Македонија
Тупурковски: За мене продолжува една огромна неправда
За мене продолжува една огромна неправда која ќе трае исто така долго време, следната сесија на советот е закажана за месец септември.
За мене продолжува една огромна неправда која ќе трае исто така долго време, следната сесија на советот е закажана за месец септември.Ова го изјави првообвинетиот за случајот со тајванските кредити, Васил Тупурковски, откако беше одложен претресот, бидејќи одбраната на обвинетите го побара изменетиот обвинителен акт што го презентираше обвинителството, во писмена форма. Обвинителството на денешниот претрес презентираше, според нив, допрецизиран и дополнет обвинителен акт, но според одбраната и судскиот совет, овој акт е изменет.„Беше навистина чудно и далеку е од текстот на коректноста, обвинителството да го замени обвинителниот акт читајќи усмено и од нас да се очекува да реагираме на тоа, па едвај се договоривме да се одложи и да добиеме пишано ново обвинение, односно допрецизирано, како што вели обвинителството. Можеби прејудицирам, можеби ќе биде сосема поинаку, но за мене продолжува една огромна неправда“ изјави Тупурковски.Тупурковски вели дека не очекувал да се повлече обвинението против него, откако апелација го врати процесот на повторно судење, но вели дека ќе го предложи тоа. „Јас да бидам искрен не очекував, меѓутоа денеска ако добиев збор ќе предложев добро да размислат, добро да се исконсултираат, да ја проверат правната струка, меѓународно правната обврска на Македонија и најважно од се да не ми го гарантираат правото да бидам само вчудоневиден, да ми го гарантираат правото на слобода и на фер судење“ рече Тупурковски.Во декември минатата година апелација ја укина првостепената пресуда за тригодишна затворска казна на Тупурковски.Тој пред една година беше осуден на три години затвор и да врати два милиони евра за злоупотреба на околу 2,4 милиона евра од тајванските кредити што тој ги доделувал како директор на Агенцијата за обнова и развој. Тупурковски се товари дека ја оштетил државата за околу 3,7 милиони американски долари. Потпишал седум договори за одобрени тајвански кредити, вредни околу 1,6 милион американски долари. Биле потпишани без никаква гаранција дека ќе бидат вратени. Се товари и оти без потпишан договор исплатил 2 милиона тогашни германски марки и 15 милиони денари од кредитната линија до крајните корисници. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче
Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче.
Од МВР информираа дека вториот приведен е В.Т.(36) од Скопје.
Претходно Обвинителството објави дека приведен е 26-годишен скопјанец кој учествувал во кражбата.
Со тоа, двајцата се сомничат дека на 1 април провалиле во затворен маркет на улицата Востаничка во Скопје, одзеле метален сеф во вредност од 12.000 денари, дневен промет во износ од 228.000 денари и цигари вредни 45.000 денари, или сѐ во вкупна вредност од 285.000 денари.
ОД МВР информираа дека судија на претходна постапка на едното лице му определи мерка притвор.
Македонија
Битиќи: Просечната пензија ќе ја зголемиме на 30.000 денари
„Просечната пензија ќе биде 30.000 денари, што е зголемување од скоро 9.000 денари или над 40% до 2028 година. Овие покачувања ќе се случат како резултат на новата методологија за пресметка на пензиите која оваа Влада ја воведе со измена на Законот за пензиско и инвалидско осигурување. На овие покачувања, новата Влада предводена од СДСМ ќе обезбеди и новогодишен пакет од 6.000 денари за секој пензионер“, изјави Фатмир Битиќи, коносител на листа на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, на „Коалицијата за европска иднина“.
Зброувајќи за зголемување на минималната пензија, Битиќи истакна дека во следниот мандат истата ќе се зголеми на ниво од 20.000 денари, што би било зголемување од 45% до 2028 година.
Битиќи посочи дека во изборната програма предвидено е и енергетски додаток во износ од 1.500 денари за секој пензионер во периодот од октомври до март, односно во времетраење на грејната сезона, со што, како што рече тој, ќе го заштитиме стандардот на нашите највозрасни сограѓани.
„Ова значи дека секој наш пензионер ќе добива по 15.000 денари дополнително годишно, надвор од редовното покачување на пензијата која му следува по закон“, рече Битиќи.
Тој потсети дека минималната пензија во 2016 година изнесуваше 8.900 денари и истата е зголемена за 5.000 денари, и сега изнесува 13.900 денари, што е зголемување за 55% за период од седум ипол години.
„Просечната пензија која во 2016 година изнесуваше 13.800 денари, ја покачивме за 7.600 денари и сега таа изнесува 21.400 денари, или тоа е раст од 55%“, рече Битиќи и истакна овие достоинствени покачувања на пензиите се постигнати и ќе продолжат да се постигнуваат со домаќинско менаџирање со фондот за ПИОМ.
„Тотална спротивност се празните ветувања на ВМРО кое свесно им ветува зголемување од 5.000 денари, кое никогаш нема да се случи, затоа што ни самиот фонд за ПИОМ, ниту централниот буџет може да го понесе товарот од дополнителни 330 милиони евра годишно, за да се оствари ова ветување“, рече Битиќи, притоа порачувајќи дека „Коалицијата за европска иднина“ предводена од СДСМ носи напред, домаќински раководи со државниот буџет и се грижи за сите граѓани.
„Пензионерите да се мирни, бидејќи ние мислиме за нивниот удобен и достоинствен живот“, порача од пред пензионерскиот дом во Чаир Фатмир Битиќи, коносител на листа на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, на „Коалицијата за европска иднина“.
Македонија
Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард
„СДСМ се грижи за сите граѓани, особено за пензионерите. Преку конкретни политики обезбедивме економска сигурност и подобрен животен стандард. Минималната и просечната пензија пораснаа за 50 проценти, обезбедивме континуиран раст на пензиите. Го стабилизиравме Пензинскиот фонд, обезбедивме сигурност“, изјави Јован Митрески, носител во ИЕ 5 од Коалицијата за европска Македонија, предводена од СДСМ.
Тој додаде дека во време на Ковид кризата пензиите беа исплаќани и предвреме со цел да се заштити здравјето на пензионерите. Во таа насока, нагласи Митрески, зајакнат е здравствениот сикстем, реновирани се повеќе клиники и ургентни центри низ државата, а 80 проценти од градежните зафати од реконструкцијата во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ се завршени.
„Во новиот мандат гарантираме минимална пензија од најмалку 20.000 денари, а просечната ќе достигне 30.000 денари. Ќе воведеме енергетски пакети за пензионерите кои живеат сами, во висина од 1.500 денари месечно во периодот од октомври до март, како и зимски регрес за пензионерите, во износ од 3.000 до 6.000 денари. Највисока поддршка ќе има за пензионерите со пониски пензии“, изјави Митрески и додаде дека ќе се градат и нови домови за стари лица.
Митрески истакна дека ни треба системски пристап, мерки кои се одржливи и кои даваат резултати, а не популистички и наменски решенија, кои само го уриваат системот.
Тој ги повика граѓаните на 24 април и на 8 мај да ја поддржат Коалицијата за европска Македонија, предводена од СДСМ која има План има визија и знае како.