Контакт

Македонија

Друцас негира тајна дипломатија во спорот со името

Објавено пред

Шефот на грчката дипломатија, Димитрис Друцас, на средба со новинари пред неговата денешна средба со медијаторот Метју Нимиц негираше постоење на тајна дипломатија или паралелен процес со цел надминување на спорот со името.

Шефот на грчката дипломатија, Димитрис Друцас, на средба со новинари пред неговата денешна средба со медијаторот Метју Нимиц негираше постоење на тајна дипломатија или паралелен процес со цел надминување на спорот со името. Како што пренесува агенцијата АНА-МПА, Друцас ги повторил грчките црвени линии за име за севкупна употреба. „Целиот процес се води максимално транспарентно под покровителство на Обединетите Нации. Сепак, ние сметаме дека директните контакти со другата страна можат само да го помогнат процесот. Кога зборуваме за директни контакти познато е дека премиерот Папандреу презеде иницијативи и имаше средби со премиерот Никола Груевски, а ќе побара и повторно да се сретнат ако Груевски дојде во Њујорк на Генералното собрание на Обединетите Нации“, вели Друцас. Брифингот на Друцас доаѓа по вчерашната средба на грчкиот премиер Јоргос Папандреу со Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-Мун, по која Папандреу изјави дека Атина е за решение што е во рамки на нивните црвени линии. /крај/ана-мпа/ач



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Прв ден од второ полугодие со стари проблеми

Објавено пред

Денес на првиот наставен ден од второто полугодие јасно е дека сѐ останува по старо. Учениците, професорите и родителите повторно ќе се соочуваат со истите проблеми, ќе се жалат меѓу себе, ќе си бараат помош, ќе се мачат, а времето ќе врви како и во претходното полугодие, обвини Комисијата на образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

„ Наставниците повторно ќе се снаоѓаат со сопствени лаптопи, со прекините на интернетот, со притисокот да пишуваат оценки, директорите со пишување нереални извештаи за текот на наставата, а и за заразените од КОВИД-19, родителите со сѐ ова и со трошење на огромен дел од своето време за напредок на сопственото дете.

Учебници нема да има ниту во второто полугодие, особено за средните стручни училишта. Националната платформа за далечинско учење воопшто не профункционира, а наставниците повторно нема да добијат навремена професионална обука. Над 10.000 ученици повторно ќе следат опциона настава, односно настава на телевизија и со печатени материјали и притоа за нивниот напредок не е можна реална контрола на постигнувањата.

Министерката Мила Царовска наместо да направи анализа на проблемите и евалуација на постигнувањата цел распуст се бави со нешто, наречено Концепција за реформа на образованието искритикувана и отфрлена од сите релевантни институции.

Додека министерката се бави и на мускули ја турка концепцијата, наставниците и децата остануваат да се снаоѓаат како умеат и знаат, а таа продолжува да се фали со 90% успешна онлајн настава.
Жално и срамно! Не ви веруваме! Кому му се потребни лаги и невистини? Потребно е децата успешно да ја завршат годината!“ се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

НСДП: Образованието да биде национален приоритет

Објавено пред

Во однос на реформата на основното образование кое се најавува од страна на Министерството за образование и наука, НСДП цени дека повеќе од потребни се квалитативни промени кои ќе не поместат од дното на светските рангирања за писменост. Според НСДП, потребен е инклузивен процес на дијалог и дебата, во кој ќе бидат вклучени сите чинители од кои зависи испорачувањето на квалитетни резултати во оваа сфера.

„ Освен институциите на системот, како неизоставен дел од напорите за подобрување на состојбите со образованието потребно е активно да бидат вклучени сите засегнати страни, како што се наставниците, професорите, учениците и родителите. Квалитетното образование да се постави како врвен национален приоритет, со јасно формулирани цели и методи на развивање на способностите, знаењата и вештините на учениците. Само на тој начин може да го направиме првиот исчекор кон воспоставување на модерен и динамичен образовен систем од кои ќе излегуваат оформени и слободоумни млади генерации, оспособени за предизвиците кои ги носи иднината“ наведуваат од партијата.

НСДП смета дека најнапред е потребно е да се води сметка целокупниот образовен процес да биде ослободен од стереотипите и предрасудите, од идеолошките и политичките митови, образованието да прерасне во мост на разбирање помеѓу младите генерации со различна етничка припадност и различни погледни на определени општествени процеси.

„ Унапредувањето на материјалните аспекти и реалното профункционирање на вистинско бесплатно образование, цениме дека претставуваат цели кои заслужуваат внимание во дебатата која се отвора за реформа на основното образование. Ослободувањето на родителите од трошоците кои ги имаат за своите деца за оброк, посети на музеи, училишни екскурзии, како и за различни наставни помагала кои се неопходен дел од образовниот процес, се прашања кои заслужуваат одговор од институциите на системот. Приоритет треба да добие и надминувањето на лошите материјално-технички и санитарни услови кои постојат во еден дел од училиштата во руралните средини, каде учениците немаат ниту пристојни хигиенски услови.

Состојбите со основното образование директно влијаат на високиот степен на неписменост кај млади генерации, со акумулиран потенцијал да наштети на севкупниот општествен и економски развој на државата. Ова е системски проблем кој бара ургентно надминување, но истовремено е потребно фокусот да биде проширен и на унапредување на состојбите во средното и високото образование. Затоа НСДП смета дека е потребно да се постави јасна цел во наредните 10 години како држава да дојдеме на ниво на писменост од 98%, а трошоците за образованието кои државата ги издвојува да достигнат 5% од вредноста на БДП на земјава.

Со зајакнувањето на финансиските основи на образованието ќе се унапреди материјалниот и општествен статус на наставниците и професорите, нивната професионална мотивираност за усовршување и самообразование. Преку програми за интензивна дополнителна обука, квалификација, доквалификација или преквалификација да добиеме наставници кои ќе бидат воспитувачи, а не строги судии. Издвојувањето на поголеми финансиски средства за образованието ќе значи квалитетна и компетентна настава во сите степени на образовниот процес“ порачуваат од НСДП.

Прикажи повеќе...

Македонија

Засилени контроли и казни за спречување на кражбите на капаци на шахтите

Објавено пред

ЈП Водовод и канализација – Скопје, известува дека тендецијата за масовно крадење на капаците на шахтите и решетките од сливниците продолжува и денес.

Од компанијата додаваат дека заради спречување на ваквиот вандализам и санкционирање на сторителите, ќе се засилат контролите на комуналните служби низ општините, но и на откупните центри за старо железо, каде доколку се пронајдат вакви предмети, ќе бидат изречени казни согласно Законот.

„ Во општина Карпош, денес повторно е потврдена кражба на капаци на шахти на следните локации: бул. Партизански одреди, на велосипедската патека кај Поликлиника Букурешт, кај ГУЦ и на бул. 8 Септември. Ваквиот вандализам негативно се одразува и ја загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот. И овој случај е документиран и пријавен во полициска станица, комуналните служби на Град Скопје и комуналните служби на општината“ соопштија од Водовод.

Оттаму додаваат деќа ќе бидат поставени нови капаци на посочените локации, но апелираат до јавноста и граѓаните, да не се крадат капаци и решетки од улиците, бидејќи, како што велат, на тој начин не се нанесува само штета на претпријатието туку и се загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Собранието го изгласа законот за попис

По 19 години, во април ќе се одржи попис на населението во земјата. Собрането денеска со 62 гласа „за“, без...

Македонија2 часа

Брнабиќ: Ќе помогнеме вакцините на „Фајзер“ да се регистрираат во Северна Македонија

Српската премиерка Ана Брнабиќ за ТВ „Хепи“ изјави дека земјата е подготвена да испрати 8.000 вакцини во Северна Македонија и...

Свет3 часа

(Видео) Избувна пожар во индискиот Институт за серуми, најголемиот светски производител на вакцини

Пожар избувна во производствен капацитет што му припаѓа на најголемиот светски производител на вакцини, Институтот за серуми во Индија (СИИ),...

Македонија3 часа

Фетаи за „Монструм“: Овој чин не заслужува ништо помалку од доживотен затвор

Обвинителката Фатиме Фетаи, која го застапува случајот „Монструм“, преку анализа на доказите, односно вештачењата и сведочењата, му докажуваше на судот...

Македонија4 часа

Матурантите ја бојкотираат наставата

Матурантите го бојкотираат почетокот на второто поллугодие. Тие бараат да полагаат два наместо четири предмети од државната матура. „Сојузот на...

Македонија4 часа

Обвинение за двајцата насилници што во автобус на ЈСП се закануваа дека ќе стават патници во киселина

Скопското Обвинителство поднесе обвинение за двајцата насилници што во автобус на ЈСП се закануваа дека ќе стават патници во киселина....

Македонија5 часа

Министерството за здравство: Состојбата со коронавирусот е стабилна

Во согласност со неделните извештаи на Институтот за јавно здравје за изминатиот месец се бележи стабилизација на епидемијата во земјата,...

Европа5 часа

Научниците од „Оксфорд“ подготвуваат вакцина против новите видови коронавирус

Научниците од Универзитетот „Оксфорд“ се подготвуваат што побргу да произведат нови верзии на вакцина, кои ќе може да се борат...

Свет6 часа

По 10 години, демократите ја презедоа контролата и над Сенатот на САД

Тројца нови американски сенатори вчера положија заклетва непосредно по преземањето на претседателската функција на Џозеф Бајден давајќи ѝ на Демократската...

Македонија7 часа

Угостителските објекти од денеска ќе работат до 21 часот

Рестораните и другите угостителски објекти од денеска, наместо до 18, ќе работат до 21 часот. Во согласност со одлуката на...

Свет18 часа

Кина воведе санкции кон 28 лица од администрацијата на Трамп

Кина воведе санкции за 28 лица од Америка, вклучително и официјални лица од поранешната администрација на Трамп, обвинувајќи ги за...

Свет20 часа

(Видео) По силната експлозија во Мадрид, една зграда е уништена, три лица загинаа

Една зграда е уништена, а околните згради се оштетени од силната експлозија којашто се случи недалеку од туристичката атракција Пуерта...

Свет21 час

(Видео) Бајден положи заклетва: Победи демократијата

„Ова е ден на Америка, ден на демократија. Денес го славиме триумфот не на кандидатот, туку на пораката. Се слушна...

Македонија21 час

Заев: Пописот е статистички процес неопходен за креирање на долгорочни развојни економски политики

„Остануваме целосно посветени на успешното спроведување на пописот, на неговата афирмација во делот на спроведување и поддршка на самиот попис....

Спорт22 часа

Финишот на полувремето кобен за Македонија, пораз од Словенија со 21-31

Добрите две третини од првиот дел од мечот меѓу Македонија и Словенија во рамки на главната фаза од ракометниот Мундијал...

Економија22 часа

Стратешкиот чешки инвеститор Групацијата АРИКОМА најавува продолжување на инвестициите во ИТ- експерти во Северна Македонија

На денешната прес-конференција присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г. Зоран Заев, амбасадорот на Република Чешка во Република...

Македонија23 часа

72 нови случаи на Ковид-19, починаа 13 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на...

Свет24 часа

(Видео) Трамп го одржа својот последен говор како претседател: Ќе се вратиме во некоја форма

Трамп последен пат ѝ се обрати на јавноста во својство на претседател на САД во воздухопловната база „Ендрус“, каде што се...

Македонија24 часа

Заев: Од функционерите прв треба да се вакцинира Филипче, па по него – јас

Премиерот Зоран Заев најави дека ќе ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 веднаш по министерот за здравство, Венко Филипче,...

Македонија1 ден

Судскиот совет ја разреши Татјана Михајлова поради несовесно работење

Судскиот совет ја разреши судијката Татјана Михајлова од судиската функција поради нестручно и несовесно работење. Постапката против неа се водела...

Досие