Контакт

Македонија

Милошоски го доби клучот за претседавање со СЕ

Објавено пред

Започна македонското претседавање во Советот на Европа. Министерот Антонио Милошоски симболично го доби клучот кој му го врачи досегашниот претседавач, Швајцарија

Започна македонското претседавање во Советот на Европа. Министерот Антонио  Милошоски симболично го доби клучот кој му го врачи досегашниот претседавач, Швајцарија и со тој чин во наредните шест месеци, Македонија ќе ги форсира приоритетите кои се доставени до сите земји членки на Советот на Европа.

Со самото примопредавање, веќе на почетокот на говорот на министерот Милошоски , во кој  рече  дека му е чест да ги претстави македонските приоритети, грчкиот заменик министер, Димитрис Друцас  веднаш побара реплика .

Тој  на двапати побара од претседавачот Милошоски да се придржува кон практиката за употреба на привремената референца, општо прифатена од меѓународните институции и да не ја злоупотребува и манипулира позицијата.

Министерот Милошоски на ова реплицира, дека, тој воопшто не ја злоупотребува придавката македонски, не го манипулира или  монополизира тој термин како што посочи Друцас, туку дека тоа е основно индивидуално човеково право.

„Како што вие сте Грк, Карл Билд Швеѓанец, јас сум Македонец и тоа е основното човеково право, а овој Совет е куќа на човековите права“ истакна Милошоски.

По состанокот грчкиот портпарол и покрај реакцијата на неговиот министер, побрза да ја покаже љубезноста и да посочи дека Грција стои зад својата определба,  за поддршка  и вклучување на Македонија  во Европската унија.

Министерот Милошоски, рече дека ова е историски ден за Македонија, дека нашето претседателствување има и што да понуди и што да покаже, да даде поголем придонес за реформите во Советот на Европа.

Министерот подвлече дека СЕ, се наоѓа на крстопат и треба да реши дали ќе остане еден бирократски диносаурус со мала релевантност или  ќе се залага за владеење на правото и на почитување на човековите права на  800 милиони Европејци и релевантно видлива европска организација.

„Ќе ги следиме стандардите, ќе ги форсираме веќе познатите  приоритети и ќе  бидеме присутни  секаде каде што функционира СЕ, особено во Албанија, Молдавија и Босна и Херцеговина. Се надевам дека, по се ова Македонија  по шестмесечното претседателство ќе биде поискусна и дипломатски попрепознатлива држава во светот“ рече Милошоски. /крај/да



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Привремено е прекината потрагата по момчето кое се удави во Преспанското езеро

Објавено пред

Потрагата по момчето кое исчезна во водите на Преспанското езеро е привремено прекината поради временските услови.

Како што информираат од МВР, потрагата ќе продолжи во текот на утрешниот ден.

Нуркачите кон кои се приклучи попладнево и специјалната единица на МВР трагаа по 16-годишното момче од Ресен повеќе од 24 часа.

Момчето било на педалинка со двајца негови другари во туристичката населба „Претор“.

Претходно денеска, сопственикот на педалинката рече дека таа не се превртела, туку децата скокале од неа.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поранешни вработени во СЈО бараат од Пендаровски да им се извини: „Обвинителството не беше една личност“

Објавено пред

Поранешни вработени во Специјалното јавно обвинителство реагираа на говорот на претседателот Стево Пендаровски во Пелинце. Тие велат дека СЈО не го сочинувало само една личност од бараат од претседателот извинување. Реагираат дека тој во обраќањето ги поистоветил сите вработени без исклучок, како да се тие дел од организиран криминал.

„Обвинителството не го сочинуваше само една личност, па оттаму крајно некоректно е сите вработени да се поистоветат со постапките на една личност и притоа нивниот труд да биде девалвиран“, велат поранешните вработени преку соопштение.

Како што додаваат, ниту една нивна постапка во сега веќе укинатото СЈО, не придонела за распад на институцијата, туку истата е укината со политички договор.

„Бидејќи никој, а особено не Претседател на држава, не може и не смее да обвинува од говорница, бараме Претседателот јавно да се извини на сите кои беа дел од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и да ја повлече ваквата срамна изјава во најкус рок“ се додава во соопштението.

Шефот на државата говорејќи за правната држава во илинденското обраќање, како лош пример го посочи згаснатото СЈО.

„Наште граѓани со право се разочарани кога гледаат дека обвинителството кое беше симбол на сите наши надежи за расчистување со организираниот криминал се распоадна како последица на тоа што и самото стана дел од организираниот криминал“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сè уште трае потрагата по момчето кое исчезна во Преспанското езеро

Објавено пред

Повеќе од 20 часа се трага по момчето кое вчера исчезна во Преспанското езеро.

Како што информираа од полицијата, станува збор за 16 годишно момче од Ресен, а инцидентот се случил во туристичката населба „Претор“.

Момчето било со уште двајца негови другари на педалинка која се превртела. Двајцата успеале да се извлечат од под подалинката, но 16-годишникот не успеал да исплива на површината.

Езерото го пребаруваат нуркачи, а попладнево се приклучи и специјална единица на МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Привремено е прекината потрагата по момчето кое се удави во Преспанското езеро

Потрагата по момчето кое исчезна во водите на Преспанското езеро е привремено прекината поради временските услови. Како што информираат од...

Регион10 часа

Преглед на состојбата во регионот: Во Албанија почина уште еден лекар, во Србија пад на бројот на новозаразени

Преглед на состојбата со коронавирусот во регионот во изминатото деноноќие. Уште еден лекар почина во Албанија од коронавирус Во болницата...

Македонија12 часа

Поранешни вработени во СЈО бараат од Пендаровски да им се извини: „Обвинителството не беше една личност“

Поранешни вработени во Специјалното јавно обвинителство реагираа на говорот на претседателот Стево Пендаровски во Пелинце. Тие велат дека СЈО не...

Топ14 часа

Лекар од Итната помош физички нападнат од татко на починато лице

Taтко на момче кое починало во сообраќајна несреќа, нападнал лекар од Итната медицинска помош. Лекарот бил на интервенција по претходно...

Македонија14 часа

Досега 500 лица починаа од коронавирус во Македонија

Бројот на починати од коронавирус во земјава достигна 500 лица, откако денеска беа потврдени 3 нови смртни случаи. Тројцата починати...

Македонија14 часа

Гостивар со најмногу новозаразени во изминатото деноноќие

Гостивар е на врвот на листата со најмногу новозаразени од коронавирус во земјава во изминатите 24 часа. Според податоците на...

Свет15 часа

СЗО: Mајките да ги дојат своите деца и кога имаат ковид-19

Светската здравствена организација денеска предупреди дека наспроти големите надежи за пронаоѓање на вакцина, можеби никогаш нема да има чудотворено решение...

Македонија17 часа

Нови 74 заболени и тројца починати од ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Свет18 часа

Германските ученици се вратија во училишните клупи во екот на пандемијата

Десетици илјади училишни деца денеска се вратија во училиштата во северна Германија. Мекленбург-Западна Померанија е првата од 16 германски држави...

Македонија18 часа

Џафери: Добро се чувствувам, јас ќе ја водам седницата

Претседателот на Собранието, Тала Џафери изјави дека утре тој ќе ја води конститутивната седница. Џафери денеска ја напушта Клиниката за...

Свет20 часа

Руски доктор: Пандемијата личи на проба за биолошка војна

Ситуацијата со пандемијата на коронавирус личи на проба за биолошка војна, изјави рускиот детски хирург, Леонид Рошаљ, пренесе „Спутник“. „...

Свет20 часа

Мелбурн ги затвора речиси сите продавници и фабрики за да го спречи вирусот

Вториот по големина австралиски град Мелбурн, во кој веќе на сила е ноќен полициски час, најави нови ограничувања за индустријата,...

Свет21 час

Латинска Америка најтешко погоден регион во светот, има речиси пет милиони заразени

Аргентина вчера надмина 200.000 случаи на ковида-19, Колумбија поставува дневен рекорд, а во Латинска Америка се рушат црните рекорди со...

Свет21 час

Трамп: Ретко кој заслужил смртна казна повеќе од бомбашот од Бостон

Американската сојузна влада би можела уште еднаш да побара смртна казна за Чеченецот Џохар Царнаев, изјави американскиот претседател Доналд Трамп....

Свет21 час

Германците сакаат да продолжат да работат од дома и по пандемијата

Поголем дел од Германците сакаат да ја задржат можноста за работа од дома и по завршувањето на пандемијата на коронавирус,...

Свет21 час

Американски и британски фармери добиваат мистериозни пакети со семиња од Кина

Фармери во Велика Британија и САД веќе некое време примаат чудни пакувања со семиња од Кина во пошта што не...

Топ1 ден

Малолетник од Ресен исчезна во Преспанското езеро

Во водите на Преспанското езеро вчера исчезнало 16-годишно момче од Ресен. Во Полициската станица Ресен од Итната медицинска помош било...

Регион1 ден

Преглед на состојбата во регионот: Албанија со нов рекорд на новозаразени, во Косово уште 13 починати

Преглед на состојбата со коронавирус во регионот во последното деноноќие. Нов рекорд на новозаболени во Албанија Откако Албанија вчера регистрираше...

Македонија1 ден

Maлиот Ајан кој го победи карциномот заѕвони на ѕвонче пред да ја напушти Детската клиника

По долга битка со леукозата, малиот херој Ајан денеска ја напушти Детската клиника во Скопје. Придружен со аплауз од медицинскиот...

Македонија2 дена

Филипче: Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет

Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет, предупредува министерот за здравство, Венко Филипче. Tој апелира на почитување на...

Досие