Македонија
Јавната администрација треба да се димензионира и реформира
Треба да се димензионира јавната администрација и да се спроведат реформи, за да почне да се гради демократска и професионална администрација во функција на граѓаните, е заклучокот од денешната дебата на тема „Партиско – политичко влијание во државната и јавната администрација“.
Треба да се димензионира јавната администрација и да се спроведат реформи, за да почне да се гради демократска и професионална администрација во функција на граѓаните, е заклучокот од денешната дебата на тема „Партиско – политичко влијание во државната и јавната администрација“.
Учесниците на дебатата во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата се согласија дека треба да се создаде администрација која ќе влијае на политиката, а не политиката да влијае на администрацијата.
Претседателот на Антикорупциска комисија Илми Селами рече дека администрацијата може да се контролира не само со правната регулатива, туку и со контрола на спроведувањето на донесените закони.
„Целта е политичарите да не бидат сопственици на работните места во јавната администрација, туку сопственици да бидат способните кадри. Во Македонија, говорат извештаите кои доаѓаат од ЕК, јавната администрација во значителен дел е политизирана и партизирана“, изјави Селами.
Тој рече дека државата ќе мора да се потруди да го намали интензитетот на партизација на администрацијата, затоа што, тоа е, како што рече, од голема штета.
Министерот за правда Михајло Маневски рече дека во Македонија треба да се создаде стручна, компетентна и одговорна администрација.
„Согласно препораките на ЕУ за јакнење на капацитетите на јавната администрација, минатата година се донесени измените и дополнувањата на Законот за државни службеници, како и Законот за јавните службеници, кој треба да почне да се применува од 2011 година. Подготвен е и етичкиот кодекс за јавните службеници“, изјави Маневски.
Деканот на Правниот факултет, Борче Давитковски рече дека крајно време е македонската јавна администрација да се ослободи од придавките „партизирана“ и „политизирана“.
Според него во практикувањето на Законот за државни службеници од 2000 година, по изборите во 2002 и 2006 година е направен цунами, во првиот слој на раководните државни службеници.
Тој рече дека тоа е македонски рецепт за тоа како не треба да се спроведува еден закон, кој како што рече, може да се патентира.
Давитковски предложи шест месеци пред и по избори да не може да се врши унапредување или уназадување во државната и јавната администрација за да се прекине практиката и да се стави законска брана, особено во државната администрација во Македонија.
Во Македонија е неопходно да се формира академија за државни службеници во која тие постојано ќе се обучуваат, рече Деканот на Правниот факултет, Борче Давитковски на денешната дебата на тема „Партиско – политичко влијание во државната и јавната администрација“. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.