Македонија
Милошоски: Полесно е кога човек како Талер дава препораки
Во врска со денешните препораки упатени од словенечкиот европратеник и известувач за Македонија Зоран Талер, за проактивна улога и поголем прагматизам од македонската страна министерот за надворешни работи Антонио Милошоски рече дека полесно кога човек со искуство дава такви препораки.
Во врска со денешните препораки упатени од словенечкиот европратеник и известувач за Македонија Зоран Талер, за проактивна улога и поголем прагматизам од македонската страна министерот за надворешни работи Антонио Милошоски рече дека полесно кога човек со искуство дава такви препораки.
„Сметам дека тој е искусен политичар, го има искуството и вон европските рамки, и во самиот процес на евроинтегрирање, а и сега е човек вклучен во европските институции. Ги ценам неговите препораки. Би било можеби полесно човек со такво искуство да даде една таква препорака“, истакна министерот Милошоски.
Тој изјави дека Министерството за надворешни работи и Владата на Република Македонија се задоволни од неговиот ангажман во рамките на ЕУ, од тоа да ја претстави поголема сликата за Балканот.
Милошоски истакна дека исто така значајно во делувањето на Талер во однос на евроинтеграциите е неговиот придонес за развој на земјата, стабилноста и заедничката перспектива за соработка.
Талер порача прагматизам и проактивна улога кај македонската страна и посочи дека е потребно развивање на нова култура на разбирање и емпатија меѓу Грците и Македонците.
Според него е многу важно и позитивно што новиот еврокомесар за проширување Штефан Филе активно се вклучува во надминувањето на проблемот со името.
Тој рече дека како европратеник и известувач ќе побара покрај медијаторот Нимиц во решавањето на проблемот со името меѓу Македонија и Грција да се вклучат и Париз и Берлин и заедно со Вашингтон да го кажат својот збор за случајот.
Но рече дека и ЕУ за овој случај треба да и пренесе на Грција порака дека очекува солидарност од неа, како што унијата беше солидарна кон неа, бидејќи како што укажа Талер стабилноста на Балканот е важна за стабилноста на цела Европа./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави
Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар.
Пред присутните Пендаровски потсети на резултатите постигнати во изминатите пет години како враќањето на слободата и демократијата, градењето модерно општество на еднакви граѓани и напредокот во евроинтегративниот процес.
Пендаровски посочи дека по членството во НАТО, се случи напредок и во процесот на интеграција кон ЕУ, кој сега е блокиран поради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот однос кон меѓународните договори што ја гарантираат евроатлантската интеграција на државата.
„Што нуди ВМРО-ДПМНЕ во однос на договорите што нѐ вратија во нормалниот цивилизиран свет? Нудат поништување. Кога ќе ги прашате што после тоа поништување, велат повторно ќе почнеме да преговараме. Имаат ли гаранции дека некој од надвор од големите сили ве поддржува за тоа повторно да го преговарате и да го доведете до исход кој е добар за народот и државата? Немаат. Немаат еден докажан пријател, партнер од големите сили, како што имавме ние. Сите овие договори што ги споменувам и со Грција и со Бугарија и со Европа се направени со огромна поддршка и помош од Америка, од Германија, Франција, од големите меѓународни сили. Тие немаат ниту еден и затоа кога доаѓаат пред вас ви кажуваат дајте ни власт па од 9 мај ќе ви кажеме кои се нашите планови. Тоа е крајно несериозно“ порача Пендаровски.
Затоа, додаде тој, уште на 24 април потребна е масовна мобилизација и заокружување на бројот еден со што напредокот на државата ќе продолжи.
Пендаровски во своето обраќање пред граѓаните порача и дека е крајно време за да се испита потеклото на имот на сите судии и обвинители, но и на политичарите, почнувајќи од него, а оние за кои ќе се утврди дека за време на нивниот мандат несразмерно го зголемиле својот имот прво да ги вратат парите а потоа и да се соочат со затворски казни.
Македонија
СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ
„Мицкоски и ДПМНЕ немаат план, ниту визија за иднината, кристално е јасно дека со нив нема членство во ЕУ.
Мицкоски и ДПМНЕ како иднина, на граѓаните им нудат враќање во минатото, во изолација, режим, неизвесност.
Граѓаните сакаат напред, сакаат членство во ЕУ, повисок животен стандард, поголеми плати и пензии, сакаат да живеат во европска Македонија.
Затоа, на изборите ќе го дадат својот глас за европска иднина со СДСМ и Димитар Ковачевски“.
Соопштение на СДСМ
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија
„СДС ја фрли Македонија во хаос. Институциите се парализирани, апатија и разочараност ги тиштат граѓаните.
Корупцијата е распространета во секоја пора на општеството. Во Македонија со СДС услугите кои треба да ги пружи државата на граѓанинот станаа мисловна именка. Лотариска среќа е ако може некој да извади пасош и лични документи, пациентите не се сигурни каква терапија добиваат, се заработува бескрупулозно на грбот на најранливите, непотизам насекаде, правда никаде, не само младите туку и сѐ повозрасни размислуваат да ја напуштат земјата не гледајќи веќе ниту систем, ниту ред, СДСМ е сведена на измеќар и соучесник во сите скандали, се срамиме од нивните недостоинствени настапи низ светот, иднината и подобриот живот се далечен.
На врвот на листите на корупција, мизерија и немаштија сме. За 7 години колку што се на власт СДС и ДУИ ја презадолжија државата, го урнисаа системот и криминалот го направија столб на своето функционирање.
Ова не е Македонија што народот ја сака и ја заслужува. Овие избори се последна шанса за спас. Шанса во која може да се верува, избор во кој мора сите граѓани да учевствуваат. Македонија е едноставно одземена. Но, промените се можни и се на дофат.
Промените се во твои раце! Македонија повторно ќе биде твоја!“.
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ