Македонија
Ортопедите збунети по вчерашната изјава на Османи
По вчерашната изјава на министерот за здравство Бујар Османи дека „новата установа ќе биде организирана како холдинг, со што ќе им се овозможи полесен пристап посебно на најтешко болните, ортопедите денеска изразија збунетост.
По вчерашната изјава на министерот за здравство Бујар Османи дека „новата установа ќе биде организирана како холдинг, со што ќе им се овозможи полесен пристап посебно на најтешко болните, ортопедите денеска изразија збунетост.
Тие велат дека се збунети поради тоа што на состанокот со министерот Османи бил пронајден компромис ,а потоа преку медиумите ја слушнале изјавата на министерот „која била надвор од контекстот“.
„ Мора да се направи измена на одлуката на Владата во која што децидно ќе се каже што е клиника за ортопедски болести. Се друго што ќе се каже усно не го прифаќаме.Не ни е јасно што е холдинг во јавно здравство сакаме тоа да ни се објасни. Холдингот постои во приватната дејност , но холдинг каде што нема приватен капитал не ни е јасен.Поради тоа поднесовме уште еднаш барање до премиерот во присуство на министерот и заменик на министерот за здравство, повторно да се сретнеме и да ја разрешиме состојбата“, рече Тодор Ношпал од Клиниката за ортопедија.
Тој понатаму додаде дека бараат консултација од министерството за економија да им објасни што е холдинг и како тоа ќе функционира во јавното здравство.
Ортопедите бараа повлекување на владината одлука за спојување на четирите установи, Ортопедија, Трауматологија, Клиниката за анестезија, реанимација, интензивно лекување-КАРИЛ и Ургентниот центар.
„Беше констатирано дека за понатамошно успешно функционирање на Клиниката за ортопедски болести неопходно е да се зачува нејзиниот интегритет, со зачувување на името во Централниот регистар и во името на новата установа, нејзината наставна база преку катедрата, материјалните средства, просторот за работа и организационата поставеност,можноста за учество во набавка на потрошни материјали “ рече Тодор Ношпал од Ортопедија.
Ношпал рече дека се наметнала неопходност клиниката да има своја потсметка за тековни потреби.
„Министерот и неговиот заменик ќе направат консултации со правната служба и ќе изнајдат решение за измена на владината одлука“, додава Ношпал. /крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.