Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го руши јавното здравство
По повод денешниот Светски ден на здравјето СДСМ ја обвини владеачката ВМРО-ДПМНЕ дека во овие четири години го руши јавното здравство.
По повод денешниот Светски ден на здравјето СДСМ ја обвини владеачката ВМРО-ДПМНЕ дека во овие четири години го руши јавното здравство.
Менде Диневски од СДСМ укажа дека системот на врзан потпис и двајца директори, за чија едукација како што рече се потрошени милиони, доживеал бродолом.
Тој обвини дека децентрализацијата на набавка на лекови се врши без контрола.
„Од нула денари долгови на здравството власта „успешно“ произведе нови 20 милиони евра достасан долг и уште 20 милиони евра недостасани долгови“, истакна Диневски.
Од СДСМ сметаат дека медицинската опрема за која се прикажува дека се платени 68 милиони евра, реално вреди 40 милиони евра.
„Наместо ветените зголемени капацитети, ги намали капацитетите на матичните лекари, гинеколозите, ги намали платите на здравствените работници со директно кршење на колективниот договор. Од зголемувањето на платите за десет отсто во 2009 и 2010 година нема ни трага ни глас“, вели Диневски.
Тој додаде дека со скратувањето на парите за лекови на населението во износ од седум милиони евра има недостиг на лекови дури на 15 во месецот.
Според СДСМ недефинираниот пакет на здравствени услуги, немањето на Закон за медицинска евиденција, зголеменото вработување во здравствената администрација, како што посочуваат од партијата, на членови на владеачкото мнозинство, како и немањето на стратегија за развој на палијативна грижа на населението и службата на брза помош се мал дел од работите кои ги срушиле предвидените реформи во здравството./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар.
· од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селата Кожле и Бадар, како и тунелот кај Катланово на автопатот Велес – Скопје (општина Петровец);
· од 9 до 11 часот корисниците од село Кондово (општина Сарај);
· од 9 до 11 часот корисниците од делови од улиците Вич и Разловечко востание (општина Карпош);
· од 9 до 12 часот корисниците од делови од улиците Иван Козаров и Тоне Томшиќ. (општина Кисела Вода);
· од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Максим Горки, односно објектите во околината на Домот на градежниците (општина Центар);
· од 11 до 13 часот корисниците од дел од улицата Орце Николов, поточно објектите во околината на куќните броеви 155 и 156 (општина Карпош)
Македонија
Време денес повремено со пороен дожд и грмежи, температурата ќе достигне 14 степени
Вренето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (и над 20 л/м²) и поројни, проследени со грмежи особено во западните и јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степен.
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд повремено пороен и проследен со грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени, јавува УХМР.
Ветерот долж Повардарието ќе продолжи да засилува и во среда. Во среда и четврток ќе има локална појава на повремено пороен дожд и услови за грмежи. Потоа следи период на претежно стабилно и постепено потопло време.
Македонија
Мицкоски: Важно е разликата помеѓу Гордана и Стево да биде огромна, за да се спречат сите завери кои ги коваат Али и Ковачевски
е повикувам на мобилизација. Излезете и гласајте против оваа завера што и се прави на Македонија. Ние резервна татковина немаме и одговорот ќе го дадеме преку заокружување на бројот 2 и изборот за професорката Гордана Силјановска Давков, да и посакаме добредојде на идната претседателка Гордана Силјановска Давкова, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Штип.
„Запомнете, задутре за два дена од денес е важно како никогаш досега историски е важно разликата помеѓу идниот претседателка Гордана Силјановска Давкова и чиракот на Али, измеќарот на Али, Стево Пендаровски да биде што е можно поголема. Излезете и гласајте“, рече Мицкоски.
Претседателот Мицкоски упати порака и до младите и додаде:
„Не ја прифаќам тезата дека сте незаинтересирани за политиката, туку многу повеќе ја прифаќам тезата дека сте разочарани од факторите кои треба преку политиката да ја креираат вашата иднина. Ја имате младешката пркост, но допрва ќе го стекнете искуството и способноста да распознавате што е манипулација, а што реална понуда. Поддржете не и јас ви ветувам дека нема да ве разочараме. Дајте шанса на енергијата што носи промени и нов начин на работа. Ви велам и да приклучете се и заедно од внатре да ги менуваме заедно работите“, вели Мицкоски.
Претседателот Мицкоски упати порака до неопределените и до огромното тивко мнозинство на Македонија.
„Тоа се оние луѓе на чии плеќи се носи и гради Македонија, но никогаш не биле во фокусот на оваа држава, а системот ги потргнувал на страна. Тоа се луѓето со извонредни капацитети, кои никогаш вистински не добиле шанса. Тоа се нашите чесни и лојални сограѓани. Земјоделецот на нивата, продавачот во маркетите, наставниците, учителите, работниците, невработените, пензионерите, но и младите кои се како што кажав можеби и незаинтересирани од политиката затоа што чувствуваат горчина поради сите неправди и сите порази. Сите вие кренете ја главата горе високо. Доаѓаат подобри времиња, а овие избори се вашата шанса да ги промените работите. Излезете и гласајте и поддржете ја опцијата која ви велам дека ќе ја направиме Македонија повторно твоја, Македонија повторно горда“, дециден е Мицкоски.