Контакт

Македонија

Времето сончево со умерена облачност

Објавено пред

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачноста, а метеоролозите најавуваат умерен ветер во западните делови на земјата.

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачноста, а метеоролозите најавуваат умерен ветер во западните делови на земјата.Минималните температури ќе се движат од – 6 до 0, а максималните од 9 до 17 степени.Во Скопје и околината се очекува сончево време со умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Дневната температура ќе се искачи до 15 степени./крај/ухмр/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Штипјанец градел станбен објект на државно земјиште

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против Д.Т.(51) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело бесправна градба.

Во текот на 2019, на катастарска парцела во Штип, пријавениот, на земјиште со правен статус во државна сопственост, противправно и без да поседува соодветно одобрение за градба од надлежен орган, вршел градежни активности – градба на станбен објект, информираат од МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Благајник си присвоил пари од касата на Македонска пошта

Објавено пред

Благајник во подружница на Македонска пошта во Гостивар, противправно присвоил за себе парични средства во износ од 1.925.128 денари, кои му биле доверени во службата.

Ова се случило на крајот на минатиот месец, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Станува збор за лице од Гостивар,  со иницијали С.Џ. на возраст од 56 години.

Против благајникот поднесена е кривична пријава за проневера во службата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров во Берлин: Без никакви дилеми заслуживме почеток на преговорите со ЕУ

Објавено пред

Со оглед и на историските и храбри исчекори во надминување на сензитивни билатерални прашања, земјата без никакви дилеми го заслужи почеток на преговорите, изјави денес во Берлин, министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој учествуваше на конференцијата „Балкански дијалози“ во коорганизација на Минхенската безбедносна конференција, EAST WEST Институтот и Белградскиот фонд за политичка извонредност.

Во своето обраќање на пленарната сесија насловена „Заживување на европската перспектива на Западниот Балкан“, министерот Димитров образложи дека Северна Македонија е заинтересирана што е можно поскоро Европската комисија да го изработи и претстави пред земјите-членки својот предлог за подобрување на пристапниот процес. Укажа дека земјата покажала високо ниво на зрелост и мудрост и ќе го продолжи засилениот ангажман во правец на исполнување на ЕУ реформите.

Во меѓувреме, истакна министерот, добредојдени се сите добронамерни размислувања кои ќе придонесат за побрз почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ и кои ќе ги направат преговорите подобро структурирани, поефикасни, пофер, посуштински и покредибилни. МНР Димитров потенцираше дека економската интеграција во ЕУ не може да се одвива без својот политички дел, ниту да се нуди како привремена замена за полноправно членство.

„Северна Македонија, преку процесот на стабилизација и асоцијација, 15 години се подготвува за членство и има постигнато високо ниво на усогласеност во многу области на законодавството на ЕУ. Со оглед и на историските и храбри исчекори во надминување на сензитивни билатерални прашања, земјата без никакви дилеми го заслужи почеток на преговорите“, рече Димитров.

Министерот ја нагласи важноста и потребата земјите-членки во Советот без одлагање да постигнат консензус за почетокот на преговорите со Северна Македонија. Јасната европска перспектива и крајната цел за полноправното членство треба да бидат недвосмислено потврдени со конкретни дела, бидејќи истото е од заемен интерес за регионот на ЗБ и за ЕУ. Без таа јасна перспектива напорите за решавање на преостанатите важни билатерални спорови во регионот ќе останат залудни.

Во рамки на посетата, Димитров имаше средби и со Уве Корсепиус, советникот за ЕУ на Канцеларката Меркел, со претставниците на германското Министерство за надворешни работи, Томас Осовски, ополномоштеник за ЕУ и Сузане Шуц, ополномошник за Југоисточна Европа, како и со Пјер Мирел, Почесен Генерален директор, Европска Комисија кој беше еден од панелистите на конференцијата.

На средбите, меѓу другото беа разменети мислења за ситуацијата во земјата и регионот после исходот на октомврискиот Европски самит, за францускиот предлог за нова методологија, следните чекори во насока на постигнување консензус за одлука за почеток на пристапни преговори и за конференцијата за иднината на Европа. Беше поздравено и учеството на македонската делегација на лидерскиот состанок во Лондон и изразено заемно задоволство од очекуваното набрзо комплетирање на долгоочекуваниот процес на евро-атлантска интеграција на Северна Македонија, една од двете главни стратешки цели на земјава, што е од значаен интерес за стабилноста и сигурноста на Европа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Камчев: Алчноста на Катица за пари беше клучна во оваа работа

Бизнисменот Орце Камчев по денешното сведочење за случајот „Рекет“ откако излезе од судот уште еднаш потенцираше дека Бојан Јовановски, Катица...

Македонија3 часа

На една од средбите меѓу Јовановски и Камчев бил и министерот Филипче

Бојан Јовановски во предметот за случајот „Рекет“ му поставува прашања на сведокот Орце Камчев во судницата. Јовановски го персира, додека...

Македонија4 часа

Боки 13 до Камчев: Oперациите вo „Систина“ не ви се успешни

Присутните се смееја во судницата на рочиштето за случајот „Рекет“ кога Бојан Јовановски почна да го испрашува сведокот Орце Камчев....

Македонија5 часа

Камчев: Не се само Катица и Боки 13, треба да има и други обвинети за „Рекет“

Веќе час и половина сведокот бизнисмен Орце Камчев го дава својот исказ во судот за случајот „Рекет“. Тој, освен кон...

Македонија6 часа

Боки 13 се пожали на здравствената состојба, судијката го опомена дека ќе го извади од судницата

Судијката Васка Николовска-Масевска му рече на обвинетиот Бојан Јовановски, алијас Боки 13, дека ќе го извади од судницата ако говори...

Свет7 часа

Франција втор ден парализирана поради штрајкот

Втор ден продолжува штрајкот во Франција. И денеска нарушен е јавниот превоз, а училиштата се затворени. Синдикатите најавија дека планираат...

Свет7 часа

Меркел во прва посета на Аушвиц, ќе донира 60 милиони долари за Меморијалот

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска за првпат ќе го посети Меморијалот Аушвиц-Биркенау, откако ја презеде функцијата пред 14 години. Меркел...

Свет8 часа

150 пожари ја пустошат Австралија

Пожарникари се обидуваат да ги стават под контрола 150-те пожари во Нов Јужен Велс додека силни ветрови го шират чадот...

Свет8 часа

Пентагон размислува да испрати неколку илјади војници на Блискиот Исток

Министерството за одбрана на САД размислува за дополнително распоредување на 4-7 илјади војници на Блискиот Исток за да се спротивстави...

Македонија8 часа

Во кривичниот суд пак ќе се оценува обвинението за организаторите на насилниот упад во Собранието

Во кривичниот суд по вторпат ќе се оценува обвинителниот акт за организаторите на насилниот упад во Собранието од 2017 година...

Свет8 часа

Туск: Брегзит е најтажното искуство за време на мојот мандат

Брегзит е една од најспектакуларните грешки во историјата на Европската Унија, вели Доналд Туск во интервју за „Гардијан“, што е...

Македонија8 часа

Продолжува судењето за „Рекет“, ќе сведочат Орце Камчев и неговата сопруга

Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева денеска треба да се појават во кривичниот суд во Скопје како сведоци...

Европа19 часа

Над половина милион луѓе протестираа во Франција, сообраќајот во колапс

Повеќе од 510.000 демонстранти излегоа на улиците на 70 града во Франција во знак на протест против најавените пензиски реформи...

Свет24 часа

САД со обвинение против руски хакери кои во своите операции украле над 100 милиони долари

Американските власти денеска покренаа обвинениe против лидерот на руската криминална група за компјутерски криминал позната како Evil Corp „Зла корпорација“...

Македонија1 ден

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Македонија1 ден

Обвинение за судијата Мустафа Шахини за злоупотреба на службената положба

Управниот судија Мустафа Шахини наскоро треба да седне на обвинителна клупа во предметот за злоупотреба на службената положба и овластување...

Македонија1 ден

Собранието ќе одлучи дали треба Јовески да го преземе СЈО

На 11 декевмри на собраниската седница ќе се најдат измените на Законот за јавнообвинителска служба со кој треба да се...

Македонија1 ден

(Видео) Деспотовски: За жал, изборите ќе ги пролонгираат грантовите од Фондот за иновации

Изборите ќе ги пролонгираат грантовите што ги доделува Фондот за иновации и технолошки развој, најави Јован Деспотовски во интервју за...

Култура1 ден

„Медена земја“ е најдобриот документарец за 2019 според критичарите во Њујорк

Американската организација на филмски критичари од Њујорк „New York Film Critics Circle (NYFCC)“ синоќа ја додели наградата за најдобар документарен...

Регион1 ден

Радев: Во НАТО државите се поделени на произведувачи и купувачи

Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на лидерите на земјите членки на НАТО дека иднината на алијансата не ја гледа...

Досие