Македонија
Потпретседателот на Светската банка Филип Луру во Македонија
Потпретседателот на Светската банка за Европа и Централна Азија, Филип Луру денеска ќе допатува на својата прва работна посета на Македонија.
Потпретседателот на Светската банка за Европа и Централна Азија, Филип Луру денеска ќе допатува на својата прва работна посета на Македонија.
Потпретседателот Луру ќе биде придружуван од Џејн Арметиџ директор на Светската банка за Југоисточна Европа а цел на посетата е започнувањето на дискусиите за новата Стратегија за партнерство со земјата за наредните четири години.
Во периодот од денеска до 16ти март Луру и Арметиџ ќе имаат одвоени средби со претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Никола Груевски како и со заменик претседателот на владата и министер за финансии Зоран Ставрески ,а Луру ќе се сретне и со гувернерот на НБ на Македонија Петар Гошев како и со претставници на меѓународните организации и амбасади во земјава./крај/со/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Демири и Баланс МК разговараа за зголемување на опфатот на пациенти со инсулинска пумпа и сензори за мерење на гликемијата
Министерот за здравство д-р Илир Демири вчера оствари средба со претставници на Асоцијацијата за детски дијабетес Баланс МК. На средбата, разговараа за зголемување на опфатот на пациенти со инсулинска пумпа и сензори за континуирано мерење на гликемија.
„Министерството за здравство и Баланс МК имаат успешна соработка која продолжува и во следниот период со цел подобрување на квалитетот на живот на пациентите со дијабетес во земјава“, вели Демири.
Минатата година за првпат се набавија 650 сензори за безболно мерење гликемија во крвата кај деца и млади до 18 години со дијабет тип 1, бремени жени со дијабет тип 1 и слепи лица.
Македонија
ЛДП отвора нов штаб во Центар
Либерално демократската партија денеска ќе отвори нов штаб во центарот на Скопје, каде граѓаните ќе добијат можност да ја разгледаат програмата на партијата за претстојните избори, како и да споделат свои идеи врз основа на кои ќе се креираат политики со цел подобрување на социо-економската состојба во државата.
„Со години наназад докажуваме колку сме посветени да ја оствариме волјата на народот, неуморно го трасираме патот на земјата кон Европската унија и креираме политики со кои го подобруваме животот на граѓаните и ја унапредуваме државата на секое поле и токму во таа насока е отворањето на новиот штаб каде луѓето ќе можат да ги слушнат нашите планови за идното дејствување, да остварат личен контакт со членовите на партијата и да дадат свои предлози и сугестии врз основа на кои ќе ги создаваме идните политики“, посочија од ЛДП.
Оттаму наведоа дека се навистина среќни што имаат уште еден простор, што ќе преставува централно место, од каде што ќе се шират политиките што ги креира партијата.
„Водејќи се од нашето мото „Секој е важен“, упатуваме отворена покана до сите граѓаните до го посетат штабот и лично со нас да зборуваат за предизвиците со кои се соочуваат за заеднички да правиме суштински промени кои ќе ја водат државата напред“, истакнаа од ЛДП.
Од партијата наведоа дека очекуваат голема поддршка од граѓаните на претстојните избори, бидејќи нивните заложби се во вистинска насока.
„Секојдневно сме меѓу граѓаните, ги слушаме нивните мислења, бидејќи навистина ни значи да создаваме политики со кои ќе го подобриме животот во Македонија и ќе ги надминеме сите предизвици на патот кон ЕУ, за да станеме дел од Унијата, а со тоа, последователно, да ја унапредиме државата на секое поле“, наведоа од ЛДП.
Од партијата посочија дека вратите на новиот штаб се отворени за сите граѓани. Штабот е лоциран на улица „Ленинова“, спроти кафе-барот „Локал 45“.
Скопје
(Видео) Утрово се уриваше дивоградба во Ѓорче Петров: законот мора да важи подеднакво за сите
Утрово во скопско Ѓорче се уриваше дивоградба. Законот мора да важи за сите, порача градоначалникот на општината Александар Стојкоски кој сподели видео од уривањето.
„Нема да дозволиме провлекување на поединци кои мислат дека се над законот. Денеска тоа го докажавме со отпочнување постапка за рушење дивоградба на државно земјиште. На странката и беше даден предвидениот рок да постапи, но истата ги игнорираше нашите предупредувања. Законската регулатива важи за сите исто. Нема заштитени или повластени кои си играат детски игри на сметка на сите нас, градејќи бесправно изградени објекти, без дозвола“, рече градоначалникот Стојкоски.
Вели дека согласно законската регулатива, донеле Решение за отстранување на објектот и нема да отстапат од намерите правдата да биде задоволена и еднаква за сите.
„Доаѓаат нови, добри и праведни времиња. Завршија деновите на провлекување и ‘дупки во законот’ за правните и физички лица по разни основи и непочитување на правото. Цврсто стоиме на ставот да се справиме со сите кои ќе намислат слично да постапуваат. Имајте во предвид дека никој нема да биде поштеден“, порача градоначалникот.