Контакт

Македонија

Бајрами: Владата да ја вклучи општина Арачиново во обесштетувањето од поплавите

Објавено пред

Владината одлука за обесштетување од минатогодишните поплави за општините Пехчево, Крушево, Могила и Велес е дискриминирачка за општина Арачиново.

Владината одлука за обесштетување од минатогодишните поплави за општините Пехчево, Крушево, Могила и Велес е дискриминирачка за општина Арачиново.

Ова денеска го изјави градоначалникот на општина Арачиново Басти Бајрами  изразувајќи револт за владината одлука за обесштетување на општините од минатогодишните поплави, во кои  Арачиново не е вклучено.

Бајрами бара од владата, во списокот на обесштетување под итно  да се вклучи и општина  Арачиново, бидејќи како што вели тој, катастрофални штети во земјоделството има токму и во нивната општина.

„Територијата на Општина Арачиново е дел од Република Македонија, затоа бараме по итно да ја разгледате одлуката што сте ја донеле и во листата на општините што треба да се обесштетат да ја ставите и Општина Арачиново. Почитувана Влада на РМ, доколку вие не знаете, ние ве потсетуваме дека буџетот на Република Македонија се полни и со пари на граѓаните на Општина Арачиново“ изјави Бајрами

Доколку не се земат  в предвид барањата на градоначалникот, од општината најавија дека  ќе бидат приморани да објават  непослушност кон институциите со тоа што нема да ги  плаќаат веќе  даноците и комуналиите кон државата./крајсо/рќ



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

43 нови пациенти хоспитализирани во Скопје во изминатите 24 часа

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 43 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека вкупно 443 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 21 прием, и тоа петмина пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид-центарот на Клниката за неврологија, двајца болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, четири пациенти на ОРЛ, исто толку и на Клиниката за нефрологија и тројца на Клиниката за очни болести. Во ковид-центарот во болницата 8 Септември имало 9 нови приеми на пациенти, а 13 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден“, се наведува во соопштението.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 39 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекува 21 пациент, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 43 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, на Клиниката за очни болести 13 пациенти, а на ОРЛ 22 болни.

Во 8 Септември има вкупно 104 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 34 пациенти, од кои 4 деца и 30 возрасни.

„Голем дел од пациентите во болниците во главниот град се на кислородна поддршка“, нагласуваат од ресорното министерство.

И покрај големиот број приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 50-тина слободни места, а се очекува во текот на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во болницата „8 Септември“.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Привремен прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид

Објавено пред

Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Слаби врнежи од дожд има само во југозападниот дел од земјата. Поради појава на магла, видливоста во Крушево е намалена на 30 – 50 метри.

Поради изведување на градежни активности, односно минирање на патниот правец А2 Кичево – Охрид, денеска на делницата Пресека – Песочан, кај с. Врбјани, ќе има привремени прекини на сообраќајот од 15 до 20 минути, во периодот од 12:00 до 15:00 часот, додаваат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пензионерите бараат приоритет за вакцинирање против Ковид-19

Објавено пред

Сојузот на здруженија на пензионери апелира приоритет при вакцинирањето против Ковид-19 да имаат пензионерите.

„Во име на над 300.000 возрасни луѓе во нашата земја алелираме пензионерите да имаат приоритет за вакцина против Ковид-19, како што е во сите земји во опкружувањето и пошироко во целиот свет“, порачаа од Сојузот преку соопштение.

Од Сојузот аргументираат дека пензионерите се најранлива категорија бидејќи голем број од нив се со хронични болести и намален имунитет.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

Пензионерите бараат приоритет за вакцинирање против Ковид-19

Сојузот на здруженија на пензионери апелира приоритет при вакцинирањето против Ковид-19 да имаат пензионерите. „Во име на над 300.000 возрасни...

Регион2 часа

(Видео) Силна експлозија во центарот на Белград, еден загинат и двајца повредени

Утрово, нешто пред 10 часот, се случи силна експлозија пред зградата на српската државна телевизија РТС во Белград. Едно лице...

Македонија2 часа

Данска и Холандија го поддржуваат ветото на Софија, тврди бугарски весник

Данска и Холандија се двете земји кои се приклучија кон бугарското вето за Северна Македонија, изјави дипломатски извор за бугарскиот...

Топ3 часа

Кавадарчанец со секира се обидел да ја убие сопругата, па загинал фрлајќи се во река

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од МВР изврши увид во куќа во селото Шивец...

Регион3 часа

Курц: Секој што ме познава знае колку сум приврзан за Балканот

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, реагираше на критиките кон него поради изјавата дека повратниците од годишниот одмор го донеле коронавирусот во...

Македонија3 часа

Македонските и бугарските историчари и денеска ќе расправаат за средновековниот и раноосманлискиот период

Македонско-бугарската мешовита комисија за историски и образовни прашања и денеска ќе расправа за средновековниот и раноосманлискиот период, по состанокот одржан...

Македонија4 часа

(Видео) Пендаровски: Здравствените производи треба да бидат достапни за сите

Здравствените производи со сертифициран квалитет треба да бидат достапни за сите, истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќање на специјалнатата сесија на...

Македонија4 часа

Градоначалниците на Битола и Гостивар се позитивни на коронавирус

Градоначалниците на општините Битола и Гостивар – Наташа Петровска и Арбен Таравари, преку социјалните мрежи известија дека се заразени со...

Регион4 часа

ЕУ и Грција ќе формираат нов прифатен центар на Лезбос

Европската комисија потпиша меморандум во кој се опишува деталниот план договорен меѓу грчките власти и агенциите на Европската Унија за...

Свет5 часа

„Модерна“: Околу 100 милиони вакцини против корона ќе бидат достапни на почетокот на годината

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека очекува да може да испорача меѓу 100 и 125 милиони дози на експерименталната вакцина...

Европа18 часа

Шведска ги отфрла препораките на СЗО, тамошните експерти велат дека маски не се потребни

Сè уште нема потреба да се носат маски во Шведска, изјави денес водечкиот здравствен службеник во оваа скандинавска земја со...

Македонија19 часа

Заев: Да профитираме од извоз на сушен цвет од канабис, а дома да ја легализираме марихуаната

Ако успее парламентот до крајот на годината да го донесе законот за измени и дополнување на Законот за опојнит дроги...

Македонија20 часа

1.342 новозаразени од Ковид-19, починаа 22 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.399 тестирања, а регистрирани се 1.342 нови случаја на...

Македонија20 часа

МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА бараат во преговорите со Бугарија да не се погази достоинството на народот

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Македонската православна црква (МПЦ-ОА) и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) истапија со...

Македонија23 часа

Се спушта возрасната граница за лична асистенција од 18 на шест години за деца со попреченост

На барање на семејствата на децата со попреченост ја намалуваме возраста кога личната асистенција станува законско право – од сегашните...

Домашен23 часа

Град Скопје го награди младиот боксер Ардијан Аземи со 100.000 денари

Град Скопје го награди со 100.000 денари младиот Ардијан Аземи, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во бокс за...

Топ24 часа

Сандаци со куршуми од Втората светска војна пронајдени кај Машката плажа во Струга

Четири лимени сандаци со куршуми биле пронајдени при ископ во близина на Машката плажа во Струга. СВР Охрид соопшти дека...

Свет1 ден

Обама, Буш и Клинтон пред камера ќе се вакцинираат против коронавирус

Поранешните претседатели на САД, Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон, ќе примат вакцина против коронавирус пред камера за...

Свет1 ден

Чешка го укина полицискиот час, се отвораат сите продавници и ресторани

По повеќе од еден месец строги мерки поради пандемијата на коронавирус, Чешка го укина полицискиот час. Од денеска се отворени...

Македонија1 ден

„Политико“: Вархеји и ЕПП не се доволно остри кон Борисов и Софија за блокадата за Македонија

Еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји беше премногу мек кон Софија, а Европската народна партија (ЕПП) не беше доволно...

Досие