренал да ги одбрани идеалите на револуционерите што го кренаа Илинден, на македонските партизани, кои извојуваа победа и донесоа слобода за Македонија во Втората светска војна.

„Тука, во Велес, на овој плоштад е таа симболика што ја гледаме и чувствуваме, тука се гемиџиите и онаа генерација Илинденци, но тука со нас, со својот паметник, е велешанецот Коста Солев Рацин. Тука сме и ние синовите и внуците и внуките на Македонија и затоа не се откажуваме. Знаеме дека е темница и нè тиштат овие работи, но не заборавајте дека идејата што почна во 1893 година почна од 6 луѓе“, рече Ѓорчев.

Тој додаде дека епопејата на НОБ почна на 11 октовмри 1941 од еден одред во Прилеп и еден во Куманово, а денес околностите се поинакви бидејќи, како што рече, политички се бориме, но сепак не се откажуваме и затоа секој ден ќе се бориме достоинствено против политиките на Зоран Заев.

„Оваа декемвриска темница со нашето достоинство, со нашата љубов кон Македонија, ги навестуваме македонската пролет и македонската зора, која ќе изгрее. Македонија победила многумина, Македонија ќе го победи и Зоран Заев. Ќе дојде времето за неговата оставка, ќе дојде време кога повторно на овој плоштад со вашите знамиња и нашите прекрасни македонски песни ќе прославиме. Ќе изгрее сонцето на слободата, доаѓа зората и подобро време“, изјави Ѓорчев.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Славески: Нема да прифатиме негирање на македонскиот идентитет и јазик

Објавено пред

Нема да прифатиме негирање на македонскиот идентитет и јазик, изјави Трајко Славески, на протестот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.

„Тука сме да изразиме несогласување со македонскиот врв, особено со премиерот Заев, кој ја задира сржта на македонскиот идентитет. Оттука, исто така искажуваме несогласување, што и по нашите барања за средба за запознавање за тоа за што се преговара, со кого се преговара, до тоа не дојде и мислам дека тоа е сосема некоректно“, рече тој.

Славески рече дека македонскиот јазик е одамна признат и нема да прифатат никакво негирање.

„Ние сме тука заедно со граѓаните на Битола да кажеме дека ова не смее да помине, ние сме Македонци, македонскиот идентитет е таков со векови, македонскиот јазик е одамна признат и никакво негирање нема да прифатиме, ниту од претставниците на Република Бугарија, најмалку од нашите избраници, затоа што некој ги избрал, кои во овој случај се на границата на предавство“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

Во Македонија 1.100 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија 30 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 1.100 нови случаи, соопшти Министерството за...

Македонија14 часа

Мицкоски: Од комисијата има признание дека се преговара за идентитетот, Заев лажеше

Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот македонски, кој го означува нашиот идентитет,...

Македонија15 часа

Историската комисија заглави кај цар Самуил, спорна придавката македонски

Мешовитата македонско-бугарска историска комисија на 11. средба не постигна напредок во преговорите. Историчарите се обиделе да ги надминат разликите за...

Македонија16 часа

Вакцинирањето во земјата ќе почне до март и ќе биде бесплатно

Вакцинирањето против Ковид-19 ќе почне во првите два-три месеци в година, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Ќе се примаат...

Македонија16 часа

Граѓаните над 65 години први ќе ја примат вакцината против Ковид-19

Граѓаните со хронични белодробни и кардиоваскуларни болести и граѓаните постари од 65 години ќе имаат предност за вакцината против Ковид-19,...

Македонија17 часа

Холандската амбасада демантира дека Холандија го поддржува ветото

Холандската амбасада попладнево ја демантира и ја оценува како лажна вест информацијата дека Холандија го поддржала бугарското вето за Северна...

Европа18 часа

„Астразенека“ и „Оксфорд“ презентираа различни тврдења за нивната вакцина

Компанијата „Астразенека“ и Универзитетот Оксфорд дадоа спротивставени тврдења за начинот на дозирање на нивната вакцина против коронавирус, што е редок...

Македонија19 часа

Нефи Усеини не е повеќе советник во Општина Охрид

Дванаесет советници на Општина Охрид гласаа „за“ прифаќање на оставката поднесена од охридскиот светник Нефи Усеини. На наредната седница Советот...

Македонија20 часа

Пензионерите бараат приоритет за вакцинирање против Ковид-19

Сојузот на здруженија на пензионери апелира приоритет при вакцинирањето против Ковид-19 да имаат пензионерите. „Во име на над 300.000 возрасни...

Топ21 час

Разбиена криминална група која шверцувала дрога во македонски затвори

Криминалистичката полиција во соработка со СВР Скопје, поднесе кривична пријава против 27-годишниот А.М. од Дебар, поради сомнение за сторено продолжено...

Регион21 час

(Видео) Силна експлозија во центарот на Белград, еден загинат и двајца повредени

Утрово, нешто пред 10 часот, се случи силна експлозија пред зградата на српската државна телевизија РТС во Белград. Едно лице...

Топ22 часа

Кавадарчанец со секира се обидел да ја убие сопругата, па загинал фрлајќи се во река

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од МВР изврши увид во куќа во селото Шивец...

Регион22 часа

Курц: Секој што ме познава знае колку сум приврзан за Балканот

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, реагираше на критиките кон него поради изјавата дека повратниците од годишниот одмор го донеле коронавирусот во...

Македонија23 часа

Македонските и бугарските историчари и денеска ќе расправаат за средновековниот и раноосманлискиот период

Македонско-бугарската мешовита комисија за историски и образовни прашања и денеска ќе расправа за средновековниот и раноосманлискиот период, по состанокот одржан...

Македонија23 часа

(Видео) Пендаровски: Здравствените производи треба да бидат достапни за сите

Здравствените производи со сертифициран квалитет треба да бидат достапни за сите, истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќање на специјалнатата сесија на...

Македонија24 часа

Градоначалниците на Битола и Гостивар се позитивни на коронавирус

Градоначалниците на општините Битола и Гостивар – Наташа Петровска и Арбен Таравари, преку социјалните мрежи известија дека се заразени со...

Регион24 часа

ЕУ и Грција ќе формираат нов прифатен центар на Лезбос

Европската комисија потпиша меморандум во кој се опишува деталниот план договорен меѓу грчките власти и агенциите на Европската Унија за...

Свет1 ден

„Модерна“: Околу 100 милиони вакцини против корона ќе бидат достапни на почетокот на годината

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека очекува да може да испорача меѓу 100 и 125 милиони дози на експерименталната вакцина...

Европа2 дена

Шведска ги отфрла препораките на СЗО, тамошните експерти велат дека маски не се потребни

Сè уште нема потреба да се носат маски во Шведска, изјави денес водечкиот здравствен службеник во оваа скандинавска земја со...

Македонија2 дена

Заев: Да профитираме од извоз на сушен цвет од канабис, а дома да ја легализираме марихуаната

Ако успее парламентот до крајот на годината да го донесе законот за измени и дополнување на Законот за опојнит дроги...

Досие