Македонија
Синдикални протести на Денот на независноста
Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија на 8-ми септември ќе одржи мирен протест пред Собранието, на кој ќе бидат презентирани повеќе барања, меѓу кои, и барањето за средба со претседателите на Владата и на Собранието.
Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија на 8-ми септември ќе одржи мирен протест пред Собранието, на кој ќе бидат презентирани повеќе барања, меѓу кои, и барањето за средба со претседателите на Владата и на Собранието. Од КСОМ ќе побараат измени во законите за домување, за извршување, за работни односи, прифаќање на синдикатите од нивната конфедерација од страна на Министерствата за одбрана и за внатрешни работи, како и мерки за помош за граѓаните кои не се во можност редовно да ги подмируваат месечните сметки. „За овие проблеми, за кои КСОМ ги има за разрешување како проблеми на кои наидуваат вработените и граѓаните во Македонија, верувајте, дека не е потребно никакво волшебно стапче. Потребно е само одредени министри и одредени инстутитуции во државата да се спуштат на земја и да го слушнат гласот на народот и да ги погледаат состојбите онакви какви што се, а не да делуваат од позиција на моќ и да демонстрираат сила“, изјави Марјан Ристески, претседател на КСОМ. Од КСОМ велат дека оствариле контакт со повеќе организации кои ќе се вклучат на протестот. Го повторија и барањето за нивно вклучување во социјалниот дијалог. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.