Македонија
Окчал: Газа да стане пример за регионален мир
Газа мора да стане пример на регионален мир и меѓународната заедница треба да има придонес во тоа, изјави турскиот амбасадор во Македонија, Арслан Хакан Окчал.
Газа мора да стане пример на регионален мир и меѓународната заедница треба да има придонес во тоа, изјави турскиот амбасадор во Македонија, Арслан Хакан Окчал. Својата проштална средба со членовите на собраниската Комисијата за надворешна политика, Окчал ја искористи да ги претстави турските позиции по последниот инцидент во Средоземното море, кога беше нападнат конвој со хуманитарна помош предводен од турски брод за Појасот Газа. Окчал рече дека Турција бара заробените бродови веднаш да бидат ослободени, Израел да се извини за инцидентот и да обезбеди обештетување на семејствата на загинатите, како и, доколку е потребно, да се покрене меѓународен судски процес. „Сакаме Газа да биде отворена за меѓународна трговија и за контакти со меѓународното општество. Газа мора да стане пример за знак на регионален мир и меѓународната заедница треба да придонесе за тоа“, рече Окчал. Окчал се заблагодари за сочуството од страна на македонските граѓани во врска со инцидентот, како и за реакцијата на македонските власти. Арслан Хакан Окчал во следните неколку недели ја завршува амбасадорската мисија во Македонија. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.