Македонија
МБИ10 со умерен пораст
На денешниот трговски ден Македонската берза оствари скромен промет од 7.908.093,62 денари, додека индексите забележаа промена на трендот во однос на претходните денови.
На денешниот трговски ден Македонската берза оствари скромен промет од 7.908.093,62 денари, додека индексите забележаа промена на трендот во однос на претходните денови. Најголем дел од прометот беше реализиран со акциите на Комерцијална Банка Скопје и Алкалоид Скопје, кои заедно остварија промет од 2.707.987,00 денари што претставува 34,2% од прометот на целата берза.Прометот со државните обврзници изнесуваше само 312.284,62 денари, а најтргувана од нив беше државната обврзница за денационализација од осмата емисија која оствари промет од 276.495,73 денари.На официјалниот пазар прометот изнесуваше 5.117.126,62 денари, а реализирани беа 61 трансакции. На редовниот пазар беше остварен промет од 2.790.967,00 денари при реализирани 39 трансакции. МБИ10 прејде во зелената зона прикажувајќи умерен пораст од 0,98% при вредност од 2.734,85 индексни поени. МБИД за разлика од претходните три дена, денес оствари намалување од 0,22%, а затвори на ниво од 3.078,03 денари. ОМБ оствари зголемување од 0,56% позиционирајќи се на ниво од 111,26 индексни поени.Комерцијална Банка оствари најголем промет воопшто, а тој изнесуваше 1.364.500,00 денари. При просечна цена од 3.038,98 денари, беше остварено зголемување од 1,28% на дневна основа, што претставуваше позитивна промена споредено со претходните два дена. Истргувани беа 449 акции, што се реализираа преку девет трансакции.Малку послаб промет од 1.343.487,00 денари имаше Алкалоид Скопје. Просечната цена од 4.747,30 денари значеше зголемување од 0,47%, што значеше промена на трендот од претходните два дена. Истргувани беа 283 акции кои се реализираа преку 10 трансакции. Трета според ликвидност од официјалниот пазар беше Гранит Скопје со промет од 717.686,00 денари. Оваа акција се подреди на останатите од МБИ10, така што просечната цена од 805,48 денари беше доволна за позитивна промена од 0,61%. Распонот на цените се движеше од 800,00 денари до 810,00 денари. Истргувани беа 891 акции кои се реализираа преку 8 трансакции.Од редовниот пазар најтргувана беше Тутунска Банка Скопје со промет од 970.540,00 денари. Просечната цена од 5.002,78% оствари само минимален раст од 0,06%. Истргувани беа 194 акции, што се реализираа преку 12 трансакции.Втора според ликвидност од редовниот пазар беше Стопанска Банка Скопје со промет од 512.000,00 денари. Просечната цена од 243,81 денари резултираше со остар пад од 2,48%. Истргувани беа вкупно 2.100 акции кои се реализираа преку 9 трансакции.ЕМО Охрид објави повик за одржување на годишно Собрание на акционери кое ќе се одржи на 30.04.2010 година со почеток во 12 часот во седиштето на Друштвото во просториите на ЕМО Исхрана ДООЕЛ, комплекс с.Косел.Пет најтргувани хартии од вредност1. Комерцијална Банка Скопје2. Алкалоид Скопје3. Тутунска Банка Скопје4. Гранит Скопје5. Стопанска Банка СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. Јака 80 Радовиш 20,00%2. Р.Македонија – Денационализација 07 3,57%3. Технометал Вардар Скопје 2,95%4. Макстил Скопје 2,75%5. Бетон Скопје 2,46%Хартии од вредност со најголем пад1. Македонски Телеком Скопје 0,22%2. Стопанска Банка Скопје 2,48%3. Вардар осигурување Скопје 8,26%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
В недела посебен сообраќаен режим во Скопје
Министерството за внатрешни работи известува дека на 31.3.2024 (недела), со почеток во 9 часот, поради одржување атлетска трка на 10 км, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот „Св. Пантелејмон“ и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кои ќе се одвива настанот.
Македонија
Левицата: Решението за градба кај болничкиот комплекс Воена болница да се поништи веднаш
„Го повикуваме градоначалникот Стевчо Јакимовски да ги почитува законите и да го поништи Решението за градба на 17-катницата кај Болничкиот комплекс „Воена болница“, истакнуваат од Левица.
Потсетуваат дека политичката партија Левица повеќепати укажа на штетноста од градбата на повеќекатницата на истата локација, паралелно организираше протест на којшто граѓаните јавно го искажаа незадоволството од своеволието на градоначалникот и инвеститорите за противзаконската одлука на истите да почнат со градба на зграда за којашто немаат законска дозвола.
„Од пред неколку дена е правосилно Решението со кое се поништува незаконски позитивното конзерваторско мислење, кое се обидоа да го издејствуваат инвеститорите, а истото, по наши сознанија, е пристигнато во Општината на 21.3.2024 година, по што градоначалникот треба веднаш во законски рок да постапи по истато. За жал, Решението за градба уште не е поништено.
Од општинската администрација не даваат одговори по однос на прашањето по Решението со кое се одбива жалбата на инвеститорите, но успеавме да го добиеме, бидејќи е информација од јавен карактер“, дообјаснуваат од оваа партија.
Го повикуваат градоначалникот Стевчо Јакимовски во пресрет на изборната претседателска кампања да се одважи, како што велат, да ги испочитува законите и да го поништи Решението за градба веднаш, како би докажал пред граѓаните дека, навистина, ги застапува нивните интереси“.
Македонија
Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат
Полицијата поднесе кривична пријава против шест инспектори, вработени во Државниот пазарен инспекторат, и тоа: С. Б. (32), Ј. Р. (54), В. М. (47), Б. С. (46), С. С. (61) и Р. Б. (37), сите од Скопје, поради злоупотреба на службената положба и овластувањето.
Во текот на март и април 2023 година, вршејќи контрола кај три менувачници, лоцирани во близина на Бит-пазар, а за кои било утврдено дека не биле регистрирани како фирми и не поседувале лиценци издадени од НБРМ за вршење менувачко работење, но подолг временски период работеле како менувачници, инспекторите на затекнатите лица во дивите менувачници биле должни да им изречат решение за забрана за вршење дејност, да им ги запечатат објектите, да им ги одземат предметите, опремата и средствата со кои е направен прекршокот, како и да им изречат глоба во износ од 1.000 до 20.000 евра во денарска противвредност.
Но, пријавените пазаришни инспектори ги прекршиле сите одредби од наведениот закон и во три извршени вонредни инспекциски надзори на затекнатите лица во сите три објекти како менувачници ниту им издале решение за забрана за вршење нерегистрирана дејност, ниту им ги запечатиле просториите во кои ја вршеле противзаконската активност, ниту им ги одзеле средствата, предметите и опремата со кои е направен прекршокот ниту, пак, им изрекле глоба во износ од 1.000 до 20.000 евра.
Напротив, во сите три извршени вонредни надзори на сите три менувачници на секој од сопствениците им изрекле еднократна глоба во износ од 80 евра во денарска противредност и ги оставиле и понатаму менувачниците редовно да работат, со што постапиле спротивно на законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност и со неизвршување на својата службена должност го сториле кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.