Македонија
Кредитите ќе бидат заменети со стипендии
Поради невраќањето на студентските кредити министерот Никола Тодоров најави укинување на кредитите и нивна замена со стипендии со цел да се надмине овој проблем.
Поради невраќањето на студентските кредити министерот Никола Тодоров најави укинување на кредитите и нивна замена со стипендии со цел да се надмине овој проблем.
„Студентските кредити се проблем што се влече уште од 1995. година и како резултат на тоа се провлекува една сериозна сума која не може да биде наплатена, станува збор за сума од милијарда денари. Тоа е политички трошок што никој министер претходно не сака да го плати бидејќи се плаши дека ќе се соочи со студентите“, изјави Тодоров
Тој најави сосема нов концепт, во кој што ќе бидат изоставени студентските кредити како категорија и ќе бидат заменети со еден друг инструмент, како повеќе типови на стипендии.
Денеска беа промовирани нови 20 стручни книги и учебници од проектот „Превод на 1.000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а се од областа на правото во Франција и Германија“.
„Стигнавме до 393 книги кои се дистрибуирани, ова е од голема помош за учениците и професорите и за целата научна јавност добиваме еден нов терк на учење во образованието“, изјави премиерот Никола Груевски.
Тој додаде дека социјално загрозените лица ќе добиваат дополнителни илјада денари доколку нивните деца одат на училиште како стимул за оваа категорија граѓани. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.