Контакт

Македонија

АДП ќе започне со санација на свлечиштата во Сопиште и кај Ресен

Објавено пред

Агенцијата за државни патишта (АДП) најави дека од утре ќе започне со процедурата за санирање на свлечиштата во Сопиште и во близината на Ресен.

Агенцијата за државни патишта (АДП) најави дека од утре ќе започне со процедурата за санирање на свлечиштата во Сопиште и во близината на Ресен. Како што соопштуваат од АДП, утре ќе биде отворена постапката за избор на изведувач за санација на свлечиштето во Сопиште, додека на 31-ви март ќе отпочне постапката за санација на свлечиштето кај Ресен.    Агенцијата за државни патишта во соработка со други релевантни институции планира спроведување на анализа на критични точки во државата и изготвување на извештај за потреба од превземање на мерки на места каде е можна појава на нови свлечишта во следните години. /крај/со/ач

Македонија

Заев: Фашистичката окупација била присутна, но не можете за цел народ да кажете дека бил окупатор

Објавено пред

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања поврзани со неговото вчерашно интервју за бугарски медиум.

„Никаде во светот не се преговара за идентитет и за свој мајчин јазик“, додава тој.

Во однос на окупацијата од страна на фашизмот вели дека била присутна насекаде во Европа и во светот.

„Таа е окупација, но не е причина да кажете дека цел еден народ, без разлика дали е македонскиот, албанскиот, бугарскиот, српскиот, дека е окупатор. Затоа велам администрација. Затоа што тогашното раководство на Бугарија, Царска Бугарија се приклучува и донела одлука да се приклучи на Третиот Пакт, како што знаеме сите и тоа е факт. Но, денес да зборувате за фашистичка Бугарија, фашистичка Германија, да зборувате за цела една нација, да зборувате за денешните генерации, како резултат на дел на предци кои тоа го направиле. Тоа не е поглед кон иднината“, смета премиерот.

Според него, прашањето е дали ги употребуваме вистинските зборови, за да градиме пријателство или не.

„Треба да ги прифатиме историските факти, треба да ги признаеме грешките, да не заборавиме на минатото, но, секако да си простиме, да подадеме рака и да одиме заедно, заради тоа што тоа е најмалку што нашите деца го очекуваат од нас“, вели Заев.

Тој нагласува дека постојат факти кои што можат да ги потврдат сите, а тоа е дека Царска Бугарија 1941 година застанува на страната на Тројниот Пакт, на фашизмот, но како што вели, во тие моменти никој не ги прашал Бугарите на референдум за нивната определба за да можеме денеска цела Бугарија да ја оквалификуваме како фашистичка.

„Тоа не е пријателство, тоа не е европски. Зарем заборавивме дека и во нашата Македонија и тогашна Југославија имаше соработници на окупаторите, на фашистите, домашни предавници. Тоа не ги прави ниту денешните Германци, Италијанци, Бугари, Јапонци или слично, фашисти. Европа ги реши прашањата на европски начин, треба и Балканот да ги реши прашањата на европски начин , ако сака да продолжи кон Европа“, вели македонскиот премиер.

Тој посочи дека ги разбира реакциите од јавноста, но додава дека лидерите треба да ја водат државата.

„Јас целосно ги разбирам поривот на чувствата на одредени сограѓани. Антифашистичката борба е дел и од моето семејство, дел од градот во кој што живеам. Дел од мојата татковина. Но тоа историско минато не треба да не ограничува во трасирањето на патот на нашата европска иднина. Дури 85% од граѓаните се за интеграција во ЕУ и ако не гледаме низ призмата на простувањето, низ призмата на пријателството, низ призмата на подавањето рака, треба да знаеме дека тоа не е начин за исполнување на целта на патот по кој што тргнавме“, истакна премиерот Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицевски: Денеска е ден за протести и будење на Македонија

Објавено пред

Вчера беше ден кога целата македонска јавност беше сведок на најсервилното интервју во изминативе триесет години од било кој политичар, изјави денеска Никола Мицевски, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, во однос на интервјуто кое премиерот Зоран Заев го даде за бугарски медиум.

„Денес не е ден кога треба да се зборува за други теми во Собранието на Република Македонија. Денеска е ден за протести и будење на Македонија“, порача Мицевски.

Како што рече тој, Зоран Заев во вчерашното интервју наместо македонските интереси ги застапувал бугарските интереси и додаде дека со полно право народот е бесен и се чувствува понижен.

„Денеска треба да се повикаат во Собранието Зоран Заев, Никола Димитров и Бујар Османи, ако треба и на затворена седница, да се поразговара за македонските црвени линии и да бидеме информирани како пратеници што е тоа што преговара и што се е спремен Зоран Заев да продаде од македонската држава“, нагласи координаторот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој во името на опозициската партија го повика македонскиот народ да се обедини на натпартискиот протест кој е најавен за денеска од 18:00 часот, а кој ќе започнне од СЦ Борис Трајковски, а ќе заврши пред Владата.

Заради пандемијата со Ковид-19, замоли на почитување на мерките и протоколите за заштита.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во ковид центрите во Скопје вкупно се лекуваат 478 болни

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 43 нови пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 478 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 22 приеми и тоа пет пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, четворица во ковид центарот на Клниката за Неврологија, тројца болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, тројца на Клиниката за гастроентерохепатологија и исто толку на Клиниката за очни болести, додека четворица болни се примени на Клиниката за нефрологија. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника биле примени 10 во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 30 оздравени пациенти

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 51 пациент со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, а на Клиниката за очни болести 19 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 105 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 156 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 34 пациенти, од кои 10 деца и 24 возрасен.

Вкупно 478 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

„И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 15 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“, информираат од Министерството за здравство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

Заев: Фашистичката окупација била присутна, но не можете за цел народ да кажете дека бил окупатор

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања поврзани...

Македонија56 минути

На Клиниката за уво, нос и грло од денеска ќе се примаат пациенти заразени од коронавирус

Во текот на денешниот ден ќе се отвори и ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло, каде што ќе...

Македонија3 часа

Заев: Да се соочиме со историските прашања и да развиеме капацитет да си простиме

Премиерот Зоран Заев изрази жалење што неговото интервју за „Бгнес“ предизвика толку негативни емоции, кои вели дека ги разбира. „Никој...

Македонија3 часа

Ѓоргиев за „Дојче веле“: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка, изјави македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот...

Топ5 часа

Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија. Од МВР информираат дека...

Македонија5 часа

Пендаровски: Постои дилема дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија

Спорот со Бугарија може да се реши само ако доследно се почитуваат и македонскиот и бугарскиот народ и со избегнување...

Македонија6 часа

Опозицијата бара оставка од Заев поради вчерашното интервју

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев поради ставовите изнесени во интервјуто за бугарската новинска агенција „Бгнес“. Од ВМРО-ДПМНЕ...

Свет6 часа

Меркел: Задолжително маски и на отворено

Германската канцеларка, Ангела Меркел, објави дека ограничувачките мерки против коронавирусот ќе бидат продолжени најмалку до 20 декември, а можеби и...

Свет6 часа

Трамп одобри помилување на својот поранешен советник за национална безбедност

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри помилувањето на својот поранешен советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, што медиумите го...

Македонија17 часа

Мицкоски повика на предупредувачки протест за одбрана на македонските црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со...

Македонија18 часа

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на...

Македонија19 часа

Кај Тумбе Кафе има околу 10.000 гранати од Првата светска војна, уништувањето ќе почне во декември

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во декември ќе започне уништувањето на неексплодираните гранати од Првата светска војна...

Свет20 часа

Кинески експерти тврдат дека коронавирусот не потекнува од Кина

Кинескиот државен весник „Пиполс дејли“ тврди, повикувајќи се на изјави на кинески експерти, дека коронавирусот не потекнува од Вухан, град...

Меѓународен21 час

Почина Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал...

Македонија23 часа

Заев: Бугарија не е фашистичка земја, туку наш пријател

Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател, вели претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за бугарската новинска...

Македонија1 ден

Судот го опомена Бојан Јовановски, одбиено е барањето за изземање на судијката

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, го одби барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова од...

Македонија1 ден

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени во здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера,...

Култура1 ден

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа1 ден

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет1 ден

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но кога во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Досие