Македонија
Законот за извршување одложен, но каматите повисоки
Она што е работа на извршителите ќе продолжи да биде и во иднина, ако Законот за извршување се одложи за една година тоа не значи дека извршителите ќе останат без работа и ќе мируваат една година, се одложува само реформата во судскиот систем
Она што е работа на извршителите ќе продолжи да биде и во иднина, ако Законот за извршување се одложи за една година тоа не значи дека извршителите ќе останат без работа и ќе мируваат една година, се одложува само реформата во судскиот систем која треба да се ослободи од неспорните предмети, јавува Тера телевизија.
Извршителите ќе ги наплатуваат долговите за неплатени сметки за струја, парно, вода и кабелските оператори за кои е донесено правосилно судско решение, се додека не се спроведе трансферот наместо судот, нотарите да постапуваат и одлучуваат по тужбите. Со измените во Законот за извршување, кои требаше да почнат да се применуваат од први јули, судот требаше да се ослободи од 600.000 предмети за неплатени сметки за комуналии.
Половина од овие предмети за кои е донесена правосилна одлука требаше да преминат директно кај извршителите, додека другата половина требаше да премине кај нотарите. Целта на измените е да се зголеми ефикасноста на извршувањето и за повеќепати да се забрза неговата процедура.
Одлагањето на донесувањето на овој закон не ги заштити ни малку граѓаните зошто пролонгирањето на извршувањето ќе значи дополнителна камата од 16,5 проценти на годишно ниво. За цело време додека не се плати главниот долг тече затезна камата која до први февруари годинава изнесуваше 19,5 проценти на годишно ниво, пренесува Тера телевизија.
Оттогаш наваму таа се пресметува според референтната стапка на Народната банка на Македонија и сега изнесува 16,5 проценти. На пример за долг од 2007 година во износ од 10.000 денари сега со казнената камата треба да се плати речиси двојно, односно 18.330 денари. Ако граѓаните не го платат ваквиот долг туку ги чекаат извршителите тоа ќе ги чини дополнителни 3.000 до 6.000 денари.
Без судска пресуда тужените граѓаните може да го платат долгот со камата и тогаш ќе бидат ослободени од судски трошоци ако е донесена судска одлука за да избегнат дополнителни трошоци за извршител граѓаните е подобро да го платат главниот долг со судски извршители, затезна камата и судски трошоци.Причините за одложувањето на Законот се лоцираа во неподготвеното Министерството за правда околу тарифникот за нотарите каде предметите ќе се регистрираат и слично но и во лошата економска состојба кај населението./крај/тера/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Постојниот простор на СВР Охрид ќе се стави во функција на градот, надземно ќе биде убав парк, а подземно катна гаража
„Денеска на покана на министерот и градоначалникот сум во Охрид, да дадам и јас лично поддршка на проектот кој тие двајца го најавија дека тоа ќе биде еден од приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. Станува збор за простор на СВР Охрид кој ќе се стави во функција на општина Охрид или ќе биде надземно убав парк, а подземно катна гаража“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ценам дека треба да се слушаат потребите на граѓаните, треба да се слушаат потребите на тие кои се избрани од граѓаните.
Ценам дека на овој начин ќе се овозможи еден поголем комфор во рамките на градското централно подрачје во Охрид во оној дел каде што е туристичка зона и ценам дека како држава треба да поддржуваме проекти кои ќе значат додадена вредност за средините во кои се прават. Еден од тие проекти е овој овдека.
Така што уште еднаш од мене голема благодарност и до министерот и до градоначалникот на поканата. Очекувам вакви и слични проекти и во иднина во други области во Македонија“, изјави Мицкоски.
Сервисни информации
Сообраќајот на патот Прилеп-Македонски Брод, се одвива наизменично по една коловозна лента
Во 14:58 часот сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Мак.Брод, сообраќајот се одвива наименично по една коловозна лента.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Апел за помош за малиот Војдан
„Почитувани, ви се обраќам како очајна мајка на Војдан, кој е дете со церебрална парализа. Војдан е предвремено родено дете, кој е борец уште од првата секунда од неговиот живот. 71 ден ги помина во инкубатор, на респиратор, со мал милион дијагнози и прогнози, но тој се избори и си дојде дома.
Кога мислевме дека нема крај на нашата среќа. Господ повторно ни го зададе најголемиот удар, на Војдан му дијагностицираа Церебрална парализа. 8 месеци ги поминавме по болничките лавиринти во нашата држава, со што немаше значителен напредок. Од негови 11 месеци, одиме на рехабилитација во Загреб. Одиме секој месец и остануваме таму по една недела. Војдан има сериозен напредок во неговата битка, која продолжува и од кога ќе се вратиме дома. Секојдневно има физикална терапија, со што јас како родител сум обучена да работам со него, дефектолошки и логопетски третман одиме на приватно. Фондот за здравство не ни го признава лекувањето на Војдан, па цели овие години одиме со помош на нашиот хуман народ. Како мајка на која единствена желба и е здравјето на нејзиното дете, уште еднаш и до бескрај ги молам сите хумани граѓани кој се во можност да ни помогнат за Војдан да излезе како победник во битката“.
Информации околу кампањата за собирање на донации имате тука