Македонија
Доказниот материјал за инцидентот доставен кај Велјановски
Целокупниот доказен материјал за инцидентот, кој што се случи во четвртокот во македонскиот Парламент, министерството за внатрешни работи денеска го достави до претседателот на Собранието Трајко Велјановски.
Целокупниот доказен материјал за инцидентот, кој што се случи во четвртокот во македонскиот Парламент, министерството за внатрешни работи денеска го достави до претседателот на Собранието Трајко Велјановски.
Со ова МВР почна со документирање на пријавата, која како што велат од МВР, ќе следи против пратениците кои пред собраниската зграда го попречија полицискиот службеник при вршењето на неговата службена должност и потоа физички и вербално го нападнаа со туркање влечење и закани.
Заедно со доказниот материјал, МВР на спикерот на Собрание му испрати и писмо.
„Со нападот, влечењето, туркањето и попречувањето на службеното лице во извршувањето на неговите задачи, бевме сведоци на срамен вандализам од страна на неколку поединци, кој доколку остане несанкциониран ќе го загрози угледот на законодавниот дом. Од пишаните и видео материјалите јасно се гледа кој влече, кој турка, кој напаѓа, кој навредува и кој попречува извршување на службено дејствие. Нема никаква дилема кој е одговорен и кој се учествува во малтретирањето на службеното лице. Единствената дилема засега се мотивите на иницијаторите на инцидентот“ се вели во писмото.
Според МВР, сега е најважно да се справиме со последиците.
„Ако поминат неказнето, реален е стравот да продолжат со насилничко однесување. Реална е опасноста повторно со раце да ја делат сопствената „правда“ и сопствената „демократија“ во законодавниот дом, кога некого нема да препознаат или истиот нема да биде по нивен вкус. Впрочем дел од истите учесници во овој инцидент, во 2007 фрлаа со шишиња и брутално нападнаа три пратенички“ додава МВР во писмото.
Собранието треба да одлучи за одговорноста на пратениците, кои учествувале во инцидентот.
„Ние денеска направивме анализа на настанот, согласно на анализата можеме да утврдиме дека станува збор за попречување на службено лице во вршење на службени задачи. Со оглед на спецификата и нивната положба сепак се тоа избрани функционери. Нашиот извештај ќе го доставиме до собранието, а по однос на одговорноста понатаму ќе треба соодветните собраниски служби да утврдат како ќе тече постапката“ изјави Јанкулоска во саботата.
Инцидентот се случи во четвртокот вечерта по завршувањето на седницата и неизгласувањето на законот за стечајците, кога пратеници од опозицијата излегле пред Собранието на стечајците да им го соопштат резултатот од собраниската седница.
Тогаш пратениците од опозицијата се судриле со полициски службеник кој што го снимал со камера нивниот разговор со стечајците, без да се легитимира./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од
Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски извести дека гласањето се одвива мирно и без неправилности, а техничките проблеми вели дека тековно ги решаваат.
„Пријавени се само технички проблеми, батерија или кабел на биометриските уреди кои ги решаваме во од. Сите гласачки места се отворени и засега нема прекин никаде“, рече претседателот Даштевски.
Одѕивот во првите два и пол часа е 3,85 отсто, но пристигнале податоци од само 832 избирачки места. На овие избори право на глас имаат 1. 814.317 граѓани на 3480 избирачки места.
Македонија
3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК
Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски избори е 3,85 отсто. Гласањето е почнато навреме, се одвива мирно и без пријавени неправилности. Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски утрово рече дека одѕивот е мал, но мал е и бројот на избирачки места од кои се пристигнати податоци.
„До девет часот пристигнати се податоци за одѕив на гласачите од 832 избирачки места. Од вкупно запишани 42.748 гласачи на овие избирачки места, гласале 15.487 или 3,8 отсто од гласачите. До овој момент во ДИК се доставени вкупно 12 приговори за заштита на личното избирачко право кои се предмет на обработка“, рече Даштевски.
На бесплатниот телефонски број 0800 555 44 граѓаните можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија.
Активна е и видеокол линијата 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик. На сите граѓани на располагање им се интернет страницата на ДИК www.sec.mk како и страниците на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ и каналот на јутјуб.
На страната rezultati.sec.mk може да се следи во живо излезноста на гласачите, вкупна и по општини.
На овие избори право на глас имаат 1. 814.317 граѓани на 3480 избирачки места. Податоци од повеќе избирачки места претседателот Даштевски најави за следната прес – конференција.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.