Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Андреј Петров лаже
Андреј Петров лаже дека убиениот припадник на МВР е телохранител на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Со тоа се докажува дека СДСМ постојано манипулира и лаже.
Андреј Петров лаже дека убиениот припадник на МВР е телохранител на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Со тоа се докажува дека СДСМ постојано манипулира и лаже.
Ова е реакцијата на владејчката партија, ВМРО – ДПМНЕ на денешната прес-конференција СДСМ, на која опозицијата побара оставка од министерката, бидејќи, според нив, убиствата во Македонија станале секојдневие.
„Министерството за внатрешни работи сосема професионално и ефикасно работи на расветлување на вчерашниот инцидент. Фатен е извршителот на инцидентот и тој ќе одговара пред законите“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие потсетуваат на убиството на Диме Ицковски Поштарот кој беше убиен на средe бел ден.
„За разлика од ова, во времето на СДСМ на сред бел ден беше брутално усмртен од страна на МВР, Диме Ицковски Поштарот и за тоа никој не одговараше, имаше престрелки и загинати во најстрогиот центар на Скопје и повторно за тоа никој не одговараше, а главен силеџија во главниот град беше синот на високиот функционер на СДСМ Верушевски, кој доби за „награда” дипломатска функција токму од Црвенковски“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.
На прес- конференцијата на СДСМ, реагираше и министерството за внатрешни работи.
„Полицискиот службеник беше вработен во Шестата управа при МВР на работното место главен оперативен работник за странски делегации и манифестации, и никогаш досега не вршел обезбедување на министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска. Потоа, треба да нагласиме и дека во МВР се вработени неколку илјади вработени и институцијата досега не се обидела да им го контролира нивниот приватен живот и поведение, се разбира се до оној степен додека тоа не ги пречекори границите на нормативно дозволенето. По однос, пак, на крајно ступидната, но бездруго, невоспитана инсинуација околу тоа дали нешто “планирал“ полицискиот службеник – иако се разбира таргетот на таа “сугестија“ е во сферата на политикантскиот памфлетизам – со тоа што бил во дотичниот ресторан и седел со лицата кои биле таму, немаме ама баш никаква намера да реплицираме“ се вели во реакцијата на МВР. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од неколку скопски населби без струја
Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе останат следните корисници:
· Во период од 09,00ч до 16,00ч дел од корисниците во с. Волково и с. Кучково ( о. Ѓ. Петров);
· Од 09,00ч до 14,00ч корисниците од ул. Банско, ул. Баница, ул. Наум Охридски и ул. Жванска (о. К. Вода);
· Од 07,00ч до 15,00ч новите згради спроти Мерцедес ул. 852 (о. Г. Баба) и
· Во период од 09,00ч до 15,00ч дел од ул. Милан Мијалковиќ, ул.Пржино, ул.Кавалска (о. К. Вода).
Македонија
Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено во северозападните делови каде ќе има услови за ретки грмежи. На планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје променливо облачно и посвежо со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени.
До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и посвежо, наместа со повремени врнежи од дожд. Во петок пообилни врнежи се очекуваат во јужните делови, а во недела на повеќе места. Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка.
Македонија
Османи: Европскиот фронт е голема идеја чие време е дојдено
Кандидатот на Европскиот фронт, Бујар Османи, вечерва на митинг пред граѓаните на Кичeво изрази благодарност до лидерите на Европскиот фронт и коалицијата која, како што вели Османи, е продолжение на битките во континуитет една по една, за разбивање на замоците на етничките монополи.
„Европскиот фронт не е политичка партија. Европскиот фронт не е ни коалиција на политички партии, Европскиот фронт е голема идеја. Тоа е одлична идеја чие време дојде, лавина што ги собра соништата на секој граѓанин на оваа земја, за еднаквост, за правда и просперитетен живот во ЕУ. И ова го гледам како ентузијазам, како насмевка во секое населено место каде што одам, бидејќи Европскиот фронт е трета унија, но сега со малку поинаква димензија“, истакна Османи.
Кандидатот на Европскиот фронт, Османи понатаму истакна дека останува уште едена последна тврдина на етничкиот монопол.
„Тврдината која нè загрижува сите и секогаш ни го дава тој сигнал дека се уште не е сè како што треба, сè уште нема еднакви можности за сите, таа е тврдината на првиот претседател. Значи, браќа и сестри, се натпреварувам, на 24 април да ја разберете тежината на оваа мисија, дека вашиот глас не е само за мојата кандидатура, вашиот глас, вашата поддршка е за да ја разбиете последната тврдина на етничкиот монопол и за заокружување на еднаквоста на сите заедници во нашата заедничка држава“, заклучи Османи.