Македонија
ЕУ агендата – повторно тема за несогласувања
Има или не застој во европските реформи, какви закони усвојува Владата, изолирана е или не Македонија, беа дел од темите за кои спореа власта и опозицијата на денешната седница на собраниската Комисија за европски прашања, на која се разгледуваше
Има или не застој во европските реформи, какви закони усвојува Владата, изолирана е или не Македонија, беа дел од темите за кои спореа власта и опозицијата на денешната седница на собраниската Комисија за европски прашања, на која се разгледуваше информацијата за усвојување на европското законодавство во второто тромесечие од годинава.
Вицепремиерот Васко Наумовски со став дека усвоените 54 закони во првите шест месеци од годината од предвидените 106 од европската агенда се најдобар доказ за посветеноста на Владата на интеграцијата на земјата во ЕУ. Спротивно на него, пратеникот Игор Ивановски од СДСМ смета дека власта не покажува резултати во овој домен, нарекувајќи ги презентираните бројки, ирелевантни.
„Сметам дека содржината на денешната информација што е доставена, односно содржината на претходната информација што беше навремено доставена и дискутирана во комисијата, претставуваат најдобра потврда за напредокот што е постигнат и за напорите кои што ние заеднички ќе продолжиме да ги работиме понатаму во сите области што произлегуваат од критериумите за членство“, рече вицепремиерот Наумовски.
„После подолго време гледаме една ваква празна, исплакната и бледа информација во која што е направено се, само за да има повеќе страници и само за да има помалку факти и информации. Ако внимателно ја прочитате, ќе видите дека во неа најмалку се зборува за периодот за кој што го има насловот. Второ, се зборува многу повеќе за 2009-та година. Трето, фали уште да кажете што сте ручале вчера само за да ја пополните уште повеќе. Четврто, ако внимателно го прочитате она што е напишано, најмалку има констатирано она што направил СЕП и Владата во целина“, вели пратеникот Ивановски.
Опозицијата, истовремено, го изнесе и ставот дека Владата и Секретаријатот за европски прашања, подгрева евроскептицизам и дека ја подготвуваат земјата за невлегување во ЕУ.
„Секретаријатот нема со што да се пофали. Нема Владата со што да се пофали и оваа информација и „преку трупа“ закажаната седница на Комисијата за европски прашања од вчера за денес ја покажува целата манипулација во обидот што е можно побрзо, пократко и поефективно да се сокрие неработењето и немањето резултати со помош на одредени трикови и финти кои што претходно сме ги гледале, но сега мислам дека излегуваат на површина“, вели Ивановски.
„Мислам дека имате формулирано заеднички, можеби на некој партиски состанок, една формулација за забавени реформи, а во некој области дека има назадување. Тоа се повторува и во соопштение по заедничка средба со претставници на Европската Комисија, во изјава на претседателот на партијата, во изјава на пратеници. Мислам дека тоа е некаква формулација до која што сте се договориле да се држите. Не само што нема застој во реформите, туку напредокот кој што ние го остваруваме е несомнен, видлив и потврден од страна на претставниците на Европската Комисија“, одговори вицепремиерот Наумовски.
Програмата за прилагодување на националното со европското законодавство се разгледува на секои три месеци од страна на Комисијата за Европски прашања. Денеска усвоената информација следната недела ќе се разгледува од страна на Националниот Совет за евроинтеграции. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите за 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра
Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел од листата на Социјалдемократскиот сојуз и Коалицијата за европска иднина.
Маричиќ јавно се обврза дека како член на наредната Влада што ќе ја предводи СДСМ ќе продолжи да работи за пензионерите да имаат убав и достоинствен живот.
„Оваа Влада ги покачи пензиите за 50% и ветуваме дека во наредниот мандат ќе биде просечна пензија од 500 евра. Исто така се обврзуваме на зимски регрес од 3000 до 6000 денари за секој пензионер, а најмногу ќе добиваат оние со најниски пензии. Исто така ветуваме енергетски пакет од 1500 денари месечно во текот на грејната сезона за оние пензионери на кои најмногу им треба“, вети Маричиќ.
Тој нагласи дека пензионерите тоа го заслужуваат.
„Без вашата генерација и без влогот кој што го дадовте немаше да имаме држава. Токму затоа сме дожни и обрзани да работиме пензионерите да имаат мирни и спокојни пензионерски денови и мирно да ги гледаат своите деца и внуци како растат. А како растат внуците така нека растат и пензиите“, нагласи Маричиќ на средбата со тетка Верица и пензионерите од Карпош.
Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, порача дека тој, СДСМ и Коалицијата за европска иднина „не се откажуваат од подобриот животен стандард за спокоен живот за пензионерите“.
Македонија
Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, максимални температури до 18 степени
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно и посвежо со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 17 степени.
За време на викендот ќе се задржи променливо облачно и посвежо време. Во недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и услови за појава на изолирана нестабилност со грмежи. Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка.
Македонија
Таравари од централниот митинг во Струга: Зголемување на минималната плата до 800 евра за борба против имиграцијата
Кандидатот за претседател од редовите на ВЛЕН, Арбен Таравари, ја изрази својата заложба за борба против имиграцијата преку зголемување на минималната плата во нашата земја. Во рамките на идната влада се планира зголемување на платите и до 800 евра, со што ќе се создадат нови можности младите мажи и жени да останат и да придонесат за развојот на државата.
Преку грантови за технологија и иновации, Таравари рече дека владата има за цел да ги поддржи нивните креативни идеи, фокусирајќи се на развојот на земјата како атрактивна алтернатива за младите.
„Иселувањето кај нас е над секоја норма, бројките се алармантни. Не можеме да останеме рамнодушни на оваа ситуација. Така како следна влада на ВЛЕН ќе донесеме одлука за покачување на платите. Ќе се заложиме минималната плата до крајот на нашиот прв владејачки мандат да биде 800 евра. Преку грантови за технологија и иновации, ќе ги поддржиме младите мажи и жени со нивните креативни идеи, кои првенствено служат за нашиот развој како држава. Ова ќе биде дополнителна причина да ја гледаат иднината овде со нас, недалеку од нивните домови, недалеку од нивниот роден град“, рече Арбен Таравари на централниот митинг во Струга.