Македонија
Амнести Интернешенал за Македонија
Главни заклучоци на најновиот годишен извештај на Амнести интернешенал, во делот посветен на Македонија се мал напредок во судската завршница на случаите за воени злосторства од меѓуетничкиот конфликт во 2001-ва, мерките против малтретирањето од страна на полицијата…
Главни заклучоци на најновиот годишен извештај на Амнести интернешенал, во делот посветен на Македонија се мал напредок во судската завршница на случаите за воени злосторства од меѓуетничкиот конфликт во 2001-ва, мерките против малтретирањето од страна на полицијата, подобрување на затворските услови, а Ромите и натаму се дискриминирани во општеството.
Организацијата, како што јави Гласот на Америка, наведува дека Грција продолжува да го оспорува името на земјата.
„Иако се согласи да не го блокира членството на Македонија во меѓународните организации, тоа го стори при апликацијата на земјата за членство во НАТО во 2008-ма“, стои во извештајот.
Во делот за слободата на изразување во Македонија, Амнести наведува дека полицијата не успеала да заштити 150-тина студенти кои демонстрираа против владиниот предлог за изградба на Црква на плоштадот во Скопје од нападите од друга група, организирани од Македонската православна црква.
Ромите во Македонија според Амнести и натаму се дискриминирани и властите не направиле напредок на тој план. Затоа, агенцијата за бегалци на ОН – УНХЦР, со помош на ромски невладини организации, значително помогнале да се намали бројката на недокументирани Роми.
Владата, сепак, го подобрила пристапот до образовните процеси во земјата со доделување на бесплатни учебници и обезбедување на превоз, како и школарини во населбата Шуто Оризари.
И полицијата, и невладините организации, јавиле за опаѓање на тортурата и малтретирањето. Ова уследило откако специјалните полициски сили „Алфи“ биле повлечени во главниот град, а дошло и до подобрувања во интерните истрагите на Министерството за внатрешни работи.
Но, Амнести наведува дека судиите и обвинителството не успеале да отворат истрага за обвинувања за малтретирања, дури и кога приведените пред судот презентирале докази.
Македонија ја ратификуваше конвенцијата за акција против тргувањето со луѓе од Советот на Европа, потсетува Амнести. Останува целосно ад се примени Законот за еднаквост меѓу мажите и жените од 2006-та, се заклучува во извештајот./крај/воа/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.