Македонија
Повредени полицајци при физичка пресметка во Струга
Помошник началникот на СВР Охрид и тим полициски службеници од Охрид и Струга се здобиле со лесни телесни повреди, при обид да спречат нарушување на јавен ред и мир, кој настанал поради пукање со огнено оружје
Помошник началникот на СВР Охрид и тим полициски службеници од Охрид и Струга се здобиле со лесни телесни повреди, при обид да спречат нарушување на јавен ред и мир, кој настанал поради пукање со огнено оружје.
Имено,вчера, околу 16 часот и 10 минути, во ресторанот „ Матадор„ во Струга, службеници од струшката Полициска станица при обид за расчистување на настанат неред, физички биле нападнати од страна на лицето И.Б. (42). Кон нив биле упатени и вербални навреди од страна на лицата В.Д (50), поранешен висок политички функционер, А.А (37) и Џ.Д (33)- сите од Струга, јави охридњус.
Во обид да помогне, пристигнал уште еден тим полициски службеници од Охрид, предводен од Помошник началникот на СВР- Охрид.
При превземањето на мерките, помошник началникот бил физички нападнат од страна на лицата И.Б. и Џ.Б.- двајцата од Струга, како и од А.Љ. (31) кој е полициски службеник во Одделот за обезбедување од Скопје. Од здобиените удари со тупаници, нападнатите полициски службеници се здобиле со лесни телесни повреди.
Во текот на вчерашниот ден, во Полициската станица во Струга, на разговор биле повикани повеќе лица- учесници во нередот, додека лицето И.Б е лишено од слобода. На лице место, направен е криминалистичко-технички увид, при што не се пронајдени чаури.
СВР Охрид и ПС Струга превземаат понатамошни мерки за целосно расчистување случајот, по што ќе следи поднесување на кривични пријави./крај/охридњус/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ
Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).
Меџити од овој собир на дијаспората и се обрати со зборови каде им ја даде убавата вест дека на 8 мај пристигнува победата, но и за вредноста на учеството на дијаспората во овие избори кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои го мразат Курти и Косово.
„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротиставува на Косово и кокетира со Вучиќ”.
Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување.
Македонија
Во Скопје санкционирани 179 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.
Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.