Македонија
ЛДП бара оставка од Јанкуловска
ЛДП денеска побара оставка од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, а како причина ја наведуваат работата на МВР, односно ненавременото издавање на патни исправи.
ДП денеска побара оставка од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, а како причина ја наведуваат работата на МВР, односно ненавременото издавање на патни исправи.
Горан Милевски од ЛДП рече дека се уште не се издадени патни исправи на лица кои фотографирањето го извршиле после 10 март.
„Сакаме да ја потсетиме дека нејзините 15 – 20 работни денови кои постојано ги истакнува дека е неопходно да поминат за издавање на пасош одамна се изминати. Поточно поминаа веќе 27 работни денови или бидејќи работат 24 часа – 7 дена во неделата помина месец и половина, а од пасошите нема најава дека ќе пристигнат. Сакаме да и укажеме на министерката дека поради неажурност на нејзината служба граѓаните на Македонија, трпат големи штети“, изјави Милевски .
Според Милевски најголема штета било предизвикана кај студентите кои учат во странство, па поради патните исправи, како што посочи, губеле испитни сесии, а Граѓаните имале проблем со исполнувањето на работните обврски.
„Оштетени се и туристичките агенции заради откажани екскурзии, како и трговијата која е закочена, поради неможност бизнисмените нормално да комуницираат со своите странски партнери“, додава Милевски..
Од ЛДП прашуваат кој ќе ја надомести штетата на овие луѓе и дали министерката Јанкуловска се уште се оправдува со зголемениот број на барања за патни исправи?
Според партијата, МВР наместо сервис на граѓаните станал кочница на безвизниот режим.
„Брисел на 19 декември го сруши Берлинскиот ѕид за Македонија, а Јанкуловска подигнува нови ѕидови“, велат од ЛДП./крај/тера/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Постојниот простор на СВР Охрид ќе се стави во функција на градот, надземно ќе биде убав парк, а подземно катна гаража
„Денеска на покана на министерот и градоначалникот сум во Охрид, да дадам и јас лично поддршка на проектот кој тие двајца го најавија дека тоа ќе биде еден од приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. Станува збор за простор на СВР Охрид кој ќе се стави во функција на општина Охрид или ќе биде надземно убав парк, а подземно катна гаража“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ценам дека треба да се слушаат потребите на граѓаните, треба да се слушаат потребите на тие кои се избрани од граѓаните.
Ценам дека на овој начин ќе се овозможи еден поголем комфор во рамките на градското централно подрачје во Охрид во оној дел каде што е туристичка зона и ценам дека како држава треба да поддржуваме проекти кои ќе значат додадена вредност за средините во кои се прават. Еден од тие проекти е овој овдека.
Така што уште еднаш од мене голема благодарност и до министерот и до градоначалникот на поканата. Очекувам вакви и слични проекти и во иднина во други области во Македонија“, изјави Мицкоски.
Сервисни информации
Сообраќајот на патот Прилеп-Македонски Брод, се одвива наизменично по една коловозна лента
Во 14:58 часот сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Мак.Брод, сообраќајот се одвива наименично по една коловозна лента.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Апел за помош за малиот Војдан
„Почитувани, ви се обраќам како очајна мајка на Војдан, кој е дете со церебрална парализа. Војдан е предвремено родено дете, кој е борец уште од првата секунда од неговиот живот. 71 ден ги помина во инкубатор, на респиратор, со мал милион дијагнози и прогнози, но тој се избори и си дојде дома.
Кога мислевме дека нема крај на нашата среќа. Господ повторно ни го зададе најголемиот удар, на Војдан му дијагностицираа Церебрална парализа. 8 месеци ги поминавме по болничките лавиринти во нашата држава, со што немаше значителен напредок. Од негови 11 месеци, одиме на рехабилитација во Загреб. Одиме секој месец и остануваме таму по една недела. Војдан има сериозен напредок во неговата битка, која продолжува и од кога ќе се вратиме дома. Секојдневно има физикална терапија, со што јас како родител сум обучена да работам со него, дефектолошки и логопетски третман одиме на приватно. Фондот за здравство не ни го признава лекувањето на Војдан, па цели овие години одиме со помош на нашиот хуман народ. Како мајка на која единствена желба и е здравјето на нејзиното дете, уште еднаш и до бескрај ги молам сите хумани граѓани кој се во можност да ни помогнат за Војдан да излезе како победник во битката“.
Информации околу кампањата за собирање на донации имате тука