Македонија
Фуере: Нема сомневање дека постои недоверба меѓу етничките заедници
Евроамбасадорот во Македонија Ерван Фуере во интервјуто за Радио Слободна Европа вели дека сè уште постои клима на недоверба меѓу етничките заедници и неизвесно за тоа каде оди земјата.
Евроамбасадорот во Македонија Ерван Фуере во интервјуто за Радио Слободна Европа вели дека сè уште постои клима на недоверба меѓу етничките заедници и неизвесно за тоа каде оди земјата.
„Нема сомневање дека постои клима на недоверба меѓу етничките заедници и постоеја повеќе прашања во изминативе месеци каде што ние ја видовме таа недоверба. Веќе предолго време постои клима на неизвесност каде оди земјата“, вели амбасадорот на ЕУ во Македонија Ерван Фуере во Неделното интервју за Радио Слободна Европа.
Фуере вели дека тоа има негативно влијание врз меѓуетничките односи, така што неговата порака и натаму ќе биде во насока да ја охрабрува Владата да обрне внимание на приоритетите што ги има земјата во смисла на реформите, во смисла на засилување на политичкиот дијалог и тоа е најдобриот начин да се справи со недовербата и да се покаже дека една од најголемите предности што ја има Македонија е нејзиниот мултиетнички карактер.
„Има многу маргинализирани општини во чувствителните погранични подрачја со Косово, со Албанија и мора да се вложат поголеми напори во економската инфраструктура“, вели евроамбасадорот и додава дека групата од стотина луѓе која се упати во Брисел да бара економски азил тука не гледа никаква економска перспектива.
Фуере советува да се вложат повеќе напори за да се подобрат економските услови во овие подрачја и да се намали чувството на отуѓеност на населението во овие подрачја.
„Нема сомневање дека минатата година ние видовме еден позитивен моментум кој се разбира доведе до позитивната препорака од страна на Комисијата. Но сега, од почетокот на годинава ние го гледаме, не спротивното, но секако момент на назадување, за жал “, истакнува Фуере./крај/рсе/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Државјанин на Турција приложил фалсификуван пасош на Ќафасан
Денеска на Граничниот премин Ќафасан, полициски службеници го привеле Т.С.Т.(48) од Република Турција затоа што при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификувана патна исправа.
Известен бил Јавен обвинител, а тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.
Македонија
Тошковски се сретна со амбасадорот на Турција: врвен приоритет е склучување билатерален договор за соработка во областа на безбедноста
Денеска, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и заменик-министерот Назим Буши остварија работна средба со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој.
Министерот Тошковски на новоименуваниот амбасадор Улусој му посака пријатен престој и успешно вршење на амбасадорската функција со желби за унапредување на билатералните односи меѓу двете земји.
На средбата беа отворени тековни прашања од соработката во областа на безбедноста, внатрешните работи и конзуларни прашања во надлежност на Министерството за внатрешни работи за што се потврдија заложбите за искрена соработка на овие теми.
Една од главните заложби е одржувањето на стабилноста и безбедноста на регионот за што двајцата соговорници се согласија дека од врвен приоритет е склучувањето на билатералниот договор за соработка во областа на безбедноста, кој е во фаза на заемно усогласување.
Скопје
Едукативен мото-настан утре во Кисела Вода
Утре, со почеток во 11 часот, пред салата Расадник, ќе се одржи едукативен мото-настан од отворен карактер „Сите возиме, но некои знаат“.
На присутните од страна на лиценцирани инструктори ќе им бидат презентирани важноста за техничка исправност на моторното превозно средство (мопед, скутер, мотор), правилната употреба на безбедносна опрема за возење, како и справување во реални ситуации на улица.
„Преку дружење со претставници и членови од мото-клубови, автошколи и здруженија ќе се изврши едукација за безбедно возење во и надвор од урбани средини, за брзината како фактор за општа безбедност и за намалувањето на загаденоста на воздухот преку користење електрични превозни средства“, велат од Општина Кисела Вода.