Контакт

Македонија

Членовите на „Достоинство“ ќе го посетат Вејце

Објавено пред

Претседателот на здружението „Достоинство“ Стојанче Ангелов објави дека во среда на 28 април „Достоинство“ ќе го посети селото Вејце каде што во 2001 година загинаа колегите бранители.

Претседателот на здружението „Достоинство“ Стојанче Ангелов објави дека во среда  на 28 април „Достоинство“ ќе го посети  селото Вејце каде што во 2001 година загинаа колегите бранители. „Оваа посета ќе ја направиме како граѓани на државата, а не како припадници на безбедносните сили. Ќе бидеме невооружени и нашата цел не е да провоцираме, туку само сакаме да оддадеме почит на нашите колеги кои на тоа место ги загубија своите животи“ изјави Ангелов. Здружението „Достоинство“ кое  денеска одржа  собрание, објави дека бил направен обид за растурање на здружението од страна на неколку пратеници на ВМРО ДМПНЕ.   Ангелов не сакаше да ги именува,  но кажа дека веќе еден месец се обидуваат припадниците на ова здружение да ги натераат да преминат во ново здружение. „Седум члена на ’Достоинство’ го напуштија задружението и преминаа во некакво друго здружение. Централното собрание ги исклучи овие седум члена“, објави Ангелов. Претседателот на „Достоинство “ негираше дека од здружението се отцепени ограноци, туку дека го напуштил само еден претседател./крај/сл



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Американски воени авиони со прелет над Скопје ќе го поздрават нашето членство во НАТО

Објавено пред

Американската поддршка на нашата земја продолжува со несмален интензитет и по влезот во НАТО. Околу 11.20 часот два авиони на американското воено воздухопловство придружувани од два воени авиони на Република Грција, ќе извршат прелет над територијата на Република Северна Македонија, соопшти Министерството за одбрана.

Авионите над нашата земја ќе летаат на височина од 1.500 метри и нивниот прелет ќе биде проследен со силен звук.

Прелетувањето ќе биде во чест на нашето членство во НАТО. Авионите ќе летаат долж реката Вардар, а ќе дојдат од правец на скопскиот аеродром.

Американските авиони полетаа од сојузната држава Јужна Дакота и ќе имаат 30 часовен непрекинат лет со полнење гориво во воздух. Доколку временските услови го озвозможат тоа, заинтересираните граѓани ќе можат да го набљудуваат прелетот на американските авиони и авионите придружници од грчката воена авијација над Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

АВМУ ги осуди заканите кон новинарската екипа на ТВ „Клан“

Објавено пред

Во врска со заканите што вчера беа упатени кон новинарската екипа на ТВ „Клан во Кумановско, Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги ги осудува и потсетува дека ваквите појави претставуваат загрозување на слободата на информирање.

„Агенцијата во повеќе наврати досега реагира дека безбедноста на медиумските работници во ниту еден момент не смее да биде загрозена. Токму затоа треба да се вложат максимални напори за да се креираат услови за медиумите професионално да си ја вршат работата, ослободени од закани и притисоци. Имајќи предвид дека само слободните медиуми водат кон унапредување на демократските процеси, апелираме да се остават новинарите непречено и достоинствено да ја вршат нивната општествено одговорна професија“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Казнети 440 лица, кои вчера шетале без маски

Објавено пред

Во текот на изминатото деноноќие во однос на мерката за неносење лична заштита на лицето регистрирани се 440 прекршоци, информира Министерството за внатрешни работи.

На 368 лица им се издадени решенија за изолација, а 47 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирано е едно лице што на ја почитувало мерката за самоизолација.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет22 минути

Во Нов Зеланд има само еден активен случај на коронавирус

Седум дена по ред во Нов Зеланд не е потврден ниту еден нов случај на коронаворус. Здравствените власти соопштија дека...

Македонија1 час

Американски воени авиони со прелет над Скопје ќе го поздрават нашето членство во НАТО

Американската поддршка на нашата земја продолжува со несмален интензитет и по влезот во НАТО. Околу 11.20 часот два авиони на...

Свет2 часа

(Видео) Немири во Минеаполис поради смртта на црнецот, запалена полициската станица, прогласена вонредна состојба

Демонстрантите влегоа во полициската станица во Минеаполис, предизвикаа пожари и уништија сè што им се нјаде на патот во текот...

Регион3 часа

Хрватска го објави протоколот за свадби – најмногу 150 гости, на подиумот да се држи растојание од два метра

Хрватскиот завод за јавно здравје објави детаљни препораки за одржување свадби, кои од неодамна повторно се дозволени во Хрватска. Некои...

Свет3 часа

Кина се закани со напад на Тајван

Кина ќе го нападне Тајван ако нема друг начин да се спречи неговата независност, предупреди еден од главните кинески генерали,...

Европа4 часа

Идејата за имунитет на стадото во Британија не успеа

Речиси седум проценти од луѓето во британската покраина Англија биле инфицирани со коронавирус, покажале резултатите од тестот на антитела на...

Свет4 часа

Итна седница на ОН за спорниот закон за безбедност за Хонгконг што го донесе Кина

САД и Велика Британија побараа седница на Советот за бесбедност на ОН за спорниот закон за безбедност, кој Кина го...

Македонија4 часа

Македонија додадена на листата на земји чии граѓани може да патуваат во Црна Гора

Националното координативно тело на Црна Гора, синоќа, по предлог на Институтот за јавно здравје, одлучи дека од 1 јуни ќе...

Македонија17 часа

Агенцијата за национална безбедност го демантира Чулев: Не располагаме со опрема за следење на комуникации

Агенцијата за национална безбедност не располага ниту со опрема за следење на комуникации, ниту со медијациски уреди за активирање на...

Регион18 часа

Црна Гора на чекор до прогласување крај на епидемијата

Во Црна Гора ниту денеска нема нов случај на коронавирус, а црногорските медиуми пишуваат дека ако овој тренд продолжи уште...

Топ19 часа

АД „Водостопанство“ и еден раководител ќе одговараат за смртта на 15-годишното момче што се удави во Пчиња

Полицијата поднесе кривична пријава против АД „Водостопанство“ на Македонија и раководител на сектор за речен слив и речни корита поради...

Македонија20 часа

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирус

ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирусот и тоа е навистина загрижувачки. Не разбирам како може да...

Македонија20 часа

Пријава за фирма од Скопје – продавала производ за кој лажела дека нема глутен

Полицијата поднесе пријава против фирма во Скопје и нејзиниот сопственик поради измама на купувачи – односно продажба на производ на...

Македонија22 часа

Хрватските граници нема да бидат отворени за туристи од Македонија

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, најави денеска отворање на границите за туристи од 10 земји, меѓу кои не е Македонија. „Успеавме...

Македонија23 часа

При влез во ресторан ќе се покажува лична карта, а следните 10 дена се период за едукација на угостителите

Инспекторатите нема да ги казнуваат гостите во угостителските објекти, туку фирмите доколку не се почитуваат протоколите за работа, најави директорот...

Македонија23 часа

Потврдени 38 нови случаи на Ковид-19, од кои над 20 се од Скопје, починаа уште 3 лица

Денеска, потврдени се 38 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани е 2.077 лица, oздравени се 16...

Македонија23 часа

Чулев: На литијата во Струга имаше затајување на функцијата на полицијата, истрагата е во тек

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, вели дека ѝ натаму се работи на идентификација на лицата што учествувале на...

Македонија23 часа

Регистриран првиот случај на починат здравствен работник од Ковид-19

Во земјата е регистрирана првата смрт на здравстветен работник како последица од коронавирусот. Станува забор за дипломираниот фармацевт Петар Мојсоски,...

Македонија1 ден

Игротеките бараат финансиска поддршка и датум за почеток со работа

Групацијата на забавни и рекреативни дејности во рамките на Услужната комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија достави четири...

Македонија1 ден

Независниот синдикат на полицијата: Наградата за полицајците да се исплати во платата во јуни

Независниот синдикат на полицијата побара техничкиот премиер и министерот за внатрешни работи итно да се договорат за наградата за полицајците...

Досие