Македонија
Лидерска средба за уставни измени
Нова лидерска средба за измени на Уставот во делот за избор на членови на Судскиот совет ќе се одржи денеска, соопштуваат од Владата.
Нова лидерска средба за измени на Уставот во делот за избор на членови на Судскиот совет ќе се одржи денеска, соопштуваат од Владата.
Лидерите на политичките партии ќе се сретнат во Клубот на пратениците на пладне. Вчера од ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека доколку не се постигне договор на денешната лидерска средба за уставните измени, нема да се отвора Уставот.Според нив, реформите во судскиот систем се клучен сегмент во општеството што треба брзо и ефикасно да се реализираат.Во врска со обвинувањата од албанските партиски блокови дека не се почитува Охридскиот рамковен договор, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тоа е рамка по која мора да се движи.Пред извесно време од ВМРО-ДПМНЕ информираа дека измените предвидуваат, министерот за правда веќе да не членува во Советот, по функција. Нова демократија најави дека е подготвена на уставни измени, но во делот на употребата на албанскиот јазик. Тие, исто така бараат уставните судии да гласаат со бадентерово мнозинство. Во текот пак на вчерашниот ден, од Нова демократија(НД) најавија дека на денешната лидерска средба за уставни измени ќе бараат по принципот на Бадентер да се одлучува при изборот на судии во Републичкиот судски совет и Бадентер за Законот за буџет .„Сметаме дека со овие предлози се зајакнува консензуалната демократија и се надминуваат проблемите кои досега се појавуваа“, изјави вчера пратеникот Сулејман Рушити од Нова демократија.Од ДУИ сметаат дека нема да има други измени освен тие за составот и начинот на избор на Републичкиот судски совет. Од Либералната партија предупредија дека уставните измени ќе предизвикаат домино ефект и ќе има барања за нови измени. Опозициската СДСМ, по повод најавите за измени на Уставот , реагираше дека целта на измените е дополнителна партизација на судството./крај/ит/фф/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список
Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и демократска атмосфера, но нагласуваат дека сепак се случиле некои помали проблеми на изборните места.
Како што информираше Моника Маневска, портпаролот на Ванковска, забележани се помали проблеми со фингерпринтот на повеќе гласачки места како Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром и др.
Истакна дека од терен добиваат информации дека во Куманово се правеле редици заради проблемите со фингерпринт, а во некои изборни места гласањето почнало со доцнење.
Исто така беше кажано дека и на овие избори се појавуваат нерегуларности во избирачкиот список па така во некои изборни места има запишано почонати гласачи, а некои гласачи кои се со постојано место на живеење и без промена на адреса ги нема во изборниот список.
Македонија
Ромите за Демократија: Членови на СДСМ се закануваa на Ромите набљудувачи на изборите
Денес, додека Северна Македонија ги организира своите претседателски избори, се појави голема загриженост за безбедноста и интегритетот на изборниот процес. Членовите на фондацијата „Ромите за Демократија“, кои се набљудувачи на изборите, беа изложени на сериозни закани и заплашувања од членови поврзани со партијата СДСМ, се истакнува во соопштението на оваа фондација.
Додаваат дека како одговор на овие алармантни случувања, фондацијата „Ромите за Демократија“ испратила официјално писмо до лидерот на партијата СДСМ, во кое бараат итна акција.
Во писмото, како што појаснуваат, се повикува на итна истрага за заканите кон ромските изборни набљудувачи и се нагласува потребата од брзи и соодветни санкции против сите вклучени членови на партијата.
Фондацијата „Ромите за Демократија“ најостро го осудува овој чин на заплашување што се применува врз ромските набљудувачи на изборите“, изјави Селвије Мустафи Алкан, извршен директор на Фондацијата.
„Безбедноста на сите набљудувачи на изборите мора да бидат гарантирани за да се обезбеди интегритет на изборниот процес и да се поддржуваат принципите на демократијата“.
Во писмото дополнително се бара одговор од лидерот на партијата СДСМ до крајот на денот, во кој се наведени чекорите преземени за решавање на ситуацијата и спречување какви било дополнителни инциденти. Непочитувањето, како што велат, ќе резултира со информирање на меѓународната заедница, нагласувајќи ја одговорноста на партијата за безбедноста на набљудувачите на изборите.
„Нема да толерираме никакви закани или насилство врз оние кои се посветени на обезбедување слободни и фер избори“, продолжи Алкан. „Партијата СДСМ мора да ги почитува принципите на демократијата и да преземе итни активности за да ја обезбеди безбедноста на ромските набљудувачи на изборите“, истакнуваат од оваа фондација.
Македонија
Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале
Во 14 часот е пријавено дека на избирачко место во Штип М.Ш. (23) го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок, соопшти МВР.
Полициски службеници од СВР Штип го привеле Г.Ј. (34) од с. Тработивиште затоа што го фотографирал гласачкото ливче. Според полицијата по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
„Во 15.30 часот е пријавено дека на избирачко место бр. 1680 во с. Сопот Р.А. од с. Сопот го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.
Во 15.40 часот е пријавено дека на избирачко место бр. 2880 во Скопје Р.Х. (72) го скинал гласачкото ливче. Р.Х. е приведен и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Во 15.50 часот е пријавено дека во избирачкото место бр.2783 во Скопје Б. С. (48) го скинала гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок“, информираат од МВР.