Македонија
Отфрлена интерпелацијата за министерката Јанкуловска
Со 14 гласа „за“ и 69 „против“ Собранието во петокот околу полноќ по жестоката расправа ја отфрли интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска поднесена од СДСМ и НСДП.
Со 14 гласа „за“ и 69 „против“ Собранието во петокот околу полноќ по жестоката расправа ја отфрли интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска поднесена од СДСМ и НСДП.
За владејачкото мнозинство интерпелацијата била неоснована и непотребна, бидејќи до сега како што рекоа немало подобар министер за внатрешни работи од Јанкуловска, а за опозицијата пак министерката не била „дорасната“ за функцијата која ја врши.
Напната атмосфера и многу меѓусебни навреди ја одбележаа парламентарна седница за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Јанкуловска.
Клучното прашање според пратениците на СДСМ беше кој ги повикал и кои се, според нив, вооружените лица во цивилна облека кои биле во Собранието дента кога се расправаше по законот за стечајците.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ пак изразија очекување дека пратениците кои што беа дел од инцидентот ќе му се извинат на полицискиот службеник кој беше физички нападнат.
Се дотогаш, велеа, „ќе останете марионети во рацете на човекот кој прави со вас куклен театар“.
Според Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ интерпелацијата била само алиби.
„Ја поднесовте неколку дена по нападот кој го извршивте врз службено лице на МВР. Дали сметате дкеа вашата партија треба да продолжи на истиот насилнички начин да се бори за демократијата во МВР. Дали ќе продолжите да ја силувате демократијата. СДСМ сака да се заштити себе си од сите минати и сегашни дејанија. Колку и да давате отпор законот ќе мора да продолжи да се спроведува“, рече Димовски.
Пратеникот Јани Макрадули образложувајќи ја интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, во петок рече дека таа ќе биде запаметена по периодот во кој во „Македонија се инсталирала полициска држава“.
Повод за поднесената интерпелација од страна на опозициските СДСМ и НСДП е инцидентот што се случи во Собранието на 1 јули.
„Вие ни пресудивте уште пред 1.јули, белешките беа напишани уште пред да почне расправата, а за што? За да го сокријат срамот од лажните ветувања пратениците од ВМРО –ДПМНЕ го викнаа партискиот дел од МВР да ги брани од сопствениот народ. Упадот на полиција во нормална демократија значи оставка за една Влада“, рече Макрадули.
Според него, МВР е главен трошок на Буџетот, а се занимава со газење на стечајци, со сатанизација на роднини на пратеници од СДСМ, со рекетирање на успешни бизнис компании, а Јанкуловска е присутна буквално секаде.
„Министерке, вас ве има како мирудија во секоја недемократска манџа во која се кршат основните човекови права и слободи веќе четири години во Република Македонија“, рече Макрадули, обраќајќи и се на министерката Јанкулоска.
Министерката Јанкулоска им се заблагодари на потписниците на интерпелацијата за, како што рече, можноста да се расветли инцидентот.
„Доволно е да се погледнат снимките и фотографиите. На нив јасно е видливо колку тајниот снимател е прикриен. Впрочем „тајниот“ снимател е истиот оној човек кој надворешно физички го обезбедуваше домот на поранешниот премиер Бучковски. На фотографиите јасно е видлива издржаноста на манипулациите кои имаше обид да бидат протнати во јавноста дека „дел од пратеничката група на СДСМ била нападната“ или дека на пратениците им било ограничувано движењето. Единствено што мене не ми е јасно, тоа е чувството на пратениците чии раце може да ги видиме на фотографијата како туркаат и влечат“, рече министерката Јанкулоска образложувајќи го одговорот на интерпелацијата.
Таа ги праша пратениците од опозицијата дали имаат совест и намера да испратат извинување до, како што рече, човекот што беше понижен.
„Вољата да се прифати одговорноста е извор на себепочитувањето. Доколку постоеше барем малку воља, тогаш полициските службеници немаше да се прогласуваат за силеџии, вандали или дури и жртви на мобинг кои биле принудени на нешто. Доколку постоеше малку воља ќе запреа манипулациите во јавноста и ќе беше почитувана реакцијата на полицискиот синдикат кој најостро го осуди нападот врз полицискиот службеник и инсистираше одговорните да понесат соодветни санкции, бидејќи според синдикатот, како што полициската значка не смее да биде заштита од одговорност, исто така и пратеничкиот имунитет не може и не смее да биде дозвола и амнестија за какво било вандалско однесување“, рече Јанкулоска.
Повод за поднесената интерпелација од страна на опозициските СДСМ и НСДП е инцидентот што се случи во Собранието на 1 јули.
Петочната дебата беше последната собраниска дебата пред годишните одмори. Собранието продолжува со работа крајот на идниот месец./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Османи: Европскиот фронт е голема идеја чие време е дојдено
Кандидатот на Европскиот фронт, Бујар Османи, вечерва на митинг пред граѓаните на Кичeво изрази благодарност до лидерите на Европскиот фронт и коалицијата која, како што вели Османи, е продолжение на битките во континуитет една по една, за разбивање на замоците на етничките монополи.
„Европскиот фронт не е политичка партија. Европскиот фронт не е ни коалиција на политички партии, Европскиот фронт е голема идеја. Тоа е одлична идеја чие време дојде, лавина што ги собра соништата на секој граѓанин на оваа земја, за еднаквост, за правда и просперитетен живот во ЕУ. И ова го гледам како ентузијазам, како насмевка во секое населено место каде што одам, бидејќи Европскиот фронт е трета унија, но сега со малку поинаква димензија“, истакна Османи.
Кандидатот на Европскиот фронт, Османи понатаму истакна дека останува уште едена последна тврдина на етничкиот монопол.
„Тврдината која нè загрижува сите и секогаш ни го дава тој сигнал дека се уште не е сè како што треба, сè уште нема еднакви можности за сите, таа е тврдината на првиот претседател. Значи, браќа и сестри, се натпреварувам, на 24 април да ја разберете тежината на оваа мисија, дека вашиот глас не е само за мојата кандидатура, вашиот глас, вашата поддршка е за да ја разбиете последната тврдина на етничкиот монопол и за заокружување на еднаквоста на сите заедници во нашата заедничка држава“, заклучи Османи.
Македонија
Таравари: Ќе ја вратиме некогашната репутација на Куманово и Липково
Ќе ја вратиме некогашната репутација на Куманово и Липково. Ќе го поврземе Куманово со Гњилане и Прешево, ќе инвестираме во агробизнис, грантови и земјоделци Ќе ги поврземе Куманово со Гњилане и Прешево, ќе инвестираме повеќе во агробизнисот, во грантови за земјоделците и во економски развој за да ја вратиме некогашната репутација на земјоделството и производството на регионот на Липково и Куманово. Ова беа дел од пораките кои претседателскиот кандидат Арбен Таравари ги испрати вечерва од општина Липково. Оваа општина ја донесе ДУИ на власт а како награда добива само штета, неправда и лошо владеење.
„Наместо да се привилегира и развива овој регион кој некогаш важеше за кризен регион, лошото владеење на ДУИ го втурна во повеќекратни кризи. Економска и земјоделска криза, невработеност и миграциска криза, но и безбедносна криза и монтирани случаи. Никој повеќе од жителите на овој крај не ги почувствувал последиците од лошото владеење на ДУИ“, нагласи Таравари во својот говор.
Но, според него, оваа состојба ќе заврши со гласот на самите граѓани, кој ВРЕДИ и ќе ја донесе долгоочекуваната промена.
„Ќе донесеме повеќе правда, прво за политичките монтирани случаи, каде што ќе се заложиме за правда и обештетување за оние Албанци кои неправедно се држат во затвор. Никогаш не го забораваме војникот на слободата и жител на овој крај, Реџаил Ќерими, кој неправедно беше држен во затвор 13 години и почина во ќелијата кога отворено се знаеше дека нема врска со она за што го обвинуваа, изјави Таравари.
Меѓу другото, Таравари од Липково повтори дека со доаѓањето на ВРЕДИ на власт ќе се забрани коцкањето, а ќе се простат и долговите од фирмите за брзи кредити кои исто така рече дека ќе се затворат.
Македонија
Кои се седнатите на софра со најголемите криминалци од Грчец, Шиша бар, со оние од убиствата во Ханиоти, прашува Силјановска-Давкова
Ги нема сликите низ весниците кои се најдобар доказ, бидејќи сликите понекогаш повеќе кажуваат од зборовите, за тоа кој е кој во ова корупциско и криминално гнездо, вели професорката Горданa Силјановска -Давкова вечерва од Велес.
„Колку претседатели сте виделе, колку премиери сте виделе, колку министри за внатрешни работи сте виделе седнати на софра со најголемите криминалци од Грчец, Шиша бар, со оние од убиствата во Ханиоти? Може да се сликате со некого на улица, ама на софра да бидете тоа значи дека сте во спрега. Значи, во право е претседалот на ВМРО-ДМПНЕ кога вели дека, не само со чинење, не само со криминални активности, туку и со замижување пред криминалот и корупцијата вие сте соучесник во нив, посочи Силјановска Давкова и додаде:
„Во овие избори има нешто специфично, до ѕидот сме доведени. Вие заслужувате власт соодветна на вашето достоинство, власт од којашто нема да се плашите и срамите, туку ќе се гордеете“, порача вечерва од Свети Николе, кандидатката за претседател на државата, поддржана од ВМРО – ДПМНЕ и коалициските партнери