Контакт

Македонија

Иванов: Грчката блокада со последици како и ембаргото од деведесеттите

Објавено пред

Претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање на 65-тото Генерално Собрание на Обединетите Нации рече дека грчката блокада, покрај политички, создава и сериозни последици врз економскиот развој на земјата и смета дека тие се еднакви со последиците од трговското ембарго од пред 15 години.

Претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање на 65-тото Генерално Собрание на Обединетите Нации рече дека грчката блокада, покрај политички, создава и сериозни последици врз економскиот развој на земјата и смета дека тие се еднакви со последиците од трговското ембарго од пред 15 години. Според Иванов, поради грчката блокада, Македонија има проблеми во привлекувањето на странски инвестиции и намалувањето на невработеноста. „Македонија 15 години по првото трговско ембарго од Република Грција се соочува со нова блокада која ги нема карактеристиките на ембаргото од деведесеттите, но сепак ги има истите последици. Факт е дека Република Грција е еден од најголемите инвеститори во Република Македонија, но исто така, факт е дека со блокадите во интеграциските процеси, индиректно ни се блокира привлекувањето на други инвеститори и инвестиции. Но, ние не сме обесхрабрени. Веруваме дека наскоро со нашиот сосед ќе најдеме решение кое ќе ни ја обезбеди европската и евроатлантската иднина, а со тоа и благосостојба за нашите граѓани. Ние сме подготвени за тоа“, рече Иванов. Во своето обраќање посветено на Милениумските развојни цели, Иванов говореше за достигнувањата што земјата ги има направено во овој домен, особено во однос нa  здравствениот и образовниот систем, борбата против сиромаштијата, заштитата на ранливите групи граѓани, како и заштитата на животната средина. /крај/со/ач

Македонија

Демократски сојуз: Езерото Треска е на скопјани

Објавено пред

Демократскиот сојуз бара Советот на Град Скопје и градоначалникот на Скопје да ги преземат сите законски мерки за да спречат Езерото Треска да се одземе од граѓаните на Скопје. Од партијата велат дека езерото е градено со самопридонес на граѓаните на Скопје и никој друг нема право да располага со него.

„Воедно ја повикуваме и Владата да ги активира државните институции за да спречат уништување на езерото и претворање на истото во градилиште и профит на урбаната мафија. Независно какви сè постапки се спроведени, граѓаните на Скопје на референдум одлучија да се гради, за тоа платија и никој друг на смее локацијата да ја пренамени и да ги лиши граѓаните од рекреативен центар толку потребен на сите“, соопшти ДС.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нови интерактивни табли во битолските основни и средни училишта

Објавено пред

Во текот на вчерашниот и денешниот ден, во дел од основните и средните училишта во општина Битола комплетно беа поставени нови 10 интерактивни табли, за осовременување на наставниот процес.

Со средства од Општина Битола во вредност од над 630.000 денари ,интерактивни табли заедно со проектори, добија основните училишта „Александар Турунџев“, „Елпида Караманди“, „Крсте Петков Мисирков“, „Стив Наумов“, „Трифун Пановски“ и „Кирил и Методиј“, како и средните општински училишта „Ѓорѓи Наумов“, „Д-р Јован Калаузи“ и „Јане Сандански“.

Со овие интерактивни табли значително се подобруваат условите за квалитетна настава, се унапредува квалитетот, практичноста и видеокомуникацијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Фити: Реформите не смеат да се одложуваат

Објавено пред

Реформата на основното образование треба да почне со радикално преиспитување на наставните содржини по одделни предмети и од нив треба да се исфрли сè што е несуштинско и да се фокусираат на битните, трајните работи, рече академик Таки Фити по денешната дебата на членовите на Одделението за општествени науки на МАНУ и на Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ со претставници на МОН, Бирото за развој на образованието и на работната група што ја изготви концепцијата за основно образование.

„Не можеме да ги отфрлиме фактите. Учениците мора да знаат факти, бидејќи науката се гради со факти, но тоа не е куп на факти, туку факти коишто се меѓу себе поврзани, причинско-последичните врски, критичко размислување во логична и конзистентна целина. Без тоа не можеме. Поврзување на работите, односно имплементирање на она што во тие национални стандарди, како што ги вика стратегијата, е означено како претприемништво. Но, не претприeмништвото како предмет, претприемништвото како филозофија на размислување и на однесување. Гледање на можности, откривање можности, искористување можности. Од најмали нозе тоа треба да се прави“, рече академик Фити.

Фити посочи дека сите се согласиле дека реформите во основното образование се императив.

„Реформите не смеат да се одложуваат затоа што многу лошо стоиме и во поглед на длабочината на знаењата и во поглед на опсегот, значи и во поглед на квантитетот и квалитетот на знаења на нашите основци, споредени со оние на нивните врсници во високоразвиените земји, членки на ОЕЦД, и тука постојат факти, постојат меѓународни мерења коишто тоа апсолутно го потврдуваат и тој јаз има тенденција да се проширува. Затоа со реформи треба веднаш да се почне“, посочи академик Фити.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 час

(Видео) Џонсон со предупредување: Новиот вид коронавирус посмртоносен од претходниот

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва предупреди дека според најновите податоци новиот вид на Ковид-19 може да биде посмртоносен од другите...

Регион12 часа

Вучиќ: Ќе се обидеме да направиме фабрика за вакцини во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека ќе се обидат да направат фабрика за вакцини во Србија. Како што се наведува...

Свет13 часа

Уште една компанија ја намалува испораката на вакцина за ЕУ

Компанијата „Астра зенека“ соопшти дека почетните испораки на вакцината против коронавирус за земјите на ЕУ ќе бидат помали од предвиденото....

Македонија15 часа

Нови 307 заболени и 14 починати од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.854 тестирања, а регистрирани се 307 нови случаи на...

Свет15 часа

Илјада луѓе во Шведска примиле вакцина што се транспортирала на прениска температура

Околу илјада луѓе во Шведска примиле вакцина на „Модерна“ која се чувала на погрешна температура за време на транспортот, објави...

Економија17 часа

Повеќето од службениците вработени по Рамковниот ќе бидат прераспределени во МВР и УЈП

Првиот вицепремиер Артан Груби соопшти дека 1.349 службеници вработени по Охридскиот рамковен договор до крајот на јануари ќе почнат со...

Европа18 часа

ЕК бара објаснување од „Фајзер“ за доцнењето на вакцините

Европската комисија ќе побара објаснување од американската компанија „Фајзер“ за причините поради кои повторно се одложува испораката на вакцини против...

Македонија19 часа

Обвинителството незадоволно од условната казна за поранешниот советник на Чулев

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е незадоволно од условната казна за Зоран Ѓорѓевски, кој беше вработен...

Македонија20 часа

Филипче: Спремни сме да ги примиме вакцините од Србија

Министерот за здравство, Венко Филипче, пред денешниот разговор за вакцините од Србија вели дека не постојат пречки ковид-вакцините да пристигнат...

Топ21 час

(Видео) Пресечен меѓународен канал за дрога, запленети 40 килограми марихуана

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, заедно со Одделот за специјални полициски...

Македонија21 час

Општина Центар додели 400.000 денари помош за Петриња и Сисак

Советот на Општина Центар додели парична помош во висина од 400.000 денари на градовите Петриња и Сисак во Хрватска. „По...

Македонија21 час

Заев и Спасовски земаат највисоки плати во Владата

Премиерот Зоран Заев зема највисока плата од 87.813 денари, а министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е втор на списокот...

Македонија21 час

Царовска на средба со МАНУ: Реформите во образованието се неопходни ако сакаме подобри резултати

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и членовите на работната група денес ги продолжуваат дебатите за предложените...

Регион22 часа

Мира Фурлан починала од западнонилска треска

Познатата актерка Мира Фурлан починала од вирусот на западнонилската треска, пишуваат хрватските медиуми. Актерката неколку месеци се борела со болеста...

Европа22 часа

Урсула фон дер Лаен: ЕУ ќе мора што побргу да обезбеди вакцини за Западен Балкан

Европската Унија со посебен механизам ќе обезбеди вакцини против коронавирусот за Западен Балкан што е можно побргу, рече претседателката на...

Свет23 часа

Уапсени двајца соработници на Навални затоа што повикувале на протести

Русија уапси двајца соработници на затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, и се закани дека ќе ги тужи другите поради...

Европа23 часа

ЕУ воведува темноцрвени зони на епидемиолошката карта на Европа

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, најави воведување нова ознака на епидемиолошката карта на Европа, темноцрвена зона, од...

Свет24 часа

Бајден бара петгодишно продолжување на договорот за контрола на нуклеарното оружје со Русија

Претседателот на САД, Џо Бајден, ќе побара петгодишно продолжување на договорот за контрола на нуклеарното оружје „Нов СТАРТ“ со Русија,...

Свет1 ден

(Видео) Бајден: Ќе ги поместиме небото и земјата за да вакцинираме што е можно повеќе луѓе

Новиот американски претседател Џо Бајден ѝ се обрати на американската јавност по повод презентацијата на планот за борба против пандемијата...

Европа1 ден

Холандија воведува полициски час, луѓето веќе смислуваат начини како да го избегнат

Предлогот на холандската влада да воведе полициски час, прв по Втората светска војна, помина во парламентот, пренесува АФП. #BREAKING Dutch...

Досие