Македонија
Лидингтон: Договорот меѓу Македонија и Грција ќе биде корисен за цела Европа
Ние би сакале колку што е можно поскоро успешен договор помеѓу Македонија и Грција и сметам дека тоа ќе биде од интерес како за двете земји, така и за ЕУ како целина, изјави министерот за Европа на Велика Британија, Давид Лидингтон по денешната средба со вицепремиерот Васко Наумовски.
Ние би сакале колку што е можно поскоро успешен договор помеѓу Македонија и Грција и сметам дека тоа ќе биде од интерес како за двете земји, така и за ЕУ како целина, изјави министерот за Европа на Велика Британија, Давид Лидингтон по денешната средба со вицепремиерот Васко Наумовски.
Лидингтон го искажа охрабрувањето што Велика Британија и го дава на Македонија за продолжување на билатералните разговори меѓу Македонија и Грција.
„Како пријател на Македонија, Велика Британија би сакала да ја охрабри во полна форма да продолжи со преземањето на реформите бидејќи, колку поскоро сите тие реформи се преземаат, толку поскоро ние ќе видиме како Македонија ќе зачекори како полноправна членка во ЕУ. Лондон навистина се задоволство ќе го очекува тој ден“, изјави Лидингтон.
Според министерот за Европа многу важни процеси за европска интеграција на земјава се реформите во судството, во деловникот на Собранието, администрацијата, како и антикорупциските мерки.
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Наумовски рече дека Македонија во Велика Британија гледа еден цврст пријател и сојузник и изрази надеж дека таа поддршка ќе продолжи и во иднина.
„Уверени сме дека оваа поддршка ќе продолжи и во наредниот период и дека заедно со нашите пријатели од Велика Британија ќе успееме Македонија да ја приближиме што е можно поскоро до полноправно членство во ЕУ. Република Македонија останува цврсто посветена на исполнувањето на сите активности од агендата за исполнување на Копенхагенските критериуми и сигурни сме дека земјата кога ќе стане полноправна членка на ЕУ ќе биде една од најподготвените држави кандидати, која што станала држава-членка“, изјави Наумовски.
Министерот за Европа Лидингтон, по средбата со вице премиерот Наумовски се сретна и со премиерот Никола Груевски./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата
Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов по првиот круг од претседателските избори.
„Затоа е потребна општа мобилизација за уште посилна победа на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните ги отпишаа СДСМ, да запнеме сите заедно да ги отпишеме и ДУИ. Овојпат ДУИ мора да падне! Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата!“, порача Анеглов.
Ангелов пред еден месец соопшти дека неговата партија излегува од коалицијата предводена од СДСМ.
Тој со години се залагаше воените инвалиди и семејства на загинатите бранители да бидат обештетени, но немаше слух од своите коалициони партнери. Како што самиот рече, добивал поддршка од премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но поради противењето на ДУИ тоа не се случило.
Македонија
Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи
Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските избори освои само 8.103 гласа, односно 0,90 %. Тоа е помалку од бројот на собрани потписи за претседателската кандидатура зад која му се потпишаа 10.000 граѓани.
Јакимовски во неговата општина освои 2.143 гласа, а во родната Крива Паланка за Јакимовски гласале 182 граѓани.
Тој вчеравечер призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Силјановска-Давкова. Додаде дека не е задоволен од изборниот резултат.
Поразот на Јакимовски вчера беше главна тема на социјалните мрежи.
Стевчо Јакимовски ни комшиите не го гласале. Пошо да го гласаа ќе тепаше у прв круг.
— Ракун (@HumoroidM) April 24, 2024
Стевчо има повеќе квадрати во една општина свои отколку гласови
— БУГАРСКИ ПАСОШ🇲🇰 (@NemamBgPasos) April 24, 2024
Стевчо им се заблагодари на сите коишто гласаа за него… поединечно
— Dimano (@dimanovski) April 24, 2024
И доктортот Нико Беќаровски за него објави хумористичен статус.
„Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“, напиша тој на „Фејсбук“.
Стевчо Јакимовски во првиот круг заврши последен по бројот на гласови на претседателските избори.
Македонија
Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро
На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.
Тој соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, а беше познат и како крал на местенките во фудбалот.
Соработуваше со големи музички ѕвезди, како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгоевиќ, „Бјело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена.
Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и многубројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.