Контакт

Македонија

Студентите ќе симулираат идеален студентски парламент

Објавено пред

Младински образовен форум (МОФ) денеска на улица „Македонија“ ќе одржи симулација под мотото „Студентскиот живот не е куклена претстава“.

Младински образовен форум (МОФ) денеска на улица „Македонија“ ќе одржи симулација под мотото „Студентскиот живот не е куклена претстава“. Како што соопштуваат од МОФ, овој настан има за цел да ја претстави моменталната ситуација во студентското организирање во Македонија. „Настанот е практичен приказ на реформите кои МОФ ги промовираше во Декларацијата за реформи во студентското организирање. Принципите врз кои се засновани овие реформи вклучуваат загарантирано уставно право на слободно здружување, подобрување на комуникацијата помеѓу студентите и формите на студентско организирање и постоење на праг на излезност (цензус) при бирање на студентските претставници“, се вели во дописот од МОФ. /крај/со/ач

Македонија

Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри

Објавено пред

Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат согласно соодветен протокол со пропишани превентивни мерки во услови на пандемија од Ковид-19.

Oдлуката е донесена имајќи предвид дека скијачките центри не располагаат со затворени гондоли на жичарите, информираат од Владата.

Владата ги прифати и препораките на Комисијата во однос на Протоколот за безбедносни мерки Ковид-19 за Ски Центри во земјата, за измени во однос на обезбедување на редарска служба пред билетарите и ски лифтовите, задолжително обезбедување на физичко растојание од 1,5 – 2 метри и пред билетарите (како пред жичарите и ски лифтовите), ограничување на работа на угостителските објекти на терените само на отворен простор и со шалтерска продажба со прибор за еднократна употреба.

Прикажи повеќе...

Македонија

Владата предлага продолжување на кризната состојба до јуни

Објавено пред

Владата ќе достави до Собранието предлог за продолжување на кризната состојба до јуни, идната година.

Владата на денешната седница го усвои предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и го утврди текстот на предлог – одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територијата на земјата, наведува владината прес-служба.

Со оваа предлог-одлука се предлага на Собранието да одобри продолжување на рокот за постоење на кризна состојба до 30 јуни 2021 година.

Прикажи повеќе...

Македонија

Австрија со поддршка за Македонија за брз почеток на преговорите со ЕУ

Објавено пред

Претседателот на Собранието, Талат Џафери оствари видео средба со претседателот на Националниот Совет на Република Австрија, Волфганг Соботка.

Во однос евроинтеграциите, претседателот Соботка истакна дека Република Австрија останува силен подржувач на Република Северна Македонија за што е можно побрзо отворање на преговорите и дека тој свој став цврсто го застапува на сите нивоа во институциите на Европската Унија. Во однос на бугарското вето, претседателот Џафери истакна дека каналите за комуникација остануваат отворени и дека се надева на надминување на разликите во преговарачкиот процес. Во спротивно, евроскептицизмот ќе расте, заклучи Џафери.

Соботка се заблагодари за телеграмата со сочувство упатена по терористичкиот напад во Виена на 2 ноември оваа година, истовремено изразувајќи сочувство за државјанинот на Република Северна Македонија кој како жртва настрада во овој ужасен акт. Двајцата соговорници се согласија дека борбата против тероризмот бара вклучување не само на полицијата, туку и на целото општество, бидејќи тој не познава ниту религии ниту етнички заедници, а казнените мерки, се важни исто колку и механизмите за превенирање и рано идентификување на радикализацијата. Тие ја пофалија активната соработка и ефективната размена на информации меѓу институциите на двете држави во борбата против тероризмот.

Претседателите Џафери и Соботка разменија и мислења во врска со состојбите во двете држави со пандемијата Ковид-19. Заклучија дека ситуацијата е подеднакво тешка, дека притисокот кон здравството е силен, дека влијанието врз економијата е негативно и дека за справување со ширењето на вирусот потребно е координирано дејствување и целосно искористување на сите расположливи човечки и материјално – технички ресурси. За оваа цел, информираше Џафери, во Република Северна Македонија е прогласена кризна состојба во траење од 30 дена.

Двајцата претседатели изразија задоволство што и во овие вонредни околности на работење, продолжува соработката за формирање на Работилница за демократија во Собранието на Република Северна Македонија по примерот на онаа која делува во рамките на австрискиот Парламент, а која има за цел да сподели знаење и да го стимулира интересот за политика и за демократски процеси кај младите. Претседателот Соботка изрази желба лично да присуствува на отворањето на Работилницата во Собранието на Република Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри

Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат согласно соодветен протокол со пропишани...

Македонија18 минути

Владата предлага продолжување на кризната состојба до јуни

Владата ќе достави до Собранието предлог за продолжување на кризната состојба до јуни, идната година. Владата на денешната седница го...

Топ3 часа

Украден паричник од покојник во ковид-центар во Скопје

Украден е паричник од маж што починал во ковид-центарот на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот вчера во полицијата го пријавил...

Македонија3 часа

Бучковски назначен за специјален претставник на Владата за Бугарија

Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија. Поранешниот премиер е именуван на оваа позиција на...

Македонија4 часа

ЗНМ, ССНМ и СЕММ на средба со Филипче: Нема забрана за снимање, новинарите да продолжат непречено со својата работа

На барање на министерот за здравство, Венко Филипче, денеска се одржа состанок со претставници на Здружението на новинари на Македонија...

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски: Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци

„Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци и затоа навистина овој пат треба да...

Регион5 часа

Србија воведе нови мерки – угостителските објекти и продавниците ќе работат до 17 часот, за викенд ќе бидат затворени

Србија воведе нови мерки кои треба да бидат усвоени од Владата в четврток и да стапат на сила в петок....

Македонија5 часа

УКИМ: Обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата

Обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата, сметаат од Универзитетот...

Македонија6 часа

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 846 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 846 пациенти позитивни и...

Македонија8 часа

Волонтерите од Воено-медицинскиот центар и студентите од шеста година се вклучија во работата на ковид-центрите

Лекарите и медицинските сестри од Воено-медицинскиот центар (ВМЦ) и студентите кои се на шеста година студии на Медицинскиот факултет во...

Регион8 часа

Катимерини: Спорот меѓу Скопје и Софија ќе се пренесе во НАТО

Инсистирањето на Бугарија да ги блокира разговорите за пристапување во Европската Унија со Северна Македонија ризикува да создаде уште една...

Македонија9 часа

Почина заменик-градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи

Енвер Малиќи, заменик-градоначалникот на Град Скопје, починал денеска во болницата „Систина“, откако беше хоспитализиран поради низа здравствени проблеми, а беше...

Свет10 часа

„Модерна“ бара од САД и ЕУ да ја одобрат нејзината вакцина

Фармацевтската компанија „Модерна“ побара од регулаторите на САД и Европа да ја дозволат употребата на нејзината вакцина против коронавирус. Компанијата...

Свет10 часа

Азар: Првите вакцини против коронавирус во САД ќе стигнат пред Божиќ

Првите две вакцини против новиот коронавирус би можеле да им бидат достапни на Американците пред Божиќ, изјави американскиот министер за...

Свет10 часа

Си-ен-ен: Кина од почетокот криела податоци за коронавирусот, покажувала помали бројки

Си-ен-ен објави ексклузивни документи за кои наведува дека покажуваат значајни пропусти од страна на Кина на почетокот на епидемијата на...

Свет10 часа

Американски експерти: Ким е вакциниран против Ковид-19, вакцината му ја дала Кина

Кина му обезбедила експериментална вакцина против коронавирус на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и неговото семејство, тврди американскиот аналитичар Хери Казианис,...

Свет10 часа

САД: Осуден на смрт пред 20 години не може да биде погубен бидејќи нема инјекција

Судот во Јужна Каролина донесе одлука да се одложи извршување на смртната казна со вбризгување инјекција на осуденикот Ричард Бернард...

Македонија11 час

Меркел: Северна Македонија се надеваме годинава да ги почне преговорите, Албанија ќе почека

Северна Македонија сè уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското...

Македонија19 часа

Нови 336 заболени и 32 починати од Ковид-19 во земјава

Во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 95 -Куманово...

Свет21 час

(Видео) Пензионери излегоа на улиците на Минск против Лукашенко

Стотина пензионери протестираа денеска во Минск барајќи оставка од долгогодишниот авторитарен претседател Александар Лукашенко. Безбедносните сили во еден момент спречија...

Досие