Контакт

Македонија

Прес конференција по повод уличниот фестивал Баскерфест

Објавено пред

По повод отворањето на Петиот интернационален уличен фестивал-Баскерфест 2010 ќе се одржи прес конференција на градскиот плоштад.

По повод отворањето на Петиот интернационален уличен фестивал-Баскерфест 2010 ќе се одржи  прес конференција на градскиот плоштад. На прес конференцијата ќе се обрати главниот организатор на овој фестивал  Фимка Темовa, претставници од Град Скопје, како и дел од изведувачите на годинашниот Баскерфест.Оваа година фестивалот ќе се одржи од 4-ти до 13-ти јуни, а главната програма на новото издание на Баскерфест се очекува да се реализира на плоштадот Македонија, потоа пред црквата Св.Спас кај Стара чаршија, пред Мустафа Паша Џамија близу Скопското кале и во општина Аеродром. Се очекуваат 25 различни настапи, учество на 70 артисти како од нашата земја така и од странство. За разлика од минатите оваа година се очекува учеството на изведувачите значително да се зголеми. Скопје во период од 10 дена ќе биде домаќин на 95 различни интернационални артисти кои ќе и овозможат на публиката повеќе од 60 возбудливи настапи. Исто како и минатите изданија на фестивалот така и оваа година ќе биде отворена Пиво градината, која ќе се наоѓа на самиот плоштад, каде ќе бидат поголемиот дел од случувањата.Свеченото отворање на фестивалот ќе се одржи на плоштадот Македонија, со почеток во 20 часот, со спектакуларниот настап на музичко-театарската претстава „Малото возило“ во изведба на француската група „Икс-девојки“ („X-Girls“), кои ќе ја подгреат атмосферата за деновите кои следуваат. Ова гостување е во соработка со Францускиот културен центар во Скопје. Уште еден настап по кој ќе се памети годинашниот Баскерфест, како најавуваат организаторите, е пиротехничкиот спектакл на германскиот уметник Еdи Егал (Eddie Egal), кој во живо пред очите на посетителите ќе ја изведе точка на самозапалување./крај/со



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Утре променливо облачно време со температура до 24 степени

Објавено пред

Времето утре претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува главно умерен, на места засилен ветер од западен и северозападен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.

Во Скопје променливо облачно, во втората половина од денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 20 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно време со пониски утрински температури. За време на викендот и во понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец и ќе биде значително потопло.

Прикажи повеќе...

Македонија

Се враќа работното време од 8 до 16 часот во јавната администрација

Објавено пред

Владата донесе одлука времено да ја суспендира одлуката за флексибилно работно време за сите вработени во државната управа. Наместо сегашното работно време од 7:30 до 15:30 и од 8:30 до 16:30, од први октомври за сите ќе важи работното време од 8 до 16 часот.

Флексибилното работно време почна да се применува од 1 септември 2017 година.

Со одлуката се утврди почетокот на работното време да биде помеѓу 7:30 и 8:30 часот, а завршетокот помеѓу 15:30 и 16:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.

Како што тогаш соопшти министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, одлуката била донесена по серија консултации со јавноста, меѓу кои и граѓанските организации и синдикатите, во насока на овозможување подобри услови за вработените во јавната администрација, како и за подобрување на процесот на испорачување услуги кон граѓаните и бизнис- заедницата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Објавено пред

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски за национални координатори.

„Владата денеска го разреши м-р Роберт Алаѓозовски од должноста национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка и го именуваше за национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, а Роберт Поповски е именуван за национален координатор за одговорно владеење и транспарентност“, соопштија од Владата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 часа

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Македонија14 часа

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Македонија14 часа

Игротеките почнуваат со работа

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките. „Владата го усвои протоколот за работа на игротеките во...

Македонија14 часа

Владата одобри целоднeвна настава во училиштата

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на денешната седница одобри целодневна настава во училиштата. „Одобрена е организацијата на...

Македонија17 часа

(Видео) Потпишан етичкиот кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Свет17 часа

(Видео) Војската на Нагорно-Карабах соборила два азербејџански хеликоптера

Војската на Нагорно-Карабах собори два азербејџански хеликоптера користејќи ракети „земја-воздух“ – „игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан...

Македонија17 часа

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија18 часа

(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд...

Македонија19 часа

Царовска: Место да ја бојкотираат онлајн-наставата, родителите, градоначалниците и директорите да седнат и да се договорат

Бојкот на онлајн-наставата нема да им донесе ништо добро на децата, рече денес министерката за образование и наука, Мила Царовска....

Македонија19 часа

(Видео) Затворска казна за Груевски, а условна за Јанакиески и за извршителите во „Насилство во Центар“

Судот изрече казна затвор од 1 година и 6 месеци за Никола Груевски, а за Миле Јанакиески условна казна од...

Македонија19 часа

Илјадници ученици и денес не може да се приклучат за онлајн-учење, Царовска повикува на трпение

Фијаско и на генералната проба, Националната платформа за онлајн-учење и денес паѓа. Илјадници ученици, наставници и родители и утрово не...

Свет20 часа

(Видео) Гори цивилен автобус погоден од азербејџански дрон

Ерменскиот министер за одбрана објави на „Твитер“ дека гори цивилен автобус, погоден од азербејџански дрон. In #Vardenis which is located...

Македонија20 часа

Средба Османи – Вархељи: Почетокот на преговорите ќе биде јасен сигнал за европскиот курс на целиот регион

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со еврокомесарот за соседство и...

Топ21 час

Се преврте автобус со 16 војници на АРМ, пренесени се во болница со полесни повреди

Изутринава се случи сообраќајна незгода на патот Струмица – Штип кога се преврте автобус во кој се превезувале 16 војници...

Македонија21 час

МОН: За еден ден, на платформата за учење на далечина 
се пријавиле над 88 илјади корисници

„Како што беше најавено во текот на вчерашниот ден, кога почнавме со тестирање на Националната платформа за учење на далечина,...

Свет22 часа

Трамп и Бајден ќе се соочат на првата дебата за претседателските избори

За прв пат лице в лице, во првата од трите претседателски дебати, Доналд Трамп и Џозеф Бајден ќе се сретнат...

Свет22 часа

(Видео) Судирот ескалира: соборен авион на азербејџанските сили, убиени се уште 26 ерменски војници

Армијата на Нагорно-Карабах собори авион на азербејџанските сили, изјави портпаролот на претседателот на таа непризнаена република, Ваграм Погосјан. Како што...

Македонија23 часа

Министрите на владина седница ќе потпишат кодекс за етичко однесување

Владата на Република Северна Македонија, денеска, со почеток во 12 часот, во свечената сала ќе ја одржи седмата седница. На...

Свет23 часа

Итна седница на Советот за безбедност на ОН за Нагорно-Карабах

Денеска треба да се одржи итна седница на Советот за безбедност на ООН за регионот Нагорно- Карабах, каде се водат...

Европа23 часа

Село во Романија третпат избра ист градоначалник иако е мртов

Жителите на едно село во Романија го реизбраа истиот градоначалник на локалните избори, иако тој почина пред две недели од...

Досие