Контакт

Македонија

Специјализирана компјутерска опрема за учениците со хендикеп

Објавено пред

Учениците со посебни потреби од годинава ќе добијат специјализирани хардвери како и софтвер програми со кои ќе можат непречено да ја следат образовната настава во основните училишта.

Учениците со посебни потреби од годинава ќе добијат специјализирани хардвери како и софтвер програми со кои ќе можат непречено да ја следат  образовната настава  во основните училишта.

Програмата „Еднаков пристап за еднакви можности“ е во организација на Здружението „Отворете ги прозорците“ и УСАИД,  кои во наредниве  две години  ќе ги доопремуваат постоечките компјутери во основните училишта со специјализирани мауси (глувчиња), тастатури, џојстик управувачи и софтверски програми.

Овој проектот  има за цел да овозможи брз и едноставен пристап до информациската технологија  за  над 200  ученици  со  посебни потреби.

„Сакаме да покажеме со овој проект дека асистивната технологија  ќе овозможи поефективно образование за оваа категорија на деца. Оваа технологија ќе го олесни пристапот, ќе создаде еднакви можности при што самиот хендкеп станува неважен. Сите лица  ќе имаат пристап до информациската технологија“, изјави претседателката на здружението „Отворете ги прозорците“ Лидија Крстевска Дојчиновска.

Директорот на мисијата на УСАИД истакна дека оваа програма истовремено ќе придонесе за зголемување на конкурентноста на лицата со хендикеп на пазарот на труд.

„Оваа програма ќе овозможи за првпат учениците со хендикеп во Македонија да го следат редовниот образовен процес по  светски стандарди. Преку асистивната технологија учениците ќе може да  ги применат своите способности во потрага по знаења и вештини“,  рече Мајкл Фриц, директор на мисијата  на УСАИД.

Поддршка  за програмата даде и министерот за образование и наука Никола Тодоров, кој   вети дека  во најкус временски рок ќе се  постават и останатите компјутери кои сеуште  стојат во училишните подруми.

Со цел да биде непречено и квалитетно реализиран овој проект, паралелно  е предвидено да се вршат  и обуки  на наставниците за  новата асистивна технологија.

УСАИД за програмата  „Еднаков пристап за еднакви можности“ донираше 200.000 илјади  долари./крај/рќ



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Назначувањето на Бучковски е очаен обид да се најде жртва за да ѝ се препише поразот на Заев

Објавено пред

Кадарот Владо Бучковски не е никаков скриен ас на Заев во преговорите, туку очаен обид да се најде жртва на која ќе ѝ се препише поразот на политиките на премиерот во заминување, велат од ВМРО-ДПМНЕ, откога Владата денеска го назначи експремиерот Бучковски за специјален претставник за Бугарија.

„Назначувањето на Владо Бучковски е и потврда дека во СДСМ врие и на овој начин Заев преку доделување функции се обидува да најде сојузници да ја зачува својата фотелја бидејќи со погубните политики не само што се доведува во прашање егзистенцијата на премиерското место туку и на претседателското во СДСМ“, велат од опозициската партија.

Оттука додаваат дека наместо замајување на јавноста со стари и истрошени кадри, Заев треба да одговори за што точно тајно преговара со бугарската влада овој викенд и дали е се тргува со историјата, јазикот, македонското малцинство и идентитетот.

Опозицијата прашува и зошто Заев отфрлил постигнување национален консензус за ова прашање и зошто се плаши од национално единство во разговорите со Бугарија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бучковски назначен за специјален претставник на Владата за Бугарија

Објавено пред

Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија.

Поранешниот премиер е именуван на оваа позиција на денешната владина седница.

Неговото назначување е во период кога Скопје прави напори за изнаоѓање решение со Софија, која се закнува со блокада на преговарачката рамка на Македонија за почеток на преговорите со Европската Унија.

Бучковски беше некогашен лидер на СДСМ, премиер и министер за одбрана. Тој по професија е правник и професор по римско право.

Прикажи повеќе...

Македонија

Царовска: Унапредувањето на стручното образование е наш приоритет, воведовме стипендии за бараните струки

Објавено пред

Посветено работиме за да се врати достоинството на средните стручни училишта, а учениците да ја сфатат нивната вредност, за да образуваме нови генерации млади луѓе барани на пазарот на труд, рече министерката за образование и наука, Мила Царовска, по посетата на средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ во Штип. Министерката, заедно со в.д. градоначалникот Јане Миланов, со директорот и наставниците на основното училиште „Гоце Делчев“ разговараа за текот на наставата, а се сретнаа и со ректорот на УГД „Блажо Боев“.

„Стручното образование за МОН и за Владата останува висок приоритет. Со вложување во средното стручно образование создаваме граѓани коишто се работоспособни и директно може да се вклучат на пазарот на труд, но имаат и можност да се вклучат и во високото образование. Овие кабинети кои ги видов тука навистина даваат можност учениците да се стекнат со практични вештини. Интенцијата на МОН во наредниот период е преку тесна врска со компаниите да се обезбеди можност праксата да се изведува во компаниите или што поголем број училишта да се поврзат со компании и да се воспостави системот на дуално образование“, изјави Царовска.

Со тоа, третина од средното образование би се изведувало во реален производствен процес, а директното остручување им дава подобра стартна шанса на сите ученици кои завршуваат стручно образование.

„Оваа година ја променивме политиката за стипендирање и за првпат се воведоа стипендии за стручните училишта. На денешната владина седница се зголеми бројот на стипендии за електротехничката струка, затоа што имавме повеќе апликации. Од 9 се зголеми на 23 за да може да ги опфатиме сите ученици коишто сакаат да бидат стипендирани, а се од електро струката, којашто е значајна за целата индустрија во нашата земја“, нагласи министерката Царовска.

Од годинава воведени се ученички стипендии за избрани дефицитарни струки: машинска, земјоделско-ветеринарна, текстилно-кожарска, електро-техничка и градежно-геодетска струка.

Министерката Царовска посочи дека посебно внимание се посветува на подобрувањето на условите во училиштата. Во средно училиште „Коле Нехтенин“ завршена е реконструкцијата на кровот, што е целосна инвестиција на Министерството за образование и наука во вкупен износ од 17,5 милиони денари. Во тек се градежни работи за реновирање на спортската сала во состав на училиштето, што се прави со средства од општината, со цел да се обезбедат подобри услови за физичко воспитание и образование на учениците.

И покрај здравствената криза, наставата се спроведува успешно. Теоретскиот дел учениците го следат онлајн, додека практичниот се реализира со физичко присуство, под здравствени протоколи и мерки.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 минути

Украден паричник од покојник во ковид-центар во Скопје

Украден е паричник од маж кој починал во ковид-центарот на Комплексот клиники Мајка Тереза. Случајот вчера во полицијата го пијавил...

Македонија28 минути

Бучковски назначен за специјален претставник на Владата за Бугарија

Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија. Поранешниот премиер е именуван на оваа позиција на...

Македонија2 часа

ЗНМ, ССНМ и СЕММ на средба со Филипче: Нема забрана за снимање, новинарите да продолжат непречено со својата работа

На барање на министерот за здравство, Венко Филипче, денеска се одржа состанок со претставници на Здружението на новинари на Македонија...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски: Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци

„Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци и затоа навистина овој пат треба да...

Регион2 часа

Србија воведе нови мерки – угостителските објекти и продавниците ќе работат до 17 часот, за викенд ќе бидат затворени

Србија воведе нови мерки кои треба да бидат усвоени од Владата в четврток и да стапат на сила в петок....

Македонија3 часа

УКИМ: Обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата

Обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата, сметаат од Универзитетот...

Македонија4 часа

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 846 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 846 пациенти позитивни и...

Македонија6 часа

Волонтерите од Воено-медицинскиот центар и студентите од шеста година се вклучија во работата на ковид-центрите

Лекарите и медицинските сестри од Воено-медицинскиот центар (ВМЦ) и студентите кои се на шеста година студии на Медицинскиот факултет во...

Регион6 часа

Катимерини: Спорот меѓу Скопје и Софија ќе се пренесе во НАТО

Инсистирањето на Бугарија да ги блокира разговорите за пристапување во Европската Унија со Северна Македонија ризикува да создаде уште една...

Македонија7 часа

Почина заменик-градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи

Енвер Малиќи, заменик-градоначалникот на Град Скопје, починал денеска во болницата „Систина“, откако беше хоспитализиран поради низа здравствени проблеми, а беше...

Свет7 часа

„Модерна“ бара од САД и ЕУ да ја одобрат нејзината вакцина

Фармацевтската компанија „Модерна“ побара од регулаторите на САД и Европа да ја дозволат употребата на нејзината вакцина против коронавирус. Компанијата...

Свет7 часа

Азар: Првите вакцини против коронавирус во САД ќе стигнат пред Божиќ

Првите две вакцини против новиот коронавирус би можеле да им бидат достапни на Американците пред Божиќ, изјави американскиот министер за...

Свет7 часа

Си-ен-ен: Кина од почетокот криела податоци за коронавирусот, покажувала помали бројки

Си-ен-ен објави ексклузивни документи за кои наведува дека покажуваат значајни пропусти од страна на Кина на почетокот на епидемијата на...

Свет8 часа

Американски експерти: Ким е вакциниран против Ковид-19, вакцината му ја дала Кина

Кина му обезбедила експериментална вакцина против коронавирус на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и неговото семејство, тврди американскиот аналитичар Хери Казианис,...

Свет8 часа

САД: Осуден на смрт пред 20 години не може да биде погубен бидејќи нема инјекција

Судот во Јужна Каролина донесе одлука да се одложи извршување на смртната казна со вбризгување инјекција на осуденикот Ричард Бернард...

Македонија9 часа

Меркел: Северна Македонија се надеваме годинава да ги почне преговорите, Албанија ќе почека

Северна Македонија сè уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското...

Македонија16 часа

Нови 336 заболени и 32 починати од Ковид-19 во земјава

Во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 95 -Куманово...

Свет19 часа

(Видео) Пензионери излегоа на улиците на Минск против Лукашенко

Стотина пензионери протестираа денеска во Минск барајќи оставка од долгогодишниот авторитарен претседател Александар Лукашенко. Безбедносните сили во еден момент спречија...

Регион20 часа

Руската вакцина „спутник V“ ќе стигне во Србија до крајот на неделата

Првиот дел од руската вакцина „спутник V“ ќе пристигне во Србија до крајот на оваа недела, соопшти владината прес-служба на...

Македонија21 час

Групата за процена во ЦУК: Да се продолжи кризната состојба

Денеска, во Центарот за управување со кризи се одржа втора седница на групата за процена во ЦУК. Со седницата на...

Досие