Македонија
Топи: Евро-атланстската интеграција е допирлива реалност
“Интеграцијата на регионов во Европската Унија и НАТО е единствениот пат за да се движиме напред, рече албанскиот претседател Бамир Топи во своето обраќање во македонското Собрание.
“Интеграцијата на регионов во Европската Унија и НАТО е единствениот пат за да се движиме напред, рече албанскиот претседател Бамир Топи во своето обраќање во македонското Собрание. Констатирајќи добри политички односи меѓу двете земји, Топи се заложи за подобрување на економската соработка. Побара земјите од регионот да не ги базираат своите односи врз основа на предрасуди, туку меѓусебно да се помагаат во однос на евро-атлантската интеграција. „Зачленувањето на Република Македонија во НАТО, како и високото ниво на пристапување на Република Македонија во Европската Унија и во процесот на визната либерализација, ние не го согледуваме како изолиран процес од другите земји на регионот, ниту пак како конкуренција меѓу овие земји. Напротив, успесите на секоја земја ги зголемуваат гаранциите во однос на тоа дека интеграцијата е остварлива и допирлива реалност“, рече Топи во обраќањето пред пратениците во Собранието. Во рамки на посетата на Македонија, претседателот Топи оствари средба со македонскиот премиер Никола Груевски. Како што соопштуваат од Владата, Груевски и Топи се заложиле за интензивирање на економската соработка меѓу двете земји, вклучувајќи ја изградбата на Коридорот 8, како и подобрување во однос на патната, железничката и енергетската инфраструктура. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Патот Штип-Кочани во прекин поради сообраќајка
Од 17:10 часот, поради сообраќајна незгода на патниот правец Штип-Кочани, сообраќајот е во прекин во една насока, информираат од АМСМ.
Македонија
Маричиќ: Имаме план за зелена Македонија во која граѓаните ќе станат акционери на енергетските компании
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ денес во изјавата за медиуми се обврза дека СДСМ и Коалицијата за европска иднина нема да се откажат од стремежот за енергетска независност и од зелена енергија.
Во своето обраќање посочи дека е време да се сопре со фосилните технологии.
Изјави дека постоечките енергетски капацитети на фосилни горива да ги трансформираме во соларни електрани кои произведуваат зелена енергија.
„Тој процес го продолжуваме со голема новина: Државните енергетски компании ги даваме во рацете на граѓаните! Граѓаните стануваат акционери во енергетските компании. Висок процент од вкупниот број издадени акции во државните енергетски компании ќе се поделат еднакво на граѓаните. Секој граѓанин, вклучително и децата, ќе добие по најмалку 8.000 денари од вредноста на енергетските компании или 500 евра за едно четиричлено семејство.
Нашиот план е производството на енергија да се зголеми за најмалку 70% за да ги задоволиме домашните потреби за струја. Во наредните четири години за 100% да се зголемат капацитете со обновливи извори на енергија да достигне 60% од вкупната потрошувачка во државата.“
Маричиќ во својата изјава потврди дека целта и програмата на СДСМ е иста со онаа на Европската Унија и Европскиот зелен договор кој предвидува нула штетни гасови од фосилни горива до 2050 година.
„Нашата визија е зелена Македонија како здрава животна средина за граѓаните. Чиста вода за пиење во секое населено место, одржливо управување со отпад и расчистување на дивите депонии. Пречистување на отпадните води за здрава почва за здрава храна.“
Македонија
Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин од Унгарија до Скопје
Денеска (20.04.2024) по добиено барање од ЦУК, со полициски хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици, од Сегедин, Унгарија до Скопје е пренесен македонски државјанин кој доживеал мозочен удар на 18 април за време на службен пат во Унгарија. Тој е пренесен на скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“.
Oва е втор пат да се извршува ваков вид воздухопловен транспорт од Сегедин до Скопје со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, откако и на 11 април беше успешно реализирана ваква акција.