Македонија
Албанските невладини организации со протест за правата на Албанците
Советот на албански невладини организации на Република Македонија на 10ти месецов ќе организира масовен протест за барање на правата на Албанците во земјава.
Советот на албански невладини организации на Република Македонија на 10ти месецов ќе организира масовен протест за барање на правата на Албанците во земјава.
Валон Куртиши од Советот на албанските организации упати апел до сите оние кои не се дел од Советот да се вклучат на протестот.
Куртиши рече дека Советот остро го осудува задржувањето на челниците на албанското демократско движење од Гостивар на граничниот премин Табановце и според него тоа е доказ за непочитувањето на правата на Албанците.
„Поконкретно биле приведени претседателот на оваа организација Хајредин Каза и координаторот Баки Сулејмани. Тие биле задржани во просториите на пограничната полиција околу 4 часа. Државната безбедност била заинтересирана за нивната активност во Советот, за другите членови на советот и за другите активности кои ги преземала оваа организација според својата програма“, изјави Куртиши.
Куртиши додаде дека за време на испитувањето тие провоцирани и навредени врз етничка база.
Тој побара од меѓународните миси во земјава да ги осудат ваквите акти и да влијаат истите да не се повторуваат.
На прашањето дали Советот е поддржан од некоја политичка структура, Куртиши рече дека немало такво барање од нивна страна, ниту пак им е потребна поддршка oд политичка партија./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Идната влада ќе имплементира модел за намалување на цените и ограничување на маржите на лековите и медицинската опрема. Народот не смее да го преплаќа лекот.
Ќе се спроведе ревидирање и модернизирање на позитивната листа на лекови со вклучување на најголем дел од основните лекарства кои граѓаните ги користат.
Лековите мора да се издаваат согласно потребите на пациентот, со персонализирана и индивидуализирана терапија. ВМРО-ДПМНЕ има за цел да го крене здравството на сосема ново ниво“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.