Контакт

Македонија

Се активираше свлечиштето кај „Метропол“ – нема повредени

Објавено пред

Голем одрон се случи синоќа околу 20.30 часот на регионалниот пат Охрид – Св. Наум во близина на хотелот „Метропол“.

Голем одрон се случи синоќа околу 20.30 часот на регионалниот пат Охрид – Св. Наум во близина на хотелот „Метропол“.

Над илјада кубни метри земја и камења се одронија од ридот во близина на селото Коњско, а помал дел заврши на коловозот.

За среќа во моментот на одронот на патот не поминувале возила така што е избегната поголема катастрофа.

Со интервенција на механизирана екипа по 23 часот коловозот беше целосно расчистен, а се работеше и отстранување на остатоците од одронот над патот.

За време на расчистувањето сообраќајот на регионалниот пат Охрид – Св. Наум кај Метропол се одвиваше со кратки застои.

Голем одрон од карпи и камења се случи на истото место на 22 февруари, кога исто така за среќа немаше повредени.

За да се санира свлечиштето кај “Метропол“, кое што проработи од преголемата  влага и наглите температурни промени кои следат по обилните врнежи во охридско, потребна е поголема интервенција../крај/охриднус/см



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ со протести во седум градови под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ денеска од 18 часот ги повикува граѓаните, на како што велат од опозициската партија, протести за одбрана на националните интереси под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“.

Протести ќе се одржат во Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци, Прилеп, Охрид и Битола.

„Време е граѓаните на Република Македонија да се обединат и да се стави крај на лудоста на Зоран Заев, човекот кој што сака да ги продаде националните интереси. Заев не може да испорача ништо добро за својата држава и мора да си оди. Оставка веднаш“, велат од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека само така македонските граѓани ќе живеат подобро.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Охрабрува бројот на оздравени

Објавено пред

„Епидемијата го достигна пикот минатата недела, сега бројките се стабилизираат, а Р-факторот на преносливост е 1“, вели министерот за здравство, Венко Филипче.

„Во однос на болничките капацитети, во внатрешноста има капацитети близу 1000 болнички легла, во Скопје интензивно работевме во изминатиот период за проширување на капацитетите на интерните клиники и се обезбедени близу 200 легла. Клиниката за оториноларингологија има капацитети кои се уште не почнале да се исполнуваат. Ќе бидат на располагање и 100 кревети некаде на почетокот на следната недела од приватните клиники“, вели Филипче.

Министерот вели дека она што охрабрува е што покрај големиот број на новозаразени, расте и бројот на оздравени.
„Координацијата е секојдневна со директорите на сите болници во државата, се случува да некој пациент дојде ненајавен и да се створи нервоза кај семејството, но тоа се менаџира на дневна основа“, вели Филипче.

Министерот смета дека бројот на смртни случаи расте на глобално ниво, од кои 81 процент во регионите на Европа и Америка.

„Во однос на регионот, забележително е дека бројот на нови случаи останува на високо ниво, многу благо се намалува, а бројот на смртни случаи останува висок на дневно ниво“, вели Филипче.

Прикажи повеќе...

Македонија

Со герила акција одбележан Денот за борба против насилство врз жените

Објавено пред

Со обележување на јавните простори во градот Скопје, каде најчесто се случува/ло сексуално вознемирување на јавни простори, го обележавме 25 ноември – Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените и одбележуваме 16 дена против родово базирано насилство.

Герила акцијата е изведена на места, односно локации наведени од жени и девојки кои доживеале сексуално вознемирување на јавните простори во градот Скопје и кои пополниле анкета спроведена во октомври 2020.

MK/AL⬇️

Со обележување на јавните простори во градот Скопје🎯, каде најчесто се случува/ло сексуално вознемирување на…

Posted by Женска слободна зона – Zona e Lirë e Grave on Wednesday, November 25, 2020

Со оваа акција, сакаме да ја подигнеме свесноста за оваа форма на сексуално вознемирување и истовремено да испратиме порака за солидаризација и заедничка борба против сите форми на вознемирување и насилство врз жените.

Женска слободна зона (ЖСЗ) е женска иницијатива за зголемување на свесноста за сексуалното вознемирување на жени на јавни простори. Иницијативата е производ на желбата за солидаризација и заедничка борба против сексуалното вознемирување, уличното вознемирување и мизогинијата, како и на нашите заложби за изградба на мир во општеството преку намалување на родовиот јаз.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија56 минути

Филипче: Охрабрува бројот на оздравени

„Епидемијата го достигна пикот минатата недела, сега бројките се стабилизираат, а Р-факторот на преносливост е 1“, вели министерот за здравство,...

Свет1 час

Трамп: Испораката на вакцина против коронавирус започнува следната недела

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека испораката на вакцина против коронавирус ќе започне следната недела, пренесува „Ројтерс“. Во разговор со...

Свет2 часа

Истражување: тестирањето на антитела покажува помал број лица заразени со коронавирус

Тестирањето на антитела во крвта за да се утврди инфекцијата со коронавирус дава помал број во споредба со реалната состојба...

Свет2 часа

СЗО: Вакцината ќе ни даде контрола над вирусот

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирусот...

Свет3 часа

Болсонаро: Не сакам да се вакцинирам

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, изјави дека нема да прими вакцина против коронавирусот. Тој во видеообјава преку социјалните мрежи вели дека...

Спорт3 часа

Погребан Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, кој почина во средата е погребан во Буенос Аирес. Илјадници навивачи низ улиците на...

Свет3 часа

За еден ден потврдени повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид- 19

Повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид-19 се потврдени за еден ден во светот, објави Светската здравствена организација (СЗО), со...

Свет3 часа

(Видео) Трамп: Ќе ја напуштам Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат...

Свет4 часа

Милиони Американци отпатувале на семејни средби за Денот на благодарноста и покрај предупредувањето да не се групираат

Mилиони Американци отпатуваа на семејни средби на Денот на благодарноста и покрај предупредувањата на експертите да не го сторат тоа...

Македонија15 часа

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа потврдени се 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа, а 1.094 оздравеа, соопшти Министерството за...

Македонија16 часа

Рот: Северна Македонија запиша историја со договорот со Бугарија, тоа сега треба и да се награди

Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција,...

Македонија17 часа

Захариева: Бугарија ги блокира преговорите за Северна Македонија поради говорот на омраза

Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија  сè додека не го напушти говорот...

Европа17 часа

Италија го воведува првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД

Италија ќе го пушти првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД за патниците со негативен тест на коронавирус, со...

Регион19 часа

Хрватска воведува строги мерки – се затвораат рестораните, училиштата, фитнес-центрите…

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, ги претстави новите строги мерки за борба против коронавирусот, кои ќе траат најмалку до 21...

Македонија20 часа

На вработените во МВР ќе им бидат исплатени заостанатите бонус плати за 2017 и 2018 година

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска имаше он лајн состанок со претставници на Македонскиот полициски синдикат, предводени од претседателот...

Македонија21 час

Црвенковски: Го замрзнувам членството, изјавите на Заев направија огромна штета

Поранешниот претседател и основач и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранкo Црвенковски, во јавно обраќање до раководството и членовите на СДСМ...

Македонија22 часа

Заев: Фашистичката окупација била присутна, но не можете за цел народ да кажете дека бил окупатор

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања поврзани...

Македонија22 часа

На Клиниката за уво, нос и грло од денеска ќе се примаат пациенти заразени од коронавирус

Во текот на денешниот ден ќе се отвори и ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло, каде што ќе...

Македонија1 ден

Ѓоргиев за „Дојче веле“: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка, изјави македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот...

Топ1 ден

Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија. Од МВР информираат дека...

Досие